- Жичницата на Водно денеска нема да биде во функција – не е безбедно
- Повторно напад во Центарот за социјални работи: Две лица насилно влегле во канцеларија и нападнале вработена
- Кузеска: Разоткриено е сценариото ВМРО-ДУИ, Обвинителството се заплетка со притворот за Груби
- Што се случува со температурите во Европа: На југ измерени 28°C, додека на север -26°C
- ЗНАМ: Али, Зоки, Венко – Правдата ќе ве стигне
- Хрватскиот министер за надворешни работи во посета на Македонија
- Сведочи придружниот вокал на ДНК: Имаше луѓе над мене, сцената беше како хорор филм
- Британија воведува нови правила, без овој документ нема влез во земјата
Author: Author 04
Поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, нема да биде новиот републички јавен обвинител. Советот на јавни обвинители денеска пресече – Панчевски не ги исполнува законските услови. Причината е формална, но клучна: тој нема непрекинат работен стаж од најмалку 10 години во фелата, што е главен услов според огласот. Со ова, списокот на кандидати кои претендираат да го наследат разрешениот Љупчо Коцевски се стеснува, додека борбата во правосудниот врв станува се понеизвесна.
Популарната апликација за пораки Телеграм, која досега се сметаше за последното упориште на слободната комуникација во Русија, се соочува со целосно исклучување. Според информациите на рускиот канал „База“, властите планираат целосна блокада на апликацијата од 1 април, по истиот модел како што беа забранети Фејсбук и Инстаграм. Иако Телеграм е клучен канал за информирање и за самата руска администрација, изворите тврдат дека Роскомнадзор веќе ги подготвува техничките процедури за оневозможување на пристапот и преку мобилен интернет и преку Wi-Fi мрежи низ целата земја. „Агенцијата нема што да додаде на претходно објавените информации“, кратко одговориле од Роскомнадзор, што дополнително ги подгреа…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре, на покана на министерката за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Елиса Спиропали, заедно со колегите од Италија, Бугарија и Романија, ќе учествува на Министерскиот состанок „Коридор VIII во стратешкиот момент на Европа: Поврзаност, отпорност преку воена мобилност и споделен просперитет преку интеграција“. На состанокот ќе стане збор за актуелните инфраструктурни проекти што во моментов се операционализираат долж Коридор VIII, како и за предизвиците со кои се соочуваат земјите, а за чие надминување е неопходно засилено политичко внимание.
Вчера лишени од слобода осум возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода осум возачи, од кои седум за возење без возачка дозвола и еден со забрана за управување возило од Б категорија и под дејство на алкохол. Двајца возачи во Скопје и по еден возач во Прилеп, Неготино, Тетово, Кочани и Делчево управувале возило без возачка дозвола. Додека еден возач во Виница управувал возило иако имале мерка забрана за управување моторно возило од Б категорија и под дејство…
Државната помош мора да биде јасно насочена, економски оправдана и во функција на конкурентноста и одржливиот раст, порача министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, на регионалната панел дискусија на тема „Зајакнување на управувањето со државната помош во Западен Балкан: транспарентност, ефективност и усогласување со ЕУ„ кој се одржа во организација на „Фајнанс тинк“. Во своето обраќање, министерката нагласи дека секој денар од Буџетот мора да има економска оправданост и јасна развојна цел, додавајќи дека фискалната политика се темели на фискална консолидација и забрзан економски раст – цели кои се меѓусебно поврзани. „Фискалната дисциплина значи намалување на непродуктивните трошоци и насочување на…
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска ја заокружи серијата блокади со голем протест пред Владата. Лидерот на синдикатот, Слободан Трендафилов, упати јасна порака: простор за договор има само до крајот на овој месец. Доколку барањата за минимална плата од 600 евра и линеарно зголемување на сите останати плати за 100 евра не бидат прифатени, Македонија влегува во фаза на генерален штрајк. „Ако до крајот на февруари не се договорат, следува генерален работнички протест во неработно време на кој ќе бидат повикани сите. Ќе обезбедиме превоз за да нема изговор. Март е месецот на вистината“, изјави Трендафилов.
Вчера во 13:20 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода лицето С.Д. (25) од Србија поради основано сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“ казниво по член 225 и член 244-а од Кривичниот законик. Имено, тој се сомничи дека во текот на 2025 година на место викано „Кралево брдо“ изградил објект без соодветна документација, што дополнително предизвикало ерозија на земјиштето и оштетување на соседни објекти, сопственост на И.И.. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово, а тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Б.С.(40) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“. На 26.09.2025, пријавениот позајмил патничко возило „фолксваген голф“ од негов братучед, а потоа го продал за 4.500 евра на друго лице од Скопје.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, денеска упати остра порака до раководството на Сојузот на синдикати (ССМ), обвинувајќи ги за политички популизам. Стојаноски детално појасни дека разликата меѓу времето кога ВМРО-ДПМНЕ била опозиција и денес е во тоа што сега ветувањата се преточени во реални и потпишани колективни договори. „Ако тогаш ССМ бараше линеарно зголемување од 2.806 денари, денес зголемувањата што ги реализираме се значително поголеми. Ние како власт не ветуваме на улица, туку реализираме преку проценти и договори“, истакна Стојаноски. Тој додаде дека првиот човек на ССМ се обидува да гради политичка кариера преку конфронтација, наместо преку институционален дијалог во…
Вчера во 06:10 часот во ОВР Пробиштип е пријавено дека на ул.„Миро Барага“ во Пробиштип, патничко возило „тојота“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(50) од Пробиштип, удрило во 18-годишниот пешак Ф.А. од Пробиштип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Јавна здравствена установа Пробиштип. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на ОВР Пробиштип.
