Author: Author 04

Државната изборна комисија (ДИК) денеска ќе одржи седница на која меѓудургото ќе се одржи жрепка за утврдување на единствена листа на кандидати за Локалните избори 2025. Изборната кампања за изборите започнува в понеделник на 29 септември а завршува на 17 октомври односно 24 часа пред изборите. Граѓаните ќе избираат градоначалници и совети на 19 октомври. Вториот круг на изборите ќе се одржи на 2 ноември. На изборите ќе учествуваат речиси сите политички парии и коалиции и независни кандидати. Според статистиката добиена во Државната изборна комисија, до вчера вкупно потврдени листи за градоначалник на општините и Градот Скопје беа 303, а…

Повеќе

Вчера 644 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода пет возачи поради безобзирно управување со возило согласно член 297-а од Кривичниот законик Во текот на вчерашниот ден (23.09.2025) во рамки на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, вкупно беа издадени 644 платни од кои што во најголем дел се сообраќајните прекршоци што се однесуваат на непрописно паркирање 183, како и на управување на возило со брзина поголема од пропишаната 158 прекршоци. Покрај ова во текот на вчерашниот ден, согласно одредбите на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, беа изречени…

Повеќе

Демократската унија за интеграција изразува најдлабоко негодување за фактот што, со последната одлука за еднојазични полициски униформи, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ја потврди својата дискриминаторска и исклучувачка политика кон Албанците. Ова не е само политичка одлука заснована на дискриминација, туку пред сè флагрантно кршење на Уставот, Законот за употреба на јазиците и Охридскиот договор. „ВЛЕН ги манипулира граѓаните и се обидува да купи време пред избори, тврдејќи дека албанскиот јазик ќе се користи на полициските униформи. Но тоа не се осмелува да му го каже на својот патрон во Владата. Тие немаат храброст да го одбранат ни она…

Повеќе

Лишен од слобода крадец од Гостивар, одземеното возило е пронајдено и ќе биде вратено на сопственикот На 23.09.2025 во 19:30 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар во присуство на родителот Џ.Х. од Гостивар, лишиле од слобода 15-годишен малолетник од Гостивар. Малолетникот се сомничи дека одзел патничко моторно возило ,,форд фокус“ со кичевски регистерски таблици пријавено од Ф.К. од Кичево. Возилото е пронајдено и ќе биде вратено на сопственикот. По документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

Повеќе

Раководството на Левица конечно си го откри сопственото лице. Партијата која инаку се самопрогласува за револуционерна сила, сега е јасно дека е сведена само на приватна сопственост на Апасиев и раководството на Левица, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.  „Апасиев со својата самобендисаност, ја претвори партијата во алатка за лична промоција. Освен што пишува статуси кои вриштат од суетност и се приказни за собирање дневно политички поени, правење збрки во јавноста не прави ништо друго. Така е и со раководството на партијата. Од 2021 година досега, Апасиев и Мециновиќ инкасирале во свој џеб повеќе од 1 милион денари од партиската…

Повеќе

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, денеска во Обединетите нации во Њујорк, ќе има средба со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. Како што јави известувачот на МИА, средбата е во рамки на работната посета на претседателката на САД и учеството на 80. Сесија на Генералното собрание на ОН, на кое обраќање ќе има во текот на утрешниот ден. По средбата со Гутереш, Сиљановска – Давкова, во Постојаната мисија на ЕУ во Њујорк, ќе присуствува на ручекот што за лидерите од Западен Балкан го организира високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас. Според агендата, таа ќе…

Повеќе

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги блокираа реформите во судството а со тоа и правдата во Македонија. Мицкоски одби да ги донесе неопходните реформски закони и покажа дека нема никаква намера за независно судство туку само едно, заробено и послушно судство, под диктат на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението од СДСМ. „За 2025 година беа предвидени вкупно 12 закони, од нив, во Собранието не е поднесен ниту еден.  Наместо реформи и независно судство, Мицкоски судството го претвори во партиска филијала, со судии кои се сопружници на негови градоначалници и роднини на неговите коалициски партнери. Без вистински реформи во судството и независни…

Повеќе

Општина Центар веќе подолго време се соочува со хаос во хигиената поради неработењето на ЈП „Комунална хигиена“ кое е под надлежност на Град Скопје. Илјадници граѓани секојдневно сведочат на преполни контејнери и нечисти улици, иако одржувањето на јавната чистота е законска обврска на градските институции. Во вакви услови, Општина Центар со сопствени капацитети и преку локалното јавно претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ веќе со денови интервенира и ја презема работата што други ја запоставиле – собирање смет, миење и чистење на улиците. Вчера, градоначалникот Горан Герасимовски заедно со директорот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ Душко Коцевски, потпишаа договор за…

Повеќе

Според новите измени во Законот за безбедност во сообраќајот, кои стапуваат во сила на 26 септември, важат нови правила за употребата на мобилните и слушалките за пешаците, велосипедите и тротинетите. Казната ако поминувате на пешачки премин со телефон во рака или на уво е 40 евра, а за возење тротинет, мотор или трактор со користење на електронски уред казната е 50 евра. Пешакот е должен да се движи внимателно, без да користи уреди кои го намалуваат вниманието при преминување на коловоз или велосипедска патека, пишува во Законот. Според овие законски измени, од Нова година ригорозни ќе бидат казните за возачите…

Повеќе

Православните верници во сабота го слават празникот Крстовден. Празникот Воздвижение на чесниот крст, во народот познат како Крстовден, се празнува во чест на наоѓањето на крстот врз кој бил распнат Исус Христос и во чест на неговото враќање од Персија во Ерусалим. Поради неговата чудотворна моќ крстот е наречен и животворен крст. Луѓето родени на овој ден се верува дека на своите јаки рамена ја носат сенката на Светиот крст и затоа се особено одговорни за своите постапки пред Бога. Крстовден е голем празник, денот кога беше пронајден и ископан Светиот крст на Голгота и денот кога беше вратен од…

Повеќе