Author: Author 04

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), на граничниот премин Ќафасан, спречија увоз на над 26 тони замрзнат пилешки батак без коска поради неисполнување на условите за увоз. Пратката со 2167 пакувања по 12 килограми замрзнато пилешко месо, по донесеното Решение за забрана за увоз од официјалните ветеринари на АХВ, вратена е во земјатаизвозник – Бразил, соопшти АХВ.„Забраната за увоз е изречена бидејќи пратката била во спротивност со донесеното решение за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло од Бразил заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена авијарна инфлуенса (птичји грип)…

Повеќе

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во утринските часови, на одредени места ќе има појава на магла и зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. КатегоријаИнтервалМинимална-4 до 3Максимална10 до 15 Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко со мала до умерена облачност. Во текот на следната седмица ќе се задржи сончево и претежно тивко време со мала до умерена локална облачност.

Повеќе

Денеска во 20:05 часот на патот Гостивар-Тетово после клучка ,,Камењане”, настанала сообраќајна незгода помеѓу патничко возило ,,Мерцедес” со австриски регистарски ознаки и патничко возило ,,БМВ” со тетовски регистарски ознаки. Во незгодата со повреди се здобиле осум лица кои со возила на итна медицинска помош се пренесени во Клинички центар Тетово. Поради вршење на увид, сообраќајот се одвива по една коловозна лента.

Повеќе

Вечерва е уапсен поранешниот државен правобранител, Фехми Стафа, под сомнение за примање поткуп. Според првичните информации до кои дојде Press24, Стафа е лишен од слобода за дело поврзано со поткуп од неколку десетици илјади евра.

Повеќе

Земјоделците од цела Грција, на денешниот масовен состанок во Лариса, донесоа одлука да ја одбијат отворената покана за средба со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис закажана за понеделник во 17 часот. Земјоделците одлучија: Според државната новинска агенција АНА-МПА, земјоделците истакнале дека дијалогот нема суштинска содржина без конкретни решенија и опипливи одговори на нивните барања. Протестите, кои започнаа на 30 ноември поради зголемените трошоци за производство, ниските цени и скандалот со субвенциите, продолжуваат низ цела Грција: Автопатот Солун – Атина е затворен кај Никеа (Лариса), а сообраќајот се пренасочува по споредни патишта. Блокадите продолжуваат и на граничните премини кон Северна Македонија (Евзони),…

Повеќе

Делегација од Северна Македонија, предводена од министерката за енергетика, рударство и минерални ресурси, Сања Божиновска, престојуваше во Белград на работна средба со српската колешка Дубравка Хандановиќ Ѓуровиќ. Главен фокус на средбата беше забрзаната имплементација на проектот за гасен интерконектор меѓу Северна Македонија и Србија, кој е од стратешко значење за регионалната енергетска безбедност и диверзификација. Изградбата на интерконекторот се очекува да биде завршена во 2027 година, а првиот гас да помине низ гасоводот во 2028 година. Интерконекторот е долг околу 67 километри (23 км во С. Македонија и 44 км во Србија) и ќе ги поврзе гасните системи од Клечовце…

Повеќе

Вчера (12.12.2025) во 13:00 часот во СВР Скопје М.Г.(18) пријавил дека на 10.12.2025 околу 12:00 часот во село Стајковци, скопско, во берберница бил физички нападнат од М.М. и Т.М. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Ноќеска во 02:00 часот во СВР Тетово од слобода се лишени Б.Ш.(24) И.И.(28), А.И.(27) и Ф.И.(24) сите од с.Боговиње, тетовско. По претходна пријава во СВР Тетово дека околу 01.00 часот на автопат Гостивар – Тетово во близина на клучка Камењане, додека А.А.(28) од с.Пирок се движел со патничко возило ,,бмв” со швајцарски национални ознаки во кое како совозач бил Р.Ј.(28) од с. Пирок, тетовско позади нив се движело патничко возило ,,пасат” со тетовски регистерски ознаки управувано од И.И. од с. Боговиње, кој им пуштил светлосни ротации а потоа ги престигнал и им го пресекле патот.Од возилото излегле приведените лица кои физички ги нападнале А.А.…

Повеќе

Политичките субјекти треба да се воздржат од јавно етикетирање и дискредитација на медиумите. Таквите настапи можат да влијаат ограничувачки врз слободата на изразување и да ја намалуваат довербата во јавноста, што оправдано буди грижа и е за осуда, реагираат од Здружението на новинари на Македонија по денешната прес-конференција на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. „Во конкретниот случај, СДСМ, наместо јавно да ги рецензира медиумите, ќе беше посоодветно да ги искористи механизмите на саморегулаторните тела. Доколку постои сомнеж за неетичко или непрофесионално известување, на располагање стојат утврдени саморегулаторни механизми, како Советот за етика во медиумите и Советот на честа, преку кои…

Повеќе

Одделот за внатрешна контрола при МВР поднесе кривична пријава до надлежното јавно обвинителство против Е.П., адвокат од Штип, како и против Д.Д., И.А., Г.Т. и Х.С., полициски службеници од Штип и Кочани, поради сомнение за сторено кривично дело „попречување на правдата“. Според пријавата, пријавените во текот на Септември 2025 година преземале дејствија со кои било отежнато и спречено прибирањето на докази во кривична постапка. Против полициските службеници ќе биде поведена и дисциплинска постапка.

Повеќе