Author: Author 04

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска соопшти дека клучните сообраќајни точки на влезот во главниот град добија ново, модерно осветлување. Со осветлувањето на натпатниците „Дијамант“ и „Маџари“, Град Скопје цели кон подобра видливост и зголемена безбедност за сите возачи и пешаци.Влезот на Скопје мора да биде достоинствен, уреден и безбеден, истакна Ѓоѓиевски. „Со цел подобра видливост и поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот, осветлени се натпатниците „Дијамант“ и „Маџари“, клучни точки на влезот во главниот град. Со оваа интервенција, покрај зголемената безбедност, се обезбедува и поуреден, модерен и естетски изглед, достоен за градот што ги пречекува своите граѓани и…

Повеќе

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Е.А.(41) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „полово вознемирување“. Пријавениот подолг временски период преку социјални мрежи и апликации упатувал закани и непристојни понуди кон две женски лица. 

Повеќе

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) алармира за нагло ширење на грипот во Македонија. Само во втората недела од јануари се регистрирани дури 2.322 нови случаи, што е пораст од речиси 35% во споредба со претходната недела. Бројките се за загрижувачки 40% повисоки од просекот во последните 15 години. За жал, регистриран е и првиот смртен случај поврзан со грип оваа сезона – станува збор за 75-годишна скопјанка со претходни здравствени проблеми, која не била вакцинирана. Вирусот моментално е во фаза на „средна активност“, а најмногу заболени има во Скопје, Тетово и Куманово. Сепак, епидемиолозите предупредуваат дека вистинскиот врв на сезоната…

Повеќе

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје упати нов апел до студентите и повозрасните граѓани кои користат бесплатен јавен превоз, потсетувајќи ги на обврската за продолжување на годишните билети за 2026 година. Рокот за заверка на студентскиот билет е продолжен до 20 јануари. До овој датум контролорите нема да изрекуваат казни, но по овој термин индексот или потврдата нема да се признаваат како документ за превоз. Потребни се потврда за редовен студент, индекс на увид и лична карта. На бруцошите од генерацијата 2025/2026 билетот им важи автоматски. Заверката за бесплатниот превоз за оваа категорија мора да се изврши до 31 јануари. Доколку…

Повеќе

Општина Гази Баба продолжува со силната офанзива за воведување ред во градежништвото. Градоначалникот Бобан Стефковски информираше дека во населбата Јурумлери на улица „9“ е отстранета дивоградба по претходно донесено решение од страна на општинскиот инспекторат. Овојпат, сопственикот на објектот постапил по наредбата на инспекцијата и самиот ја отстранил дивоградбата, избегнувајќи присилна интервенција. „Ставаме ред и почитување на Законот за градење. Инспекциските служби континуирано се на терен и постапуваат таму каде што има неправилности. Нема да дозволиме диво градење и непочитување на прописите“, дециден е Стефковски.

Повеќе

В во 20:20 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа М.А.(30), С.Ш.(30), Р.К.(21), 16-годишник, сите од Скопје и М.Ј.(20) од Италија затоа што, по претходно недоразбирање во сообраќајот, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Повеќе

Вчера во 22:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.А.(51) од скопско, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 63-годишна партнерка, при што употребил остар предмет и ѝ нанел повреда. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Повеќе

Вчера во 16:55 часот во СВР Скопје, Н.Р.(58) од Скопје, возач во ЈСП Скопје, пријави дека откако застанал во близина на автобуска постојка на подрачјето на општина Аеродром, во автобус, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Вчера во СВР Скопје, 54-годишна жена од скопско село пријави дека била измамена од едно лице за сума од 95.400 денари. Според пријавеното, во текот на изминатата година таа во неколку наврати му ги исплатила парите бидејќи тој и рекол дека може да и помогне да купи стан во Скопје и да ја вработи нејзината ќерка како цариник. Како што е пријавено, после некое време тој престанал да одговара на нејзините телефонски повици, по што сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Повеќе

Вчера во 17:00 часот во СВР Скопје, од Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје е пријавено дека околу 16:40 часот во авион кој слетал од Германија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Г.Ф.(49) од Германија и 45-годишната Г.Ф. од Скопје од една страна и Ш.С.(38) од с.Лопате, кумановско, од друга страна. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Повеќе