- Путин дециден: Русија е непобедлива, непријателот нема шанси
- Го нападнала мечка – заради стравот ќе добие 300.000 денари
- СДСМ: Филков е дел од циркусот зад кој се крие криминалната власт и диловите на ВМРО со ДУИ
- Најголемиот американски носач на авиони „USS Gerald R. Ford“ пристигна на Крит
- СДСМ: Власта одби минималец од 600 евра, имаат пари за авиони и луксузи, но не и за работниците
- Насилство во Карпош: Малолетници нападнале врсник и го снимале со телефон
- Тинејџери сееле страв низ Прилеп: Напаѓале и ограбувале жени во домови и на улица
- Ужас во Делчево: Баба тепала дете кое се играло со нејзиното внуче во дворот
Author: Author 04
Пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулесски, на денешната комисија за предлог-законот за зголемување на минималната плата нагласи дека државата има обврска да обезбеди достоинствен живот за работниците, а Владата не смее да остане пасивен набљудувач додека граѓаните тонат во сиромаштија. „Кога ќе кажете како држава, како Влада, дека ќе поддржите решение за кое ќе се договорат работодавачите и работниците, тоа значи дека велите дека не сте надлежни. Ако не сте надлежни да покренете мерки и политики со кои директно ќе го подобрите животот на граѓаните, особено на работниците кои земаат минимална плата и се најсоцијално загрозени, тогаш навистина не знам зошто…
Вчера лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода 15 возачи, од кои 10 за возење без возачка дозвола, тројца со забрана за управување возило од Б категорија, еден под дејство на алкохол, додека еден возач управувал возило без возачка дозвола и под дејство на алкохол. Двајца возачи во Скопје и по еден возач во Пробиштип, општина Старо Нагоричане, Куманово, Радовиш, Гевгелија, Гостивар, Тетово и Битола управувале возило без возачка дозвола. По еден возач во…
Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска на прес-конференција соопшти дека на шест компании им се одземени дозволите за одгледување канабис за медицински цели. Одлуката доаѓа по серија контроли каде се констатирани низа недоследности во работењето, вклучително и несоодветно складирање и сомнителни трансфери на документација. Меѓу компаниите на кои им се става „клуч на врата“ е и Алфафам, фирма која претходно беше поврзана со шверц на марихуана во Србија. Лиценци им се одземени и на: „Одлуките се засноваат на наодите од извршените контроли — несоодветно складирање на сувиот цвет, недоследни известувања до Комисијата и недоставена целосна документација за продажба“, истакна министерот…
Министерот за правда Игор Филков на прес-конференција упати пораки во врска со одлуката за замена на мерката притвор со куќен притвор во случај поврзан со истрага за проневера од над осум милиони евра. Во своето обраќање, министерот потенцираше дека Министерството за правда нема да биде нем сведок кога довербата на граѓаните во правниот систем е разнишана, ниту ќе стои на страна кога јавноста со право бара одговори. „Досега, почитувајќи го принципот на поделба на власта, не сум коментирал конкретни судски и обвинителски одлуки. Тоа е темел на правната држава. Но кога одлуките отвораат сериозни дилеми и ја доведуваат во прашање еднаквоста пред…
ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Н.А.(49) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“. Во септември 2025 година, пријавениот направил лажна исправа – свидетелство на негово име издадено од основно училиште за завршено осмо одделение, кое имал намера да го употреби за пријавување во авто школа за полагање на возачки испит, иако имал завршено четврто одделение.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Б.(20) од с.Горна Речица, Н.М.(66) од с.Мала Речица, И.И.(51) од Тетово, А.Р.(58) од Тетово, И.Р.(38) од с.Градец, гостиварско и Н.М.(23) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“ и против А.Б.(47) од Тетово поради постоење основи на сомнение за „помагање“ во врска со кривично дело „измама“. На 03.06.2025, прво и второпријавениот, по случена сообраќајна незгода помеѓу две патнички возила, со намера да се стекнат со противправна имотна корист посочиле дека како учесници во истата сообраќајна незгода биле и трето, четврто, петто и шесто пријавените и покрај тоа што тие не…
СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Ф.(42) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство“ во обид, „загрозување на сигурноста“ и „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 18.02.2026 во семејниот дом во Битола каде живеат неговите деца, пријавениот со остри предмети ги нападнал неговиот 21-годишен син и неговата 16-годишна ќерка. Додека, на 19.02.2026 во Полициската станица Битола, додека со него се вршел службен разговор, оштетил дел од инвентарот и нападнал полициски службеници додека вршеле службени дејствија.
Вчера во 20:30 часот во ОВР Прилеп e пријавено дека во с.Дебреште, општина Долнени, патничко возило „опел” со прилепски регистарски ознаки, управувано од 14-годишен малолетник од с.Дебреште, удрило во бетонски столб. Во несреќата, 14-годишен сопатник од с.Дебреште се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот и 16-годишен сопатник од с.Дебреште се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градска општа болница Прилеп. Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.
Во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа Златко Перински денес ја посети Општина Куманово, при што оствари работна средба со градоначалникот Максим Димитриевски и членовите на Советот. На средбата се разговараше за повеќе прашања од значење за граѓаните и за понатамошниот развој на општината, со посебен акцент на конкретни решенија, подобра координација и поефикасно искористување на расположливите механизми за поддршка. Министерот Перински ги информираше присутните и за динамиката на активностите на Министерството во наредниот период, при што беше нагласен јасниот фокус на институцијата – зајакнување на локалните капацитети, поддршка на развојни проекти, создавање на услови…
Вчера во 11:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишија од слобода 15 – годишник од Куманово затоа што одзел паркирано патничко моторно возило „форд ескорт“, сопственост на Р.Ј.(25) од Куманово. Исто така, тој се сомничи дека влегол во два приватни имоти и одзел повеќе предмети. Малолетникот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
