- Андоновски: Во 2027 година се очекува поставување на камен-темелникот за Националниот дата центар
- Електрична греалка предизвикала пожар во соба: Починаа две мали деца
- Од Скопје отишле во Делчево па краделе по маркети – полицијата ги приведе
- Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата
- Мицкоски: Со Србија имаме добрососедски односи, но мојот фокус се Македонија и домашните прашања
- Мицкоски: Не постои ниту една афера која е поврзана со оваа влада
- Сали во Даблин: Охридскиот договор е трајна обврска, а не само историски документ
- Василевска во „Колегиум“: Опозицијата користи застарен ПР и води политика спротивна на државните интереси
Author: Author 04
„Скопје е град со душа но таа душа последниве години е напуштена. Сакам да ѝ ја вратиме, културната енергија, урбаниот дух и јавниот простор на граѓаните“, изјави Каја Шукова, кандидат за градоначалник на Скопје, претставувајќи ги проектите од својата програма во делот култура и урбан живот. Шукова најави големи инвестиции во културна инфраструктура, младински простори, туризам, урбана уметност и семејна рекреација. „Плоштадот, Чаршијата, Калето, Водно, Матка тие треба да бидат нашето лице, а не заборавени точки. Ќе ги уредиме, ќе поставиме туристичка сигнализација и дигитални мапи, и ќе понудиме културни рути за граѓаните и туристите“, истакна Шукова. Особено внимание ќе…
СДС и Венко Филипче деновиве од петни жили се трудат да испратат сигнали до Бугарија дека се спремни да направат се, да клекнат и да прифатат секоја позиција, па излегоа со наводна резолуција. Резолуцијата не е за Венко не е за Македонија, таа е за Бугарија, знак и сигнал на што се е спремен да направи, договара, преговара и дополнително да ја понижува државата, истакна на прес-конференција Бране Петрушевски пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Венко Филипче, кажи што си договорил со Бугарите и кој бонбона бизнис им го нудиш, кога веќе еднаш подметна француски предлог? Дали преку таквата резолуција се нудиш како…
Единицата за корупција при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Одделот за криминалистичка полиција до ОЈО Скопје, на 15 септември годинава поднесоа кривична пријава против Л.Г. (57) од Струмица, за сторено кривично дело „измама во службата “ член 355 став 1 во врска со став 2 од Кривичниот законик. – Пријавената Л.Г., како службено лице – член на Судски совет на Република Северна Македонија, во временски период од 26.08.2022 до 15.01.2024 со намера за себе да прибави противправна имотна корист, со неприкажување на фактот дека има промени во имотната состојба на членовите…
Вчера во 23:10 часот во СВР Скопје, М.С.(20) од Скопје пријави дека околу 22:00 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар бил физички нападнат од едно лице, при што се здобил со повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 23:00 часот во СВР Скопје, од Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје е пријавено дека кај нив со повреди бил донесен Н.Р.(18) од Скопје. Според пријавеното околу 22.30 часот на подрачјето на Чаир, во Скопје, тој бил физички нападнат од неколку лица, при што се здобил со повредите. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 13:16 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Џ.Р.(41) од тетовско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 38-годишна вонбрачна сопруга, дека на 25.09.2025 во семејниот дом физички ја нападнал и ја заклучувал во домот. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна кривична пријава.
Вчера во 12:45 часот во СВР Битола е пријавено дека на место викано „Крушеански чаир” во атар на с.Врбјани, прилепско, била пронајдена експлозивна направа. Од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување, експлозивната направа била безбедно подигната и констатирано е дека се работи за рачна бомба од Првата светска војна.
На Битола и треба градоначалник со искуство и да знае да менаџира посебно во развојот на локалниот економски развој, истакна Јорго Огненовски, кандидат за градоначалник на Општина Битола, поддржан од политичката партија Демократи. Според Огненовски, во Битола е потребна брза заштита на објекти и инвестирање во нови кои ќе им користат на младите и возрасните битолчани. -На Битола и треба градоначалник со искуство, да знае да менаџира и посебно да е посветен на врвна економија бидејќи младите заминуваат. На Битола и треба заштита на најважните објекти како што на пример е хотелот „Битола“ познат како старски дом кој пред нашите…
Вчера во 12:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Б.К.(32) од Куманово. Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба поради постоење сомнение за сторено кривично дело „демнење“ по член 144-а од Кривичниот законик, односно дека подолго време следел и вознемирувал 28-годишна девојка од Куманово. На 09.04.2025 во СВР Куманово, девојката го пријави случајот, по што од страна на судија од Основен суд Куманово беше изречена мерка претпазливост за недоближување. Додека, по преземени мерки, вчера тој е пронајден и лишен од слобода и во службен разговор го признал делото. По целосно документирање на случајот,…
Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, најави формирање на општинско јавно претпријатие за хигиена во првите шест дена по преземање на мандатот како клучен елемент во стратегијата за справување со алармантната состојба со нечистотијата во која се наоѓа општината. „Ќе го поделиме Чаир на реони, секоја екипа ќе биде одговорна за една населба. Ќе се набават цистерни за миење и дезинфекција на улици, целосна механизација како електрични и механички метли“, истакна Османи. Според него, прашањето на хигиената не е прашање на собирање на поени во предизборната кампања, туку е основно прашање за достоинствен живот на луѓето. „Создавањето на општинско…
