Author: Author 04

Последните истражувања на МКД.мк за рејтинзите на политичките партии и нивните лидери покажуваат дека веќе подолго време ВМРО-ДПМНЕ и нивниот лидер Христијан Мицкоски имаат најголема доверба кај глаѓаните. Од 9 до 21 септември агенцијата Маркет вижн го спроведе последното истражување на МКД.мк кое покажа дека граѓаните на претстојните локални избори ќе излезат во висок процент – 64,4%. На прашањето во кој лидер на политичка партија имате најголема доверба, 25,3 отсто од испитаниците одговориле позитивно за Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Претседателот на ДУИ Али Ахмети е на второ место, со предност пред претседателот на СДСМ Венко Филипче (6,3% : 4,8%).…

Повеќе

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната промоција на кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ што се одржа во Штип, испрати порака до нив, дека нивниот мандат е договор со граѓаните. „Сакам да им порачам на сите градоначалници, и оние што се реизбираат и оние што првпат застануваат пред народот: вашиот мандат е договор со граѓаните. Службата е чест, но и обврска. Да бидете транспарентни, достапни, чесни, и да мерите сè со резултати, а не со зборови. Вашето досегашно искуство да го претворите во предност, а вашата визија и програма да ги претворите во реални дела и проекти кои ќе го…

Повеќе

Денеска (27.09.2025) во 08:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на патот Горно Лисиче – Долно Лисиче во Скопје, патничко возило „ауди а6“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Д.(30) од Скопје, удрило во пешакот Т.Ѓ.(83) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Т.Ѓ., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, каде што подоцна починал. Лекар констатирал смрт, а увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје. По насоки на јавен обвинител возачот Г.Д. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Повеќе

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната промоција на на кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ се осврна на тоа што направија градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ за тие три години додека централна власт беше СДСМ. „Во изминативе 4 години, од кои цели три години беа со жесток отпор и кочница од централната власт, заедно градоначаниците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, изградија и реконструира улици, булевари, патишта во вкупна должина од над 770 километри во вкупна вредност од околу 100 милиони евра. Направени се речиси 47 километри нови водоводи, изградени се канализации од должина од речиси од 91 километар. Изградени или во завршна фаза…

Повеќе

Хероите никогаш не умираат, тие живеат вечно и имаат само датум на раѓање, порачаа колегите на полицискиот службеник,Тоше Тодоровски кој загина во пожарот во кочанската дискотеката „Пулс“ на 16 март. Во дворот на Полициската станица во Пробиштип во присуство на семејството на загинатиот полицаец Тодоровски, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев началници од СВР-Штип беше откриен спомен бистата на полицаецото Тоше Тодоровски кој на 16 март беше на службена должност и загина во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Министерот за внатрешни работи, Тошковски истакна дека споменот ќе остане за полицаецот Тоше…

Повеќе

Вчера околу 19:00 часот во с.Страчинци, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода С.И.(50) од селото. Како што соопшти МВР, претходно, при преземање службени дејствија, полициски службеници од ЕИП при СВР Скопје забележале дека под стреата од неговата куќа има закачени гранки и стебла во саксии од растението канабис. -Подоцна, со судска наредба, Единицата за недозволена трговија изврши претрес во неговиот дом, при што беа пронајдени и одземени 90 гранки од растението канабис и две ќеси со помали гранчиња од растението канабис, стои во соопштението на МВР. Оттаму додаваат дека лицето е…

Повеќе

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на регионалната конференција „Еден регион. Една визија. Една иднина“ во организација на Прогрес Институт со поддршка на Олоф Палме, меѓународниот центар „Олоф Палме“, упати критика кон власта за тоа што го запира европскиот пат на државата и ја одбива резолуцијата за национален консензус околу евроинтеграциите. „Пред три дена го одбија еден од најпатриотските документи кој што бил виден на нашата политичка сцена, а тоа е предлог резолуцијата за национален консензус, заеднички црвени линии и временска рамка за почеток на отворањето на поглавјата и продолжувањето на преговорите со Европска Унија,“ нагласи Филипче.…

Повеќе

Општина Центар постави контејнери за кабаст отпад на повеќе локации, со цел да им овозможи на граѓаните лесно и бесплатно да се ослободат од овој вид отпад, а воедно да се спречи создавање мини депонии. Наменските садови со капацитет од по пет кубни метри се распоредени на три клучни места:– улица „Загребска“ кај КТК– улица „Борка Талевски“ кај „Вучко“– улица „Антонио Грубишиќ“ кај кружниот тек во Дебар Маало Дополнително, девет помали контејнери за кабаст отпад се поставени на:– улица „Киро Крстевски Платник“– улица „Мирче Ацев“ (Пролет)– улица „Кочо Рацин“ (Зелен пазар)– улица „Васил Ѓоргов“ во Капиштец „Се соочуваме со вонредна…

Повеќе

Аздисаноста на функционерите од ДПМНЕ и членовите на нивните потесни семејства не престанува, напротив од ден на ден е се поизразена, изјави за медиумите, Весна Ристовска, од СДСМ Пробиштип. Синот на Тони Тоневски, е фатен како управува моторно возило марка ауди со 185км/ч, на место каде дозволена  е брзина од 110км/ч, посочи Ристовска. Ристовка нагласи дека сме сведоци на грубо кршење на Законот и покажување сила и моќ од страна на фамилија Тоневски со години наназад. „Тони Тоневски е претседател на локалниот огранок на ДПМНЕ и актуелен кандидат за градоначалник на Пробиштип од редовите на ДПМНЕ, а оваа функција ја има извршувано во два последователни мандати, од 2009…

Повеќе

Трагедијата со убиството на младата Росица во Велес ја потресе целата јавност, но и ја покажа целата неспособност и нефункционалност на институциите раководени од ДПМНЕ, рече на денешната прес конференција Даниела Колева – претседателка на Форум на жени на СДСМ. По бурните реакции во јавноста и барањето одговорност за институционалните пропусти, МВР соопшти дека 11 полициски службеници од СВР Велес добиле дисциплински пријави, истакна Колева. „Не може вината да се сведува само на 11 полицајци. На толку многу пропусти, каде се началниците и командирите, каде се функционерите? Зошто тие се заштитени? Каде е нивната одговорност? Сите што направиле пропусти во случајот на Росица,…

Повеќе