Author: Author 04

Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи. Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.

Повеќе

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, на денешниот брифинг со новинарите потврди дека утрешната собраниска седница ќе се одржи паралелно со протестот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Иако влезовите за возила ќе бидат блокирани, Гаши очекува пратениците да најдат начин да стигнат до своите работни места. „Се договоривме дека треба да продолжиме да работиме, а исто така ќе го почитуваме правото на протест. Не верувам дека некој пратеник нема да дојде пеш“, изјави Гаши. Тој нагласи дека нема да има дополнително обезбедување на објектот, туку МВР ќе ги спроведува редовните безбедносни протоколи. Во однос на барањата за зголемување на…

Повеќе

Вчера во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина, информираа од МВР. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка.

Повеќе

Познатиот македонски пејач Даниел Кајмакоски (43) поминал низ вистински пекол викендов во Србија. По неговиот настап во популарната „Бетон Хала“ во Белград, тој бил киднапиран од две лица кои по филмска потера со автомобил се забиле во банка во близина на Рума. Според деталите што ги објави новинарот Младен Мијатовиќ, киднаперите намерно предизвикале сообраќајна несреќа, по што го оставиле врзаниот Кајмакоски во остатоците од возилото и побегнале пеш. Пејачот во полиција изјавил дека напаѓачите зборувале на англиски и турски јазик и му се заканувале со пиштол.

Повеќе

Ноќеска во 04:15 часот на автопатот ,,Пријателство“, во правец од Скопје кон Куманово, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Сопот го лишија од слобода Н.С.(40) од Куманово. При вршење на мотопатролна дејност, полициските службеници запреле патничко возило „фиат браво“ со кумановски регистарски ознаки, кое тој го управувал и при извршен преглед во возилото, било констатирано дека превезувал 4 лица-мигранти, двајца од Непал и по еден од Индија и Пакистан. Н.С. е задржан во полициска станица, а мигрантите се пренесени во Транзитниот центар Табановце и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Вчера во 16:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локалниот пат с.Зајас-Теќе маало, 14-годишник од с.Горно Строгомиште, кичевско, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот. Во несреќата со повреди се здобил возачот и неговиот 14-годишен сопатник од с.Зајас, кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител, четирициклот е одземен.

Повеќе

Импровизираниот меморијален центар во Кран Монтана, поставен во спомен на 41 жртва од страотниот пожар во клубот „Ле Констелејшн“, денеска и самиот исчезна во пламен. Големиот шатор каде граѓаните оддаваа почит на настраданите, според пожарникарите, пламнал од запалените свеќи оставени од посетителите. Иако огнот за кратко време збришал сè, пожарникарите успеале да ја спасат само книгата на сочувство, во која илјадници луѓе ги запишуваа своите последни пораки до жртвите, од кои половината беа малолетници. Инцидентот доаѓа во исклучително чувствителен момент, само два дена пред почетокот на судскиот процес против сопствениците на клубот.

Повеќе

Во Хаг денеска започна изнесувањето на завршните зборови во случајот против Хашим Тачи и неговите најблиски соработници. Додека обвинителството инсистира на максимална казна од 45 години затвор, тврдејќи дека Тачи водел насилна кампања за преземање на власта, одбраната на поранешниот претседател останува на ставот дека тој немал реална команда над локалните воени водачи. Клучни детали од обвинението: -Над 100 убиства и стотици злоупотребени лица. -Околу 50 импровизирани логори низ Косово. -Елиминација на наводни „соработници“ на српските сили и политички ривали. Одбраната на Тачи ќе ги даде своите завршни зборови во среда, обидувајќи се да докаже дека структурата на ОВК била…

Повеќе

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска упати остри обвинувања до поранешниот премиер Зоран Заев и лидерот на СДСМ, Венко Филипче, тврдејќи дека се директно вплетени во случаите со запленетата марихуана. Според Петрушевски, паничните реакции на Заев на социјалните мрежи се јасен доказ дека тој се чувствува „разоткриен“. „Факт е дека околу 70 проценти од запленетата дрога деновиве е на фирма во сопственост на луѓе блиски до Заев. Станува збор за Тони Котев (М’гчев), поранешен претседател на СДС во Ново Село, кој тесно соработува со Вице Заев. Владата на СДС креираше правила по своја мерка за да доделува бизниси на свои…

Повеќе

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска изнесе тешки обвинувања за работењето на згаснатото Специјално јавно обвинителство, повикувајќи се на сведоштвата на поранешната обвинителка Лејла Кадриу. Според Манасиевски, СЈО наместо институција на правдата, било „партиски штаб на СДС“ каде се кроеле политички прогони. „Сведоштвата на Кадриу потврдуваат дека Зоран Заев, Радмила Шекеринска и советници на Оливер Спасовски биле најчести гости кај Катица Јанева. Тие носеле ‘бомби’ напишани на ливчиња, без записници, а обвинителите Ристоска и Бубевски противзаконски ги преземале. Овие ‘специјални гости’ диктирале кој да биде гонет, а кој изземен од истрагите“, истакна Манасиевски. Тој додаде дека Катица…

Повеќе