Close Menu
Press24
    Најново

    Јакимовски со спакуван куфер чека бирократија во Шутка

    11.09.2026 во 10:19

    (ФОТО) Реконструкцијата на Старата скопска чаршија во завршна фаза: Инвестиција вредна над 28 милиони денари

    11.09.2026 во 15:17

    Помина тешка недела за возачите – понеделник ќе ни донесе значително поскапо гориво

    11.09.2026 во 09:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Саудиска Арабија го затвори нафтоводот Исток-Запад по напади
    • Најмалку 16 лица се повредени, меѓу кои и петмесечно бебе, по утринскиот ракетен напад врз Одеса
    • „Средувале“ категории во возачки дозволи, МВР со кривична пријава против 27 лица
    • Дневен хороскоп за 12-ти септември 2026: Дознајте што ве очекува во текот на денешниот ден
    • ВМРО-ДПМНЕ: За една година ново училиште, градинка и финансиска поддршка за младите, Карбинци се развива со конкретни инвестиции 
    • МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед – потврда за стабилноста и конзистентноста во економските политики
    • Андоновски: Со м.Услуги личната карта и возачката дозвола ќе бидат достапни директно на мобилен телефон
    • До 07:30 часот 31 пожар
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Герасимовски: Општина Центар обезбеди дополнителна механизација за чистење на улиците и сметот, ги преземаме работите во наши раце

    Герасимовски: Општина Центар обезбеди дополнителна механизација за чистење на улиците и сметот, ги преземаме работите во наши раце

    24.09.2025 во 09:532 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Општина Центар веќе подолго време се соочува со хаос во хигиената поради неработењето на ЈП „Комунална хигиена“ кое е под надлежност на Град Скопје. Илјадници граѓани секојдневно сведочат на преполни контејнери и нечисти улици, иако одржувањето на јавната чистота е законска обврска на градските институции.

    Во вакви услови, Општина Центар со сопствени капацитети и преку локалното јавно претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ веќе со денови интервенира и ја презема работата што други ја запоставиле – собирање смет, миење и чистење на улиците.

    Вчера, градоначалникот Горан Герасимовски заедно со директорот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ Душко Коцевски, потпишаа договор за изнајмување на дополнителна механизација и опрема. Овој договор значи значително засилување на теренските активности.

    „Граѓаните на Центар не смеат да бидат заложници на нечија негрижа. Наша должност е да им обезбедиме чисти улици и достоинствено урбано живеење. Затоа обезбедивме дополнителна механизација за поефикасно справување со отпадот и одржување на јавната хигиена“, вели Герасимовски.

    Со договорот се обезбедени следниве услуги и машини:

    – Ѓубретарки со капацитет од минимум 18 м³ и 10 м³ за собирање и транспорт до депонија,

    – Мала цистерна (0,5 м³) за перење на прометни површини,
    – Специјализирана метларка со капацитет од минимум 1,5 м³,
    – Изнајмување метални контејнери од 5 м³ на територија на Општина Центар,
    – Возило-цистерна со капацитет од минимум 7 м³ за миење и перење улици,
    – Возило-подигнувач за подигање и транспорт на метални контејнери,
    – Машина за бележење на хоризонтална сигнализација.

    Со ова зајакнување на капацитетите, Општина Центар покажува дека и во услови на институционална блокада, интересот на граѓаните е на прво место.

    Герасимовски најави дека со новата механизација се почнува веднаш и дека ќе се ангажираат сериозни акции за чистење за да се спречи хаосот кој го создава Комунална хигиена и Градот Скопје.

    Прочитај повеќе

    Исчезната 84-годишна жена во скопски Илинден

    11.09.2026 во 21:43

    (ФОТО) Реконструкцијата на Старата скопска чаршија во завршна фаза: Инвестиција вредна над 28 милиони денари

    11.09.2026 во 15:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.