Author: Author 04

Вчера во 14:41 часот во СВР Битола е пријавено дека на локален пат за с.Русјаци, општина Македонски Брод, патничко возило „цитроен“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од К.С.С.(41) од Кичево, излетало од коловозот и се превртело. -Од здобиените повреди, на местото на несреќата починала 41-годишната К.С.С.. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на почината е дадено на обдукција. Со телесни повреди се здобиле сопатниците С.С.(69), М.С.(62) и шестгодишно дете, сите од Кичево, констатирани во Општа болница Прилеп, информира МВР. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.

Повеќе

Утрово во 04:50 часот во ОВР Крива Паланка е пријавено дека на магистралниот пат Граничен премин Деве Баир – Крива Паланка, во атар на с.Узем, кривопаланечко, товарно возило „сканиа” со косовски национални ознаки, управувано од Н.Х.(56) од Косово, излетало од патот и паднало во провалија. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот Н.Х., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција. 

Повеќе

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, заедно со Општинската организација на Црвениот крст – Центар и Сојузот на пензионери на Општина Центар, доделија хуманитарни пакети со прехранбени производи на пензионерите со ниски примања кои живеат во општината. Оваа акција е дел од континуираните заложби за поддршка на највозрасните граѓани и обезбедување помош таму каде што е најпотребна. „Наша должност е да бидеме тука за нашите сограѓани на кои им е потребна поддршка. Оваа пракса на доделување помош ќе продолжи и во иднина, а соработката со Црвениот крст дополнително ќе ја зголемуваме преку нови проекти и услуги, ставајќи го интересот на…

Повеќе

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција потенцираше дека владата на ВМРО-ДПМНЕ нема одговор за проблемите со кои граѓаните се соочуваат граѓаните и затоа постојано прави дефокус. Нема пари зголемување на минимална плата од 600 евра, а под маса си делат тендери. „Стандардот на граѓаните опаѓа секој ден, а власта не презема ништо. Нема одговор за дупката од 2 милијарди евра, нема одговор за минимална плата од 600тини евра, нема одговор за катастрофата во економијата. Објавуваат лага на Жан Митрев на Алфта ТВ, нов фабрикуван случај „рекет“ а под маса си делат тендери. 161 тендер за една фирма, 51 тендер за фирма преку општините, 1,2…

Повеќе

Во МВР пристигнуваат пријави од граѓани за добиенa електронска порака наводно во име на директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, во која се даваат насоки за 24 часа да се оди до полициска станица или да се испрати повратен емаил бидејќи наводно примачот на пораката е предмет на кривични истраги за низа измислени кривични дела, кои ги нема сторено, како детска порнографија, педофилија и трговија со дрога. Целта е примачот на пораката да се регистрира преку мејл и да ги даде неговите лични податоци. МВР ги известува граѓаните дека станува збор за лажна порака која не е испратена…

Повеќе

Изминатите два дена (19/20.01.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1026 издадени платни налози, 150 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле пет лица, сите за возење под дејство на алкохол. Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, во текот на изминатите два дена евидентирани се 199 прекршоци за неправилно паркирање, 116 мерки се изречени за возачи што управувале возило без возачка…

Повеќе

Просечната месечна исплатена нето-плата во Македонија за ноември 2025 година изнесувала 45.961 денар, што претставува пораст од 9,4% во споредба со истиот месец претходната година, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Најголем скок на платите е забележан во секторот административни и помошни дејности, каде примањата пораснале за дури 16,5%. Потоа следуваат здравството и социјалната заштита со раст од 11,1%, како и трговијата со 10,9%. Статистичарите забележуваат благ пораст и во однос на октомври истата година, при што платите во јавната управа и одбраната пораснале за 3,5% за само еден месец. Просечната бруто-плата за ноември, пак, изнесувала 69.141 денар.

Повеќе

Собраниската Комисија за одбрана и безбедност денеска даде зелено светло за продолжување на кризната состојба во општина Гази Баба, поточно во реонот на Казнено-поправната установа „Идризово“. Според предлог-одлуката, безбедносните сили ќе останат на терен најмалку до 30 јуни 2026 година. Целта на оваа мерка, која првично беше воведена во 2024 година, е спречување на безбедносни закани и зајакнување на обезбедувањето на затворот. Со одлуката се овозможува континуиран ангажман на припадниците на Армијата и МВР, кои ќе продолжат со активностите за заштита и чување на овој специфичен реон. Управувачкиот комитет за управување со кризи соопшти дека состојбата редовно се следи и…

Повеќе

Од утре до сабота времето ќе биде променливо облачно со постепен пораст на дневната температура. Во одделни котлини се очекува појава на магла, особено во утринските часови, соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Од сабота кон крајот на денот, а особено в недела, се најавуваат локални врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни. На планините и на некои повисоки подрачја врнежите ќе бидат од снег. Минималните утрински температури ќе се движат во интервал од -5 до 0 Целзиусови степени, а максималните дневни ќе достигнат од 1 до 7 степени.

Повеќе

Пратениците денеска ја прифатија потребата од измени на Законот за внатрешни работи и Законот за полиција, со кои Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје се трансформира во Оддел за внатрешни работи – Скопје. Со оваа промена, најголемата полициска единица во државата добива повисок организациски статус и нова позиција – началник на Оддел. Според предлагачите, целта е поголема ефикасност и подобра координација во Скопје, кој поради својата специфичност бара поинаков модел на управување со ресурсите. Ова решение го следи моделот од минатото кога раководителот во Скопје имал повисока позиција во однос на останатите сектори низ државата. Иако законите поминаа по скратена…

Повеќе