- Серија апсења во Скопје
- Паднаа четири лица за злоупотреби со јавна набавка: Не извршиле прием на одземена жива стока
- Прегазено 6-годишно дете во Скопје
- „Граѓаните најмногу придонесоа“: Тошковски откри дека бројот на загинати во сообраќајки е намален
- Филипче бара оставка од Славески: Да не се обидува да го спаси Мицкоски
- Од понеделник банките го менуваат системот на плаќање – нови шифри на личните сметки на сите корисници
- Драма во казино во Брвеница: Вработен одзел над 48 илјади денари од касата
- (ФОТО) Манасиевски: Од каде се парите за зградата во Влае и дали Пендаровски е деловен партнер на Муслиу
Author: Author 04
Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, денес одржа прес-конференција на улицата позната како „Пластичарска“, каде што заедно со кандидатите за советници разговараше со сопственици на дуќани и им ја претстави програмата во делот на економските мерки. Фокусот, како што истакна, е ставен на младите и жените како носители на локалниот економски развој. „Чаир е можеби најгусто населената општина во Европа, со 80.000 жители на само 3,5 квадратни километри, од кои повеќе од 14% се млади под 30 години. Затоа е многу важно да се создаде економска перспектива за оваа генерација, преку нивното економско ангажирање и поддршка“, изјави Османи.…
СВР Штип поднесе кривична пријава против О.С.(37) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 21.09.2025, пријавениот преку мобилна апликација на службен број на правно лице-локална телевизија упатувал закани.
Вчера во 12.55 часот во СВР Скопје, лице од обезбедувањето на ЈП „Државни патишта“ пријави дека на видео надзор пред канцелариите на ЈП „Државни патишта“ на плоштадот „ВМРО“ во Скопје биле забележани две лица како го разгледуваат местото, а едно од лицата оставило куфер. Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки и утврдено е дека куферот е празен.
Вчера во 19:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Свети Николе, кај с.Р’жаничино, скопско, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.К.(47) од с.Црквено, велешко, удрило во паркирано патничко возило „смарт“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од А.Ш.(25) од с.Долно Коњари, скопско, а потоа удрило и во малолетен пешак од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.К., додека со телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Вчера во 14:38 часот во СВР Битола, вработен во ЕВН Битола пријави дека при вршење ископ на ул.„Стара Чешма“ во Битола била пронајдена рачна бомба-кашикара. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ја подигнал бомбата и констатирал дека се работи за неексплодирана рачна бомба од Првата светска војна.
Ноќеска во 00:03 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на кеј „4 Јули“ во Прилеп, 15-годишник од Прилеп, управувајќи велосипед изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 11-годишен малолетник од Прилеп, кој се превезувал на велосипедот, додека 15-годишникот се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.
Со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето за „Онкологија 2“, кој се води против поранешниот медицински и економски директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, Нино Васев и Нехад Нухи, за несовено работење и финансиски криминал. Прво беше сослушан сведок – шалтерска работничка на Клиниката за онкологија, додека директор бил Нино Васев, која објасни како се постапувало со пациентите, посочувајќи дека откако ќе дојде кај нив, со книшка бројче се вади неговата здравствена историја и се дава на докторот, а по прегледот таа се заверува. -Ако треба да прима дневна терапија…
Со некаков облик на корупција, најчесто во образованието – од поткуп за оценки до купување дипломи, се соочиле 54 отсто од младите опфатени со истражување чии наоди денеска беа презентирани на финалниот настан од проектот „Зајакнување на младите во Северна Македонија: клучна алка во градење општество без корупција“ што го спроведува Аналитика тинк тенк во партнерство со Организација на жени од Струмица и Иницијатива за граѓанска интеграција (ИГИ) – Гостивар. Од анкетираните млади, 51 отсто би пријавиле корупција ако постојат безбедни и доверливи механизми, што значи дека тие сакаат промени и бараат алатки за да дејствуваат – беше посочено на…
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ, Горан Герасимовски, денеска најави нов проект „Крафт Стрит – улица на занаетчиите“, кој има за цел да создаде нова урбана зона посветена на занаетчиството, уметноста и локалното производство. „Во Центар за првпат воспоставуваме Крафт Стрит – улица на занаетчиите. Сите занаетчии, уметници и производители ќе добијат свој простор за развој и промоција на идеи и бизниси, а граѓаните ново катче со уникатни македонски производи. За Центар што го сакаме“, изјави Герасимовски. Проектот, како што објасни, е дел од неговата визија за создавање покреативен, културно жив и економски одржлив Центар, каде…
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.Д.(31) од Република Грција, со привремено живеалиште во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик. По преземени мерки било утврдено дека тој набавувал и препродавал марихуана на зависници од Охрид, а бил затекнат од полициски службеници при достава, по што бил лишен од слобода.
