- Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот
- 55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки
- Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога
- Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица
- Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност
- „Алeлуја, Европа сфати“: Словачкиот премиер ја поздрави потребата за преговори со Москва
- Проценки на Пентагон: Трошоците на американската војска во судирот со Иран надминаа 47 милијарди долари
- Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите
Author: Author 04
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го финализираше Планот за реконструкција на згради кои ги користат лицата од јавниот сектор на државно ниво за периодот 2025–2028 – документ кој поставува јасна, тригодишна рамка за најобемната енергетска обнова на институции во земјата досега. Планот веќе е усвоен од Владата, по процес на усогласување со вкупно 33 институции. Овој стратешки документ произлегува од реформската агенда и законската обврска секоја година да се реконструираат најмалку 3% од вкупната корисна подна површина на јавните згради. Притоа, мерките за енергетска ефикасност се задолжителен дел од секоја реконструкција. Во програмата се опфатени 14 јавни згради…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова потпиша серија укази со кои се вршат значајни кадровски промени во дипломатско-конзуларните претставништва. Со новите одлуки, објавени во Службен весник, се отповикуваат амбасадорите во Италија, Австрија и Индија, додека амбасадорот во Бразил добива проширени надлежности, објави 4NEWS.mk. Најновите укази до кои дојде 4NEWS.mk предвидуваат престанок на мандатите на тројца актуелни амбасадори во наредниот период, со прецизно утврдени датуми за нивно враќање во земјата. Со Указ број 34, од должноста се отповикува Весел Мемеди, вонреден и ополномоштен амбасадор во Италијанската Република. Неговиот мандат, кој ги опфаќа и нерезидентните должности за Сан Марино и Малта, ќе престане заклучно со 31…
Пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната собраниска седница упати критики до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, барајќи објаснување зошто Владата упорно одбива да ја покачи минималната плата барем на 500 евра, во услови на драстично зголемени трошоци за живот. Тренчевска посочи дека синдикалната потрошувачка кошница за само 15 месеци, од јули 2024 до септември 2025 година, е зголемена за 4.507 денари (од 60.570 на 65.077 денари), што ја прави моменталната минимална плата од 24.379 денари недоволна за опстанок. „Кога ќе се пресмета односот меѓу минималната плата и синдикалната кошница, добиваме апсурдна формула: за да преживее едно семејство,…
Министерот за правда, Игор Филков, одговори на пратеничкото прашање на Јована Тренчевска (СДСМ) во врска со Извештајот на Европската комисија и стагнацијата на реформите, нагласувајќи дека Министерството за правда во изминатите 18 месеци подготвило и доставило во владина процедура повеќе закони од Реформската агенда отколку во претходните години. Филков посочи дека сите клучни закони се работени низ јавен и транспарентен процес, критикувајќи го начинот на носење закони од претходната власт. „Законите се работени во јавен и транспарентен процес, не се носени во висококатница на Дубаи ниту на јахта во Халкидики. Повеќе нема да носиме закони во интерес на поединци и…
Пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната седница за пратенички прашања, побара одговор од министерот за правда, Игор Филков, зошто реформите во правосудниот систем се целосно стагнирани и кој ќе понесе одговорност за блокадата во овој клучен сектор. Тренчевска ја базираше својата критика на најновиот Извештај на Европската комисија (ЕК), кој, како што посочи, јасно нотира дека „нема напредок“ во судските реформи, а државата е оценета со „недоволен еден“ во поглавјето 23 (Темелни права и правосудство). „ЕК јасно кажува – ’нема напредок.‘ Во поглавјето 23 ’Темелни права и правосудство‘ земјата е оценета со недоволен еден. Ова е оценката за владата…
Пратениците на СДСМ и Коалицијата, денеска поднесоа иницијатива за основање на Анкетна комисија за трагедијата во Кочани, на којашто се придружија и пратениците од Левица а беше дел и од барањата на семејствата на загинатите и повредените. „Анкетната комисија треба да ја утврди целата вистина, како и на кој начин била загрозена безбедноста на присутните во објектот во Кочани, да ги утврди институционалните пропусти, прекршувањата на законските одредби, како и да лоцира политичка одговорност. Врз основа на наодите, пратениците предлагаат Анкетната комисија да изготви и на Собранието да му поднесе Извештај најдоцна еден месец по завршување со работа. Ги повикуваме…
Вчера во 14.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во кругот на Комплексот клиники „Мајка Тереза” бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.Д.(26) од Скопје и 32-годишната С.П. од Демир Капија. Исто така, во 20:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автобуска постројка на бул.„Александар Македонски”, Б.Д. сакал насилно да се качи во автобус каде била С.П., а откако возачот не му ја отворил вратата агресивно се однесувал кон него. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Собранието попладнево, во рамки на 70-тата седница, ги верифицираше мандатите на тројцата нови пратеници: Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов. Тие доаѓаат на местото на поранешните пратеници кои беа избрани за градоначалници на локалните избори: Бети Стаменкоска-Трајкоска (Кисела Вода), Јане Мицевски (Сопиште) и Дејан Проданоски (Прилеп). Пратеникот Мартин Стојановски влегува во Собранието на местото на Игор Никовски, кој претходно ја известил Државната изборна комисија (ДИК) дека не го прифаќа освоениот мандат.
Дискусијата за минималната плата и барањето за зголемување беа дел од денешната собраниска седница на која пратениците од опозицијата побараа одговор од министерот за економија. Министерот Бесар Дурмиши рече дека Владата е за зголемување на минималната плата, но дека за тоа треба да се договорат синдикатите и работодавачите. Во одговорот, Дурмиши рече дека доколку се зголеми минималната плата без економска оправданост, малите и средните претпријатија ќе се соочат со проблем што ќе се рефлектира со отпуштање на работниците. – Како Влада и како Министерство за економија не сме против зголемување на минималната плата, но потребен е договор меѓу синдикатите и…
Во текот на вчерашниот ден и денешниот ден во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ш.К.(23) од с.Арачиново, скопско, Е.С.(18), С.Д.(36), А.Б.(26) и Ф.Р.(20), сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
