Кандидатот за градоначалник на општина Чаир, Бујар Османи, денес одржа прес-конференција во центарот на општината, каде најави конкретни иницијативи за зајакнување на соживотот и унапредување на мултиетничкото општество, како одговор на сè поопасната реторика што го загрозува духот на Охридскиот договор, се наведува во соопштението на кандидатот на ДУИ за градоначалник на Чаир. „Денес сме тука, во срцето на Чаир, за да испратиме јасна порака: иднината на нашата општина и на нашата држава нема да се гради врз поделби, туку врз надеж, соживот и еднакви можности за сите“, порача Османи, нагласувајќи дека мултиетничкиот карактер на државата не е слабост, туку…
Повеќе