- Имаат осум заеднички квалитети: Какви се луѓето родени во ноември?
- Две години ја следел и вознемирувал: Кривична пријава за 40-годишен маж
- Голема излезност на изборите во САД: Над 43 милиони Американци гласаа пред изборниот ден
- Трамп: Не сакам да убијам многу луѓе во Иран по меѓуизборите во САД
- Хоџа – Палминтери: Продлабочување на партнерството со Италија во областа на животната средина
- Малолетник со родител повикан во полициска станица, тепал 18-годишник
- Ѓорѓиевски: Ќе градиме две нови училишта во Ѓорче Петров и Драчево
- Жерновски: Алта банка е дел од бизнис шемата на Мицкоски и Вучиќ, a граѓаните ги плаќаат последиците
Author: Author 04
Вчера во 12:35 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода Д.Л.(25) од Радовиш. Врз основа на судска наредба извршен е претрес во неговиот дом, при што се пронајдени повеќе различни пакувања со марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана. Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш. По документирање на случајот следува соодветна пријава.
Вчера во 20:10 часот, полициски службеници од Полициското одделение Ростуше го лишија од слобода А.Ј.(49) од село Присојница, општина Маврово и Ростуше, поради сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“ по член 357 од Кривичниот законик. Според пријавеното од Н.А. од село Калиште, општина Врапчиште, А.Ј. – вработен во Основен суд Гостивар, го контактирал неговиот пријател С.М. од Гостивар и му понудил за сума од 100 евра да избрише судска казна од 200 евра и забрана за управување со возило од шест месеци, тврдејќи дека документите пристигнале кај него за извршување и дека може да му заврши работа. Како што…
Бројот на жртви во страотниот пожар што го проголта огромниот трговски центар во Карачи се искачи на 23 лица, додека полицијата сè уште трага по најмалку 46 исчезнати. Огнената стихија во објектот со над 1.200 продавници беснееше повеќе од 24 часа пред пожарникарите да успеат целосно да ја стават под контрола. Ситуацијата на терен е застрашувачка – најголемиот дел од зградата е урнат, а спасувачките екипи со кранови ги отстрануваат урнатините од страв дека остатокот од структурата ќе пропадне. Полицијата соопшти дека досега се идентификувани само шест жртви, додека за останатите ќе биде потребно ДНК тестирање бидејќи телата се изгорени…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Б.Р.(60) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“ и „загрозување на сигурностa”. Тој на ден 06.12.2025 во дом во Делчево, по кратка расправија, под дејство на алкохол со нож упатил закани кон родителите на жената со која живеел.
Вчера во 16:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Р.(26) од Куманово. Тој се сомничи дека во изминатиот период од седум патнички моторни возила во Куманово одзел повеќе предмети. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава
Вчера во 13:10 часот во Полициското одделение Попова Шапка, А.Д. од Скопје пријавил дека на скијачката патека, неговата малолетна ќерка и нејзината другарка се судриле со метална санка, управувана од друго дете, кое било во придружба на родител. Во судирот со тешки телесни повреди се здобила малолетната Ј.Е., констатирани во Клиничка болница Тетово.
Реката Пчиња кај селото Драгоманце денеска беше место на голема празнична радост. Средношколецот Матеј Стојановски од селото Младо Нагоричане е најсреќниот меѓу триесетина верници кои скокнаа во студените води по чесниот крст. За својата храброст и среќа, Матеј беше награден со пригодни подароци од Општина Старо Нагоричане. Младиот Стојановски, кој со гордост го извади крстот, стана симбол на продолжување на вековната традиција во овој крај.
Општина Илинден и оваа година традиционално го одбележа големиот христијански празник Богојавление – Водици. Во водите на езерото кај хотелот „Белви“, меѓу 70 пријавени учесници, најбрз до светиот крст беше Марио Димитријевски. За Димитријевски ова е шести пат како успева прв да стигне до чесниот крст, што е вистински рекорд за оваа манифестација. Чинот на осветување на водите го водеше епископот Дељадровско-илинденски, г. Јоаким, во присуство на голем број верници. Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, му упати честитки на Марио, доделувајќи му пригоден подарок во име на локалната самоуправа. Поддршката со подароци беше дополнета и од јавните претпријатија, како…
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, упати порака по повод празникот Водици.„Бог се јави! Денешниот ден е длабоко значаен и величествен“, посочи Ѓорѓиевски. „Ден кога го славиме Богојавление, светото крштевање на Господ Исус Христос, една од најсветите тајни на Христијанството, симбол на духовно раѓање, вера и прочистување на човековата душа. Овој празник за мене има и посебна лична тежина, бидејќи денес го одбележувам и мојот именден, што го прави чувството уште посилно и поблагодарно. Масовноста, сплотеноста и заедништвото на мојот народ, кои денес јасно ги сведочиме, се силен доказ дека нашата вера, традиција и духовни вредности живеат и се пренесуваат…
Вчера во 18:17 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на кеј „9 Септември“ во Прилеп, патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од П.С. (63) од Прилеп, удрило во паркирано патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, паркирано од О.М.(50) од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил П.С., констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.
