Close Menu
    Најново

    75-годишник нападнал маж во Кисела Вода

    14.11.2025 во 23:44

    Украина почна со масовно производство на дронови пресретнувачи

    14.11.2025 во 23:22

    Тројца починати откако автобус удри во станица во Стокхолм

    14.11.2025 во 23:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • 75-годишник нападнал маж во Кисела Вода
    • Украина почна со масовно производство на дронови пресретнувачи
    • Тројца починати откако автобус удри во станица во Стокхолм
    • Имаат златно срце: Хороскопски знаци кои простуваат дури и кога не треба
    • Шок во Форт Дикс: Шон „Диди“ Комбс останува во затвор подолго од што очекуваше
    • Србија на прво место во Европа по смртност во сообраќајни несреќи
    • САД испорачуваат моќ: Тајван добива стотици милиони долари во воена техника
    • Кина откри најголемо златно наоѓалиште во последните 70 години
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Судење за „Онкологија 2“: Додека бил директор Нино Васев се потпишувал на т.н. условна терапија

    Судење за „Онкологија 2“: Додека бил директор Нино Васев се потпишувал на т.н. условна терапија

    09.10.2025 во 13:32
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето за „Онкологија 2“, кој се води против поранешниот медицински и економски директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, Нино Васев и Нехад Нухи, за несовено работење и финансиски криминал. 

    Прво беше сослушан сведок – шалтерска работничка на Клиниката за онкологија, додека директор бил Нино Васев, која објасни како се постапувало со пациентите, посочувајќи дека откако ќе дојде кај нив, со книшка бројче се вади неговата здравствена историја и се дава на докторот, а по прегледот таа се заверува. 

    -Ако треба да прима дневна терапија вадиме упат и правиме финансика пресметка, појасни сведокот. 

    Според сведокот за т.н. условна терапија додека директор на Клиниката бил Нино Васев, тој се потпишувал, а сега секој втор четврток има стручен колегиум на кој присуствуваат сите шефови на оддел и се потпишуваат на една листа. 

    Вториот сведок, вработен во Приватна здравствена установа во Валандово и надворешен член на Управниот одбор на Клиниката за онкологија од 2018 до 2023 година, рече дека УО на Клиниката по барање на директорот на Клиниката носел одлука за набавка на лекови, но дека теркот бил таков што Министерството за здравство во име на Клиниката распишува тендери за набавка на лекови. 

    – Во УО имаше внатрешни членови кои секојдневно примаат терапија и самиот како лекар од терен гледам дека бројот на лица со малигни заболувања е се поголем. На седниците на коишто сум бил присутен, со оглед дека на голем број не сум бил присутен, но по исказот на колегите дека има потреба од терапија за пациентите, најверојатно сме дозволувале набавка. Ние не навлегувавме, не знаевме што и како се набавува, изјави сведокот. 

    Според сведокот УО носел одлуки, но никогаш не биле безусловни, појаснувајќи дека на сите седници на кои присуствувал, било нагласувано тоа да биде со согласност од Фондот за здравствено осигурување. 

    На седниците на УО немало официјална информација за презадолженост на Клиниката, но дека уште тогаш имало допис до ФЗО дека ако не се направат плаќањата преку Фондот, дека Клиниката ќе дојде во незавидна финансиска ситуација. 

    Управниот одбор на крајот од годината, сведокот рече дека ја усвојувал Годишната завршна сметка. 

    Прашан дали имал комуникација со Нино Васев и Нехад Нухи за работењето на Клиниката, сведокот рече дека на почетокот кога седниците биле во живо доаѓал медицинскиот директор Васев на седница, а имало седници на кои само ќе се поздравел и ќе заминел, нагласувајќи дека потоа по короната, седниците биле онлајн. Комуникација со Нехад Нухи, рече, дека немал. 

    Третиот сведок, вработена на Клиниката за онкологија како раководител на клиничката Аптека од 2012 година, рече дека тоа претставува магацински простор што врши прием на лекови, со нивна контрола и ги дистрибуира до одделите на Клиниката. 

    – Приемот на лекови се врши само во аптека, а дел од лековите во смисла на симптоматска терапија и одделни цитостатици може да се најдат и во други оддели. Лековите од условен буџет се требуваат по пациент и би требало да се аплицираат во текот на истот ден, рече сведокот. 

    Реверси како колична на лекови се примале во аптека на Клиниката, меѓутоа, сведокот нагласи дека тоа било исклучиво со писмено потпишано барање од директор, кое е претходно архивирано. 

    Според сведокот, на Клиниката се правела и набавка на лекови од условен буџет на реверс пред да биде склучен договор со набавувач и да биде завршена јавната набавка. 

    -Цврста нарачка се прави кога договорот за јавна набавка е завршен и се става број на договор, со барање за реверс таков број не постои, појасни сведокот. 

    Лековите на реверс, сведокот рече, се примале на ист начин како и лековите кои се примени на цврста нарачка и биле заведени електронски. 

    На почетокот на денешното рочиште Судот информираше дека по добиено известување од јавната обвинителка Ана Гоговска Јакимовска во кое републичкиот јавен обвинител го известува бранителот дека не се исполнети условите за изземање на јавниот обвинител и дека јавниот обвинител по предметот навремено и совесно ги извршува сите работи. 

    Судот, исто така, информираше дека донел и решение со кое се одбива барањето на одбраната за изземање на вештакот Елизабета Дамевска Јовановска, со оглед дека не се исполнети условите за нејзино изземање. 

    -Не е спорно дека Елизабета Дамевска Јовановска извршувала функција в.д. економски директор од 2015 до 2017 година, кога на тоа место е именуван второобвинетиот Нухи, а за директор на Клиниката е именуван првообвинетиот Васев. Со оглед на нештата, обвинетиот и вештакот не биле вработени во иста институција во исто време. На 14 07 2017 таа е пријавена како вработена на друго место во заеднички служби на Клиниката, изјави судијката Славица Наумовска Јосифовска. 

    Обвинетите Васев и Нухи на почетокот негираа вина за делата кои им се ставаат на товар. Одбраната, тврди дека обвинението против нив е неосновано и политички монтирано врз основа на економско вештачење од лица кои се исто инкриминирани, наведувајќи дека станува збор за претходниот медицински и економски директор на Клиниката кои биле сменети од Васев. 

    Кривичниот суд во јуни, годинава го одобри обвинението против поранешните директори на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Нино Васев и Нехад Нухи, за злоупотреби, измама и проневера во службата од 2018 до 2022 година.

    Популарно

    Ѓорче Петров добива модерен кружен тек и нови сообраќајни проекти

    14.11.2025 во 19:05

    „Кадровско освежување“: Разрешена директорка на Државниот архив

    14.11.2025 во 21:38

    Се собраа стотици граѓани: Простест во Софија револтирани од Македонецот кој прегази куче

    14.11.2025 во 18:20

    ЕВН најави исклучувања во повеќе скопски општини – проверете дали сте на списокот

    14.11.2025 во 09:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.