Close Menu
Press24
    Најново

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Дурмиши: Создавањето можности за младите е приоритет на Министерството
    • (ФОТО) Клековски: Се вакцинирав против сезонски грип
    • „Брат ми ми се заканува со нож“ – Семејна драма во Велес
    • Тешка сообраќајка на скопската обиколница: Се судирија автобус и „мерцедес“ – има повредени
    • Падна полицаец од Тетово: Наместо казни од 300 евра за брзо возење, издал предупредување и казна од 45 евра
    • ФОТО: Се пребарува реката Вардар по пријава за исчезнато лице
    • Спречен шверц на Богородица: Возач на автобус се обидел да прокриумчари лекови за малигни заболувања во кутија за прва помош
    • Хасан: Во Општина Центар има околу 3.000 нерешени пријави од граѓани
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сиљановска-Давкова ги отповика амбасадорите во Италија, Австрија и Индија

    Сиљановска-Давкова ги отповика амбасадорите во Италија, Австрија и Индија

    18.11.2025 во 16:472 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова потпиша серија укази со кои се вршат значајни кадровски промени во дипломатско-конзуларните претставништва. Со новите одлуки, објавени во Службен весник, се отповикуваат амбасадорите во Италија, Австрија и Индија, додека амбасадорот во Бразил добива проширени надлежности, објави 4NEWS.mk.

    Најновите укази до кои дојде 4NEWS.mk предвидуваат престанок на мандатите на тројца актуелни амбасадори во наредниот период, со прецизно утврдени датуми за нивно враќање во земјата.

    Со Указ број 34, од должноста се отповикува Весел Мемеди, вонреден и ополномоштен амбасадор во Италијанската Република. Неговиот мандат, кој ги опфаќа и нерезидентните должности за Сан Марино и Малта, ќе престане заклучно со 31 јануари 2026 година.

    Со Указ број 35, Освит Росоклија е отповикан од позицијата амбасадор во Република Австрија. Неговата должност ќе заврши на крајот на февруари, односно заклучно со 28 февруари 2026 година.

    Третото отповикување се однесува на амбасадорот во Њу Делхи. Со Указ број 36, Слободан Узунов е отповикан од должноста амбасадор во Република Индија. Узунов, кој истовремено ги покриваше и Народна Република Бангладеш и Социјалистичка Република Шри Ланка на нерезидентна основа, ќе ја извршува функцијата заклучно со 19 декември 2025 година.

    Покрај отповикувањата, Претседателката донесе и одлука за проширување на дипломатското покривање во Јужна Америка.

    Со Указ број 37, Игор Попов е именуван за нерезидентен вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија за Ориентална Република Уругвај. Попов оваа функција ќе ја извршува од Бразилија, каде што е веќе стациониран како резидентен амбасадор.

    Сите укази стапуваат на сила со денот на донесувањето, а за нивното извршување е задолжен Министерот за надворешни работи и надворешна трговија.

    Прочитај повеќе

    Дурмиши: Создавањето можности за младите е приоритет на Министерството

    21.10.2026 во 14:22

    Хасан: Во Општина Центар има околу 3.000 нерешени пријави од граѓани

    21.10.2026 во 13:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.