Author: Author 04

Се забранува за пиење водата во Неготино поради присуство на мирис и вкус од непознато потекло во дел од улиците. За ова информираа претпладнево од неготинското комунално претпријатие, преку важно соопштение на нивната Фејсбук страница. – Поради проблем со присуство на мирис и вкус од непознато потекло во водата за пиење во делот од уличната мрежа на улиците „Индустриска“, „Маршал Тито“, „29 Ноември“, „11 Октомври“, „Никола Петров“, „Манчо Малиминов“, „Душан Јуруков“, „Димче Мирчев“, „Гоце Делчев“, „Питу Гули“, „Васка Калајџиска“ и ,,Антигона“, се забранува да се употребува водата за пиење, напишаа од Јавното претпријатие „Комуналец“. Притоа додадоа дека во соработка со…

Повеќе

Министерот без ресор задолжен за интеграција и имлементација на Стратегијата за инклузија на на Ромите 2022-2030, Шабан Салиу остварил средба со заменик-амбасадорот на Австрија, Матијас Хуменбергер. Соговорниците размениле мислења за унапредување на заедничката соработка и дефинирале можни конкретни чекори за реализација на иницијативи во областа на образованието и културата, со особен акцент на интеграцијата на Ромите. – Интеграцијата на Ромите не е само национален приоритет, туку и европска вредност. Затоа е значајно што Австрија, како наш партнер, покажува интерес за поддршка на иницијативи во областа на образованието и културата, кои ќе им отворат повеќе можности на младите и ќе го…

Повеќе

Државната изборна комисија, Државната комисија за спречување на корупцијата и Државниот завод за ревизија потпишаа Меморандум за соработка во пресрет на претстојните Локални избори.Со овој Меморандум трите институции ја зацврстуваат својата определба за непосредна соработка, координација и заемна помош при спроведување на одредбите за финансирање на изборната кампања, размена на информации и податоци, како и навремено постапување поутврдени неправилности.Посебен акцент е ставен на транспарентноста во финансирањето на изборната кампања преку редовна размена на финансиски извештаи, како и на заеднички активности за унапредување на почитувањето на изборната регулатива со цел спроведување слободни, фер и демократски избори.Меморандумот предвидува и меѓусебна соработка во…

Повеќе

Под контрола се уште се пожарите кај селото Трубарево и депонијата Дрисла, соопшти утринава Центарот за управување со кризи. Според ЦУК, на територија на цела држава изминатото деноноќие имало вкупно 25 пожари на отворен простор од кои активни се три пожари, а два под контрола. Активни се пожарите во село Виниче во општина Гази Баба, кај селото Петрово на Кожуф планина и кај селото Вражале во општина Зелениково.

Повеќе

Двојното убиството во Велес е уште еден во низата трагични случаи во изминативе 15 месеци, а кои се доказ дека институциите на ВМРО-ДПМНЕ не успеваат да се справат со ситуацијата, не успеваат да го стават системот во функција да тој може да превенира и да ги штити граѓаните и за тоа мора да има одговорност, посочи заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова-Пановска, во емисијата 24 Анализа на телевизијата 24. Каранфилова-Пановска порача дека овие настани го оправдуваат барањето на СДСМ за политичка одговорност на министерот за внатрешни работи Тошковски. „Некој неработењето на институциите го платил со живот. Бараме политичка одговорност од министерот за…

Повеќе

Во емисијата 24 Анализа на истоимената телевизија гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, кој истакна дека пожарите не се случајност со оглед на тоа што директорот на Дрисла е од ДУИ и смета дека овие намерно предизвикани пожари се со цел да се предизвика страв и паника кај граѓаните и да одредени поединци постигнат политички ефект. „Во однос на пожарите и интензитетот по кој што се случуваат а последниот имаше и одредена видео снимка не би рекол дека пожарите се случајни, особено не пожарот во Дрисла, значи Дрисла е институција која има стандарди и норми на одлагање на…

Повеќе