- Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа
- Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило
- Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација
- Земјотрес ја погоди Србија
- Купил возачка дозвола за 1.000 евра и тргнал на пат – Украинец уапсен на граница во Црна Гора
- Дронови потопија брод кај бугарскиот брег, екипажот е спасен
- Доаѓа Митровден – Што значи ако врне, а што ако сонце грее
- Се урна хеликоптер во близина на Брчко, загинаа 4 лица, неколкумина се повредени
Author: Author 04
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, од собраниската говорница најави дека итно мора да започне имплементацијата на проектот „Безбеден град“, и покрај сите забелешки. Тој го искористи драматичниот просек од 145 жртви годишно во сообраќајот како аргумент за потребата од системот. Тошковски одговараше на прашање од пратеникот Илир Хасани (Европски фронт), кој како лекар-трауматолог го поддржа проектот, но изнесе критики од граѓаните за брзината на казните (51 км/ч) и техничките недостатоци. Министерот се согласи со критиките дека доцна се почнува, но потенцираше дека доцнењето не е неколку месеци, туку најмалку десет години во споредба со земјите-членки на ЕУ. „Катастрофа е…
Пратениците од опозициската СДСМ денеска ја напуштија собраниската седница посветена на опозициски пратенички прашања, наведувајќи ја како причина неприсутноста на министрите и несогласувањето со Резолуцијата поднесена од владејачката коалиција. Координаторот на пратеничката група, Оливер Спасовски, упати остра критика: „Прво во однос на пратеничките прашања за коишто гледаме дека практично не се присутни оние на коишто треба да им се поставуваат… Значи нема цел да имате опозициски пратенички прашања, кога тие коишто треба да ги прашате не се тука, а се должни да бидат тука и да одговараат пред народното Собрание“, рече Спасовски. Тој посочи дека побарале присуство на министрите за…
Иницијативата „Зелен хуман град“ (ЗХГ) ја поздрави одлуката на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски да го откаже овогодинешниот огномет на централната новогодишна прослава во Скопје. Според ЗХГ, оваа одлука е резултат на институционалниот притисок од нивниот советник Марјан Калевски, вонинституционалните јавни реакции и, најважно, ангажираноста на граѓаните кои испраќале мејлови до надлежните институции. Иако потегот го сметаат за позитивен, од ЗХГ предупредуваат дека не смее ваква клучна материја да биде дискреционо право на еден градоначалник, бидејќи „денес овој градоначалник донел позитивна одлука, утре некој друг нема да донесе таква“. Инсистираат на трајно решение: „Инсистираме оваа високоризична материја да се нормира и законски…
Главната причина за зголемувањето на цените се мемориските чипови, но и трошоците за производство што производителите ќе им ги „пренесат“ на клиентите. Цените на паметните телефони би можеле да се зголемат во просек за 6,9 проценти во 2026 година поради недостаток на мемориски чипови предизвикан од силната побарувачка од секторот за вештачка интелигенција (ВИ), според нова студија на Counterpoint Research. Прогнозата е значително променета во споредба со претходната проекција во која беше најавено зголемување на цените на телефоните од 3,6 проценти, објавува CNBC. Дополнително, глобалните испораки на паметни телефони би можеле да се намалат за 2,1 процент во 2026 година,…
Според официјалните мерења на квалитетот на амбиенталниот воздух, Скопје денеска се наоѓа меѓу најзагадените градови во светот. Според платформата IQAir, денеска во 14:45 часот, главниот град на Македонија беше на петтото место по загаденост, откако претходно накратко беше и меѓу првите три најзагадени. Пред Скопје, на листата по загаденост се наоѓаат градови од Азија: Лахоре (Пакистан), Колкута и Њу Делхи (Индија), како и Сараево (Босна и Херцеговина). Листата на топ 10 најзагадени градови ја заокружуваат градови од Кина и Пакистан, што значи дека Скопје, веднаш по Сараево, денеска е втор најзагаден европски град.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Народна Демократска Република Алжир, со седиште во Букурешт, Абделмаџид Наaмун. Неговото именување, како што рече претседателката, е уште една потврда за добрите македонско-алжирски односи, втемелени на заемно разбирање и почит. За неа, посветениот и професионален ангажман на амбасадорот Наамун ќе придонесе кон продлабочување на пријателските и партнерски односи на билатерален и мултилатерален план. Истакнувајќи дека обете држави имаат богата историја и вредно културно наследство, Сиљановска-Давкова очекува интензивирање на соработката во културата, образованието и туризмот, како и во рамките на ООН и другите меѓународни организации. На церемонијата, новоименуваниот амбасадор…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, остро го искоментира повлекувањето на компанијата на Џаред Кушнер, зет на Доналд Трамп, од проектот за изградба на луксузен хотелски и станбен комплекс на местото на бомбардираниот Генералштаб во Белград. Вучиќ ја префрли вината на кампањата која се водеше против инвеститорот. „Сè што се случи во врска со Генералштабот, се гордеам со сите што учествуваа во обидот да се донесе толку голем инвеститор, а со кампањата и ловот што се водеше против инвеститорот успеавме да го уништиме сето тоа“, рече Вучиќ, пренесува „Телеграф“. Тој ја оцени штетата како огромна, обвинувајќи дека целта на критиките е…
Основен суд во Велес изрече условна казна затвор од три месеци за родител кој му овозможил на својот малолетен син да користи електричен тротинет, при што детето заедно со другар се повредило. Казната е алтернативна, односно нема да биде издржана доколку осудениот во наредната една година не стори ново кривично дело. Родителот е прогласен за виновен за кривично дело „Предизвикување на општа опасност“. Според обвинението, настанот се случил на 1 мај годинава. Обвинетиот го оставил електричниот тротинет во дворот на семејната куќа, достапен за управување. И покрај тоа што бил свесен за ризикот, тој не го спречил детето да го…
Американските федерални власти вчера објавија дека уапсиле четворица наводни членови на екстремистичка група, осомничени за планирање на координирани бомбашки напади за Нова Година низ Јужна Калифорнија. Уапсените се членови на огранок на пропалестинската група наречена „Фронт за ослободување на островот желка“, стои во федералната кривична пријава. Осомничените биле приведени минатата недела во долината Лузерн, пустински град источно од Лос Анџелес. Тие се подготвувале да тестираат импровизирани експлозивни направи пред да го извршат планираниот напад. Главниот обвинител Пам Бонди изјави дека групата планирала да изврши серија бомбашки напади врз повеќе цели во Калифорнија, почнувајќи од новогодишната ноќ. Како дополнителни цели биле…
Вчера (15.12.2025) во 16:30 часот во СВР Скопје, 19-годишна жена пријави дека на 14.12.2025 околу 19:10 часот на автобуската постојка на подрачјето на Гази Баба, била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер М.Ј.(29). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
