Close Menu
Press24
    Најново

    Властите ги мобилизираат сите капацитети против западнонилската треска: Воведени вонредни контроли и СМС-препораки

    17.08.2026 во 14:12

    Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија

    17.08.2026 во 17:56

    Испразнете ги базентите, август и септември се пикот на западнонилската треска, посочи Клековски

    17.08.2026 во 16:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Почнува судењето за убиството на Тупак
    • Најмалку пет Палестинци загинаа во новите израелски напади врз Газа
    • Ангелов: Пожарот кај прилепското село Чаниште зафати најмалку една куќа и помошен објект, екипите спречија поголема катастрофа
    • (ВИДЕО) Мисајловски: Нека одекне гордоста
    • Стоилковиќ – Колумбиа: Продлабочување на соработката за поддршка на општините
    • Божиновска: Македонија се подготвува официјално да се приклучи кон Вертикалниот гасен коридор
    • Костовски: Создаваме нов простор за прошетка, рекреација и дружење
    • ФОТОВЕСТ: Колони автомобили на бензиските – сите точат пред големото поскапување по полноќ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Шукова: Скопје е град со душа но таа душа последниве години е напуштена

    Шукова: Скопје е град со душа но таа душа последниве години е напуштена

    02.10.2025 во 13:512 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „Скопје е град со душа но таа душа последниве години е напуштена. Сакам да ѝ ја вратиме, културната енергија, урбаниот дух и јавниот простор на граѓаните“, изјави Каја Шукова, кандидат за градоначалник на Скопје, претставувајќи ги проектите од својата програма во делот култура и урбан живот.

    Шукова најави големи инвестиции во културна инфраструктура, младински простори, туризам, урбана уметност и семејна рекреација.

    „Плоштадот, Чаршијата, Калето, Водно, Матка тие треба да бидат нашето лице, а не заборавени точки. Ќе ги уредиме, ќе поставиме туристичка сигнализација и дигитални мапи, и ќе понудиме културни рути за граѓаните и туристите“, истакна Шукова.

    Особено внимание ќе се посвети на јавната уметност и поддршка за младите уметници.

    „100 нови мурали во сите делови на градот. Тоа ќе бидат дела на млади луѓе кои ќе имаат шанса да создаваат, да се изразат, да го разубават градот. Скопје ќе стане галерија на отворено“, најави таа.

    Клучен проект во програмата е трансформацијата на ГТЦ во младински и стартап центар.

    „Без да се наруши архитектурата на ГТЦ, ќе ги активираме празните локали за културни и бизнис иницијативи на млади луѓе. Ова ќе биде отворен, урбан простор за креативност и нова енергија“, порача Шукова.

    Во планот се вклучени и големи инфраструктурни проекти како изградбата на нов Конгресен центар до 2028.

    „Скопје мора да стане град на меѓународни настани, саеми, конференции. Ќе изградиме Конгресен центар за 3.000 посетители, со модерна инфраструктура за паралелни настани и културни програми“, рече таа.

    Шукова најави и создавање на Градски волонтерски центар.

    „Во духот на Скопје од ’63, ќе изградиме организирана мрежа волонтери кои ќе помагаат во кризни ситуации, настани, и ќе бидат поддршка за старите лица. 

    Волонтерството ќе стане дел од градската политика“, порача таа.

    Меѓу клучните цели е и подготовката за 2028, кога Скопје ќе ја понесе титулата Европска престолнина на културата.

    „Ова е шанса еднаш во генерација. Ќе ја искористиме за да го обновиме културниот живот, да ги вмрежиме уметниците, да креираме фестивали, платформи и сцени низ градот“, додаде кандидатката.

    На самиот крај, таа го претстави и проектот Скопје Авантура првиот комплекс од овој тип во регионот.

    Прочитај повеќе

    Велјановски ги најави новите странски инвестиции во ТИРЗ зоните низ Македонија

    17.08.2026 во 11:37

    Петрушевски: СДС нема политика и измислува кризи, фактите ја рушат нивната паника

    17.08.2026 во 11:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.