Close Menu
Press24
    Најново

    Трамп од Анкара: Примирјето со Иран е завршено, тие се „џган“ и „лудаци“

    08.07.2026 во 12:11

    Скок од мост во поплава

    08.07.2026 во 12:06

    Иванов: Македонија станува клучна транспортна крстосница, интензивно се работи на автопатите и експресните патишта

    08.07.2026 во 11:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трамп од Анкара: Примирјето со Иран е завршено, тие се „џган“ и „лудаци“
    • Скок од мост во поплава
    • Иванов: Македонија станува клучна транспортна крстосница, интензивно се работи на автопатите и експресните патишта
    • Манасиевски: СДС, Левица и ДУИ нека се договорат меѓу себе што сакаат од Изборниот законик
    • Подгответе се за пресврти со времето: УХМР со временска најава до крај на неделата
    • МВР: Силна меѓународна соработка за побезбедна Македонија
    • Топлотен бран ја зафати Македонија: Температурата достигна 33 степени уште претпладне
    • Нови детали: Позната причината за смртта на студентката од Македонија во Солун
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Каранфилова Пановска: Тошковски мора да сноси одговорност за серијата трагични случаи во изминатите 15 месеци

    Каранфилова Пановска: Тошковски мора да сноси одговорност за серијата трагични случаи во изминатите 15 месеци

    18.09.2025 во 09:302 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Двојното убиството во Велес е уште еден во низата трагични случаи во изминативе 15 месеци, а кои се доказ дека институциите на ВМРО-ДПМНЕ не успеваат да се справат со ситуацијата, не успеваат да го стават системот во функција да тој може да превенира и да ги штити граѓаните и за тоа мора да има одговорност, посочи заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова-Пановска, во емисијата 24 Анализа на телевизијата 24. Каранфилова-Пановска порача дека овие настани го оправдуваат барањето на СДСМ за политичка одговорност на министерот за внатрешни работи Тошковски.

    „Некој неработењето на институциите го платил со живот. Бараме политичка одговорност од министерот за внатрешни работи Тошковски затоа што во низа во изминативе шест, седум месеци се редат настани во кои МВР е одговорно. ВМРО-ДПМНЕ покажува тенденција да ги игнорира проблемите, да ги става под тепих, да се труди да ги покрие со некакви други измислени политички манипулации.“, рече Каранфилова-Пановска.

    Во однос на убиството на младата девојка од Велес, Каранфилова-Пановска посочи дека Центарот за социјални работи и Подрачната единица на МВР во Велес имаат обврска да прават анализа и да предвидуваат ризици, ако веќе било познато дека жртвата неколку пати пријавувала насилство.

    „Трагичниот настан со фемицидот во Велес и практично двојното убиство покажува една историја на насилство кое не било санкционирано од институциите. Подрачната единица на МВР во Велес, со оглед на тоа дека жртвата повеќепати пријавувала дека е жртва на насилство од нејзиниот поранешен партнер, не презела сериозни мерки, за да истото го спречи. Затоа бараме политичка одговорност од министерот Тошковски, бараме независна истрага и кривична одговорност од сите полициски службеници и сите други службеници во Центарот за социјални работи кои што заради непостапување довеле до тоа младата девојка да биде брутално убиена иако за тоа имало сигнали“, рече Каранфилова-Пановска.

    Во дебатата таа посочи дека во време на владата на СДСМ се водеше сериозна сметка за родово-базираното насилство. 

    „Фемицидот стана дел од Кривичниот законик како кривично дело, кое што точно одредува што и како треба да се прави за да тоа не се случува. Родово-базираното насилство беше третирано и од аспект на тоа како да се обезбеди заштита на жртвите и преку МТСП и преку шелтер-центри – сè што денеска гледаме дека не се случува. Нема еден денар во Министерството за труд и социјална политика кој што е наменет за шелтер-центрите“, рече Каранфилова-Пановска.

    Прочитај повеќе

    Иванов: Македонија станува клучна транспортна крстосница, интензивно се работи на автопатите и експресните патишта

    08.07.2026 во 11:56

    Манасиевски: СДС, Левица и ДУИ нека се договорат меѓу себе што сакаат од Изборниот законик

    08.07.2026 во 11:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.