- Јаневска за врсничкото насилство: Грижата за децата не е само на институциите, родителите мора да се вклучат
- МФ: Европската комисија го нотира напредокот во спроведените реформи во управувањето со јавните финансии
- Минчев од Куманово: Знаењето мора да стане сила на администрацијата, а граѓаните да добијат подобри услуги
- Кривичен одлучи за вчерашната акција во Куманово: Двајца во притвор, еден во куќен притвор, а еден е во бегство
- Мицкоски најавува средби со потенцијални купувачи на Алта Банка
- Мицкоски: Да не правеше СДСМ егзибиции уставните измени сега немаше да бидат услов
- Фрчкоски: Мицкоски го копира Вучиќ
- Тошковски од Будва: Македонија не чека да стане членка на ЕУ за да се однесува одговорно кон европската безбедност
Author: Author 04
Ноќеска во 00:35 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Р.Џ.М.(18) од Куманово. Тој бил затекнат додека во угостителски објект на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово одземал предмети. Лицето е приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Вчера во 10:00 часот во СВР Скопје, 35-годишен маж од Куманово пријави дека бил измамен од две лица за сума од 1.110.000 денари. Според пријавеното, лицата го контактирале на мобилни апликации, претставувајќи се како сопственици на градежни машини, за кои пријавителот бил заинтересиран да ги купи. Како што е пријавено, откако се договориле, тој по насоки од едното лице ги предал парите на другото лице на каса прими на приватен субјект, а откако го контактирал лицето за да ги подигне машините тој му рекол дека работи сам и дека парите требало да ги уплати на негова сметка. Исто така, според пријавеното, истите…
Со највисоки државни и воени почести претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го пречека словачкиот претседател, Петер Пелегрини, кој престојува во дводневна официјална посета на земјава. По тет-а-тет средбата, се одржа пленарен состанок на македонската и на словачката делегација. Соговорниците се заложија за унапредување на билатералните односи, продлабочување на економската соработка, забрзување на македонскиот и регионалниот евроинтегративен процес и превземање итни чекори за подобрување на европската и глобалната безбедност. Обајцата ја потврдија одличната соработка, втемелена во заедничкото духовно наследство, културната блискост и искреното пријателство. Претседателката му се заблагодари на словачкиот претседател за континуираната поддршка на македонското членство во Европската Унија, повторувајќи дека процесот…
Ноќеска во 00:30 часот во Полициската станица Бит Пазар од Центарот за социјални работи е пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар, едно лице извршило обљуба врз малолетен штитеник на центарот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во септември за 93 лица кривични пријави за дела поврзани со недозволена трговија со дрога, запленети над 38 кг марихуана и други наркотични супстанци, соопшти МВР.Во рамки на активностите на полициските и оперативни служби при МВР, во делот на сузбивање на недозволената трговија со дрога, во текот на месец септември вкупно се регистрирани 78 кривични дела поврзани со недозволена трговија со дрога, и притоа согласно Кривичниот законик, кривично се пријавени 93 сторители. Според кривично правната класификација 71 од овие дела се за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, а седум кривични дела се…
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска официјално го претстави проектот „Везилка“ – Национален центар за вештачка интелигенција, капитален проект со историско значење за дигиталната трансформација на Република Македонија. Проектот, со вкупна вредност од околу 6 милиони евра, се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија преку програмата Horizon Europe и иницијативата EuroHPC, а е ко-финансиран од Министерството за дигитална трансформација и ФИНКИ – носител на проектот. „Ова е капитален проект со историско и национално значење – нова страница во дигиталниот развој на Македонија, во која Владата, универзитетите и индустријата заеднички градат национален систем за вештачка интелигенција, со ‘Везилка’, нашата држава станува активен дел…
По трагичната вест за смртта на Владимир Блажев – Панчо од ДНК, бројни пријатели од јавниот живот изразуваат неверување и тага. Меѓу емотивните пораки се издвојува онаа на водителката Миа Костова, која преку социјалните мрежи се прости од својот близок пријател. Костова напиша: „Широко небо Панчо. Не наоѓам зборови џуџе, мислев нема да се дадеш.“
Македонскиот кошаркар Перо Антиќ, се придружи на низата јавни личности кои емотивно се простија од Владимир Блажев – Панчо, членот на дуото ДНК, кој почина по долго боледување од повредите здобиени во пожарот во „Пулс“. Антиќ, кој беше близок пријател со Панчо, преку социјалните мрежи сподели порака со која ја изрази својата длабока тага. Со многу емоции, Антиќ напиша: „Џуџе мое, многу ќе ми фалиш.“
По веста за смртта на Владимир Блажев – Панчо од дуото ДНК, кој ја загуби битката со повредите од пожарот во „Пулс“, македонската естрада со длабока тага се простува од својот колега. Пејачката Антониа Гиговска е меѓу првите што јавно изрази сочувство и тага. Таа на социјалните мрежи објави заеднички фотографии со Панчо, придружени со емотивна порака: „Фала ти за секој совет, фала ти за поддршката што ми ја даваше секогаш во секое време, ќе ни фалиш на сите.“
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 19-годишник осомничен за продолжено кривично дело – Тешка кражба по член 236 став 1 точка 1 и едно кривично дело – Одземање на моторно возило по член 242 став 1 од Кривичниот законик. За помалку од 20-тина дена, односно од 22.09 до 09.10.2025 година, осомничениот извршил четири тешки кражби на велосипеди и електрични тротинети во центарот на Скопје, со што прибавил вкупна противправна имотна корист од околу 170 илјади денари. При кражбите користел сила за да ги скрши сигурносните сајли со кои биле обезбедени превозните средства и да ги одземе. На 28 септември…
