- Жичницата на Водно денеска нема да биде во функција – не е безбедно
- Повторно напад во Центарот за социјални работи: Две лица насилно влегле во канцеларија и нападнале вработена
- Кузеска: Разоткриено е сценариото ВМРО-ДУИ, Обвинителството се заплетка со притворот за Груби
- Што се случува со температурите во Европа: На југ измерени 28°C, додека на север -26°C
- ЗНАМ: Али, Зоки, Венко – Правдата ќе ве стигне
- Хрватскиот министер за надворешни работи во посета на Македонија
- Сведочи придружниот вокал на ДНК: Имаше луѓе над мене, сцената беше како хорор филм
- Британија воведува нови правила, без овој документ нема влез во земјата
Author: Author 04
Нашиот пат кон Европската Унија е повеќе од хармонизација на закони – тоа е создавање институции кои работат по европски стандарди, порача премиерот Христијан Мицкоски на почетокот од денешниот настан, генерички обуки за административни службеници – „Инвестицијата во административните службеници е инвестиција во иднината на јавниот сектор“, што се одржува во Скопје. -Денес сме собрани со исклучително важна цел – да потврдиме дека реформите не се само зборови во програма, туку дела што се гледаат и чувствуваат. Нема модерна држава без модерна администрација. Нема напредна економија без функционален јавен сектор. Нема доверба во институциите без професионални, одговорни и мотивирани службеници.…
Вчера во 18:30 часот на ул.„8 Септември” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија до слобода В.Г.(19) од Битола. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници запреле патничко возило „сеат”со битолски регистарски ознаки, управувано од В.Г., при што е констатирано дека го управувал со брзина од 104 километри на час во населено место каде што брзината е ограничена на 50 километри на час. По документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава по чл.297-а – ,,безобѕирно управување на моторно возило”.
Вчера во 17:30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода двајца малолетници на возраст од 12 години и еден 14-годишник, сите од Скопје. Околу 17.00 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар тие одзеле пари и побегнале, но набргу биле пристигнати од двајца вработени во објектот. Притоа, еден од малолетниците им се заканил и се обидел да ги нападне со остар предмет. Парите и остриот предмет се пронајдени, а малолетниците се задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На граничниот премин Стење со Албанија, царинските службеници во соработка со гранична полиција спречија обид за криумчарење на златен накит со вкупна вредност од 346 илјади денари. Против сторителот до надлежното Јавно обвинителство, поднесена е кривична пријава за сторено кривично дело – криумчарење, казниво по Кривичниот законик, информираат од Царинската управа (ЦУ). Сторителот, македонски државјанин, како што велат, се обидел нелегално да ја внесе стоката, без да ја пријави кај надлежниот царински орган. -Поради сомневање, царинските службеници извршиле детална контрола на возилото со кое патувал, при што во куферот, меѓу личните предмети, биле пронајдени пет златни белегзии спакувани во кутии…
Завчера во 14:00 часот на наплатна станица „Преод“ на автопатот Скопје-Штип, полициски службеници од ОВР Свети Николе и ОВР Кочани ги лишија од слобода А.М.(26) и Б.Д.(25), двајцата од Кочани.При преглед кај нив и во патничкото возило „сеат“ со винички регистарски ознаки, во кое се превезувале, пронајдени и одземени се бела грутчеста материја и пари во различни апоени.Известен е јавен обвинител и двајцата се изведенни пред судија на претходна постапка, кој им определи мерка притвор од 30 дена, по што се спроведени во Казнено – поправната установа Затвор Куманово за издржување на мерката.
Вчера во 19:30 часот на Граничен премин Табановце, полициски службеници ги лишија од слобода К.С.Г.(40) и Ј.С.(32), двајцата од Сојузна Република Германија. Претходно, при гранични проверки извршени се и контроли во нивните возила, при што во возилото кампер „фиат капрон“ со швајцарски национлани ознаки, кое го управувал К.С.Г., пронајдени и одземени се марихуана, 36 таблети, 189 капсули и дробилка. Додека, во возилото „фолксваген туран“ со германски национални ознаки, кое го управувал Ј.С., пронајдена и одземена е марихуана.Двајцата се спроведени и задржани во СВР Куманово и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Се забранува за пиење водата во Неготино поради присуство на мирис и вкус од непознато потекло во дел од улиците. За ова информираа претпладнево од неготинското комунално претпријатие, преку важно соопштение на нивната Фејсбук страница. – Поради проблем со присуство на мирис и вкус од непознато потекло во водата за пиење во делот од уличната мрежа на улиците „Индустриска“, „Маршал Тито“, „29 Ноември“, „11 Октомври“, „Никола Петров“, „Манчо Малиминов“, „Душан Јуруков“, „Димче Мирчев“, „Гоце Делчев“, „Питу Гули“, „Васка Калајџиска“ и ,,Антигона“, се забранува да се употребува водата за пиење, напишаа од Јавното претпријатие „Комуналец“. Притоа додадоа дека во соработка со…
Министерот без ресор задолжен за интеграција и имлементација на Стратегијата за инклузија на на Ромите 2022-2030, Шабан Салиу остварил средба со заменик-амбасадорот на Австрија, Матијас Хуменбергер. Соговорниците размениле мислења за унапредување на заедничката соработка и дефинирале можни конкретни чекори за реализација на иницијативи во областа на образованието и културата, со особен акцент на интеграцијата на Ромите. – Интеграцијата на Ромите не е само национален приоритет, туку и европска вредност. Затоа е значајно што Австрија, како наш партнер, покажува интерес за поддршка на иницијативи во областа на образованието и културата, кои ќе им отворат повеќе можности на младите и ќе го…
Државната изборна комисија, Државната комисија за спречување на корупцијата и Државниот завод за ревизија потпишаа Меморандум за соработка во пресрет на претстојните Локални избори.Со овој Меморандум трите институции ја зацврстуваат својата определба за непосредна соработка, координација и заемна помош при спроведување на одредбите за финансирање на изборната кампања, размена на информации и податоци, како и навремено постапување поутврдени неправилности.Посебен акцент е ставен на транспарентноста во финансирањето на изборната кампања преку редовна размена на финансиски извештаи, како и на заеднички активности за унапредување на почитувањето на изборната регулатива со цел спроведување слободни, фер и демократски избори.Меморандумот предвидува и меѓусебна соработка во…
Под контрола се уште се пожарите кај селото Трубарево и депонијата Дрисла, соопшти утринава Центарот за управување со кризи. Според ЦУК, на територија на цела држава изминатото деноноќие имало вкупно 25 пожари на отворен простор од кои активни се три пожари, а два под контрола. Активни се пожарите во село Виниче во општина Гази Баба, кај селото Петрово на Кожуф планина и кај селото Вражале во општина Зелениково.
