Author: Author 04

Општина Центар ги повикува учениците од општинските основни училишта да аплицираат за стипендии во три категории: спорт, култура и науки, техника, посебни вештини. Како што соопшти Општина Центар, стипендиите изнесуваат од 2.500 до 3.500 денари месечно во зависност од категоријата за која аплицираат, во текот на осум месеци од тековната учебна 2025/2026. -Општина Центар и годинава инвестира во младите, во нивната креативност, знаење и спортски дух. Нивните постигнувања се афирмација не само за нашата локална самоуправа туку и за целата држава, рече градоначалникот Горан Герасимовски. Секој ученик може да аплицира само во една категорија. Потребно е да се достави потврда…

Повеќе

Основниот кривичен суд Скопје ја прогласи за виновна поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова за кривичното дело злоупотреба на службена положба и овластување и ја осуди на казна затвор од две години. Димова треба да плати и судски паушал од 10 илјади денари и да ги покрие судските трошоци, како и во рок од шест месеци треба да ја надомести и штетата од 22,7 милиони денари на Националната агенција. Судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, ги ослободи Димова за делото измама, како и третообвинетата Ана Павлиду за „несовесно работење во службата“. Димова со нестручно и…

Повеќе

Во ОВР – Кавадарци денеска е извршен службен разговор со М.Б., 35-годишен кавадарчанец, постапувајќи по претходна пријава од неговата 36-годишна сопруга, дека во семејниот дом, физички ја нападнал и ѝ се заканувал со остар предмет и дека во нејзиното возило поставил ГПС локатор. За ова попладнево информираа од Секторот за внатрешни работи – Велес. Локаторот бил одземен, а на М.Б. му била изречена мерка – забрана за приближување.

Повеќе

Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова се огласи на Фејсбук по повод грозоморното двојно убиство и самоубиство кои го завија Велес во црно изминатите неколку денови. „Предложив на 1-ви април да превенираме, за никогаш повеќе да не санираме штети кои се ненадоместливи. Кога зборував, молчеа. Молчеа и без аргументи го отфрлија предлогот за електронска нараквица за превенција на жртвите од насилство. Дали денес мирно спиете сите 102 што пратеника што не дадовте поддршка?!? Доволно е“, пишува во својата објава на социјалната мрежа Фејсбук. На седницата во Собранието, одржана на 1 април, ЛДП поднесе предлог…

Повеќе

Владата преку Министерството за транспорт реализира сет мерки за подобрување на инфраструктурта во општините со што ја подигнува безбедноста во сообраќајот и го унапредува квалитетот на живот. Во меѓувреме креираме и нов Правилник за проектирање и изградба на велосипедска инфраструктура во општините, истакна потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на конференцијата посветена на подобрување на урабниот транспорт. “Министерството за транспорт се приклучува кон најголемата европска кампања за подигање на свеста за одржлив транспорт и подобрување на квалитетот на живот во градовите, со што ја потврдуваме нашата посветеност да се движиме во ист правец со најдобрите европски практики.…

Повеќе

Два украински дрона го нападнаа рафинерискиот и петрохемиски комплекс „Газпром Нефтехим Салават“ во републиката Башкортостан, кој е еден од најголемите во Русија, напиша шефот на републиката, Радиј Хабиров, на апликацијата Телеграм. -Го проценуваме обемот на штетата. Моментално го гасиме пожарот. Сите (служби за итни случаи) се на лице место, рече Хабиров. Тој рече дека нема повредени и дека безбедносните сили на комплексот отвориле оган врз дроновите. Во меѓувреме, украинските вооружени сили соопштија дека синоќа нападнале рафинерија за нафта во рускиот Волгоградски регион. Во објава на каналот Телеграм на украинските специјални сили се наведуваат прелиминарни информации дека рафинеријата за нафта престанала…

Повеќе

Во штипскиот Основен суд денеска требаше да започне судењето на 43 годишниот родител, кој физичка нападна двајца малолетни фудбалери на натпреварот меѓу „Шкупи“ и „Брегалница“, но се одложи, бидејќи неговиот бранител побара судот да му обезбеди превод на албански јазик на обвинителниот предлог, но и симултан превод во текот на судскиот процес. Судскиот процес продолжува на 29 септември. Основното јавно обвинителство во Штип, покрена и обвинителен предлог против 43 годишниот родител, за кривично дело-Насилство, што се случи на игралиштето „Бело Брдо” на 24 август. Инцидентот се случи во 89 минута од натпреварот, кога судијата поради прекршок доделил втор жолт картон…

Повеќе

Општина Гостивар е една од општините избрани за спроведување на проектот за обезбедување бесплатен интернет на јавни простори, соопштуваат од општинската служба за информирање. Одлуката дојде по учеството на повик на WiFi4WB (Wi-Fi за Западен Балкан) – иницијатива која обезбедува бесплатен и брз интернет во јавните простори. – Нашите граѓани ќе имаат можност да се поврзат полесно, побрзо и без трошоци, придобивајќи од оваа иновација која ја зајакнува нашата врска со дигиталниот свет, се наведува во соопштението од информативната служба на општина Гостивар. Оваа иницијатива се спроведува преку програмата EU4 Digital Action, која е поддржана од Европската Унија и Германското…

Повеќе

Потврдени се листите со кандидати за советници и за градоначалник на Општина Кочани за локалните избори што ќе се одржат на 19 октомври, соопшти претседателот на ОИК, Билјана Димовска Гичева. Ова значи дека кочанчани пред себе ќе имаат избор како никогаш до сега од осамостојувањето – шест кандидати за градоначалник и девет листи со кандидати за советници. Д – р Влатко Грозданов, како надпартиски кандидат, доби поиддршка за градоначалник од редовите на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата, Игор Христов на СДСМ и нивната коалиција. Даниел Глигоров е кандидиран од партијата Единствена Македонија, а Жаклина Филипова Свеќароска на Левица. Зоран Тодоров…

Повеќе

Во вториот квартал од годинава продадени се помалку станови од првиот квартал од годинава. Податоците што ги објави Агенцијата за катастар на недвижности за периодот од 1 април до 30 мај покажуваат дека во овој период продадени се 676 новоизградени станови од инвеститор, што е за 178 станови помалку во споредба со првиот квартал од годинава. Во фаза на градба се 25.354 станови коишто се очекува да се најдат на пазарот на недвижности. Најголем број продадени станови, според Регистарот на цени и закупини на недвижности, има во општина Аеродром каде во вториот квартал се продадени 164 стана, а најголем број…

Повеќе