- Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
- 20 години од смртта на Наско Џорлев
- Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
- Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
- Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
- Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
- Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
- Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
Author: Author 04
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното ОЈО за ГОКК– Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција поднесе кривична пријава против Б.И., командир на Полициско одделение Чегране, К.Б., Т.Е., В.Т. и Б.Е. , сите полициски службеници од Полициско одделение Чегране при СВР Тетово, поради основи на сомнение за сторно кривично дело „попречување на правдата“, предвидено и казниво по член 368 став 8 од Кривичниот законик. Како што се наведува во полицискиот билтен, пријавените полициски службеници во повеќе наврати во текот на 2025 година,…
Денес, кога Собранието треба да одлучува и кога опозицијата требаше да му поставува прашања на премиерот Христијан Мицкоски, тој наеднаш избега во Брисел, се посочува во соопштението од СДСМ. „Ја остави Резолуцијата на СДСМ непотпишана а контра Резолуцијата остави да ја туркаат неговите послушници од ДПМНЕ и ЗНАМ. Оние што верно го следат предавството на својот претседател и оние што ЗНААТ дека ја предале Македонија за пари. Толку за „храбриот“ Христијан Мицкоски. Не смее да одговара на прашањата на опозицијата, затоа што вистината не може да ја погледне во очи! Правдата ќе победи!“, стои во соопштението од СДСМ.
Куќа изгоре во пожар што се случи претпладнево во строгиот центар на Неготино. Брзата и ефикасна интервенција на противпожарните екипи спречила поголема катастрофа во густо населената околина. Во гаснењето на пожарот учествуваа десет пожарникари со три противпожарни возила. Нивната главна задача била да спречат огнот да се прошири на соседните објекти, од кои некои биле во непосредна опасност и биле делумно опожарени. За среќа, нема настрадани лица. Повозрасниот човек кој живеел во куќата што изгорела е безбеден.
Во изминатиот период бевме сведоци на тоа како СДС сака да внесе несигурност и вознемиреност во јавноста преку ширење на лажни информации, свесни манипулации и дезинформации, кои беа интензивно и гласно пласирани во јавниот простор, рече на денешната прес-конференција Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Разбирливо е дека СДС и Филипче се во континуиран слободен пад, без визија и во отсуство на вистински политики, и затоа посегнуваат по секоја цена да дојдат до некаков политички поен и краткорочен бенефит, посочи Стојаноски. „СДС и Венко Филипче, продолжуваат по стапките на нивниот ментор Зоран Заев. Секојдневно, гледаме иста реторика, исти методи и исти манипулативни…
Ахмед ал Ахмед, минувачот кој вчера херојски успеа да го совлада и разоружа еден од напаѓачите за време на терористичкиот напад во Бонди, изјави дека, и покрај тешките повреди и силната болка, „повторно би го направил истото“. Ова го потврди неговиот адвокат за миграции, Сем Иса, нагласувајќи дека Ахмед не жали за својот чин. Ахмед е хоспитализиран во болницата „Сент Џорџ“ во Когара каде закрепнува по првата операција. Тој има пет прострелни рани на левата рака, а еден куршум сѐ уште е заглавен во пределот на левата лопатка. Лекарите се загрижени поради сериозната загуба на крв и постои ризик дека…
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: · од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден; · од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош; · од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода; · од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Навид Акрам (24), еден од осомничените за терористичкиот напад на плажата Бонди во Сиднеј, се разбуди од кома и во моментов е подложен на испрашување од страна на полицијата. Навид и неговиот татко Саџид Акрам (50) се обвинети за убиство на 15 лица кои ја прославувале Ханука на плажата во неделата, во најсмртоносното масовно пукање во Австралија во последните 30 години. Таткото, Саџид, почина на местото на настанот откако бил застрелан од полицијата додека се криел на пешачки мост со својот син. И покрај тоа што бил повеќепати застрелан од „храбрите полицајци“, Навид бил итно префрлен во болница, каде што…
Австралиските и филипинските власти интензивно ги реконструираат последните движења на Саџид и Навид Акрам, татко и син кои го извршија терористичкиот напад на плажата Бонди во Сиднеј. Во нападот загинаа 16 лица, а околу 40 беа повредени. Истрагата се фокусира на нивниот едномесечен престој на Филипините непосредно пред трагедијата. Имиграциската служба во Манила потврди дека двајцата отпатувале од Австралија на 1 ноември и останале на Филипините до 28 ноември. Последната локација на нивното патување бил градот Давао, кој се наоѓа на југоистокот од островот Минданао. Овој регион со години е познат по активноста на исламистички милитантни групи. Иако засега нема…
Едно дете (10) беше убиено, а уште четири лица беа повредени кога матурант од училиште во Московскиот регион пристигна вооружен утрово и почна да боде луѓе! 15-годишен тинејџер со нож нападнал обезбедувач и четири ученици во училиштето, а ученик од 4-то одделение им подлегнал на повредите. Хоророт се случил во основно училиште во селото Горки-2 во Одинцовскиот округ на градот, а според некои медиумски извештаи, се сомнева дека напаѓачот донел и експлозиви во училиштето. 15-годишното момче наводно е ученик во 9-то одделение во училиштето каде што го извршил нападот. Некои медиуми известуваат дека дошол во училиште со балаклава на главата,…
Најмалку седум лица го загубија животот при пад на мал авион во централно Мексико, додека уште три лица се водат како исчезнати, соопштија синоќа мексиканските воздухопловни власти, пренесува ДПА. Несреќата се случила во индустриска зона во градот Толука, во близина на локалниот аеродром. Авионот, од типот „Cessna Citation“, полетал од туристичкиот град Акапулко на Тихиот Океан и се упатил кон Толука, информира Министерството за транспорт. Според медиумските извештаи, во авионот имало вкупно десет лица – двајца членови на екипажот и осум патници, меѓу кои и три деца. Трагедијата е проследена со драматични детали од комуникацијата. Во последната комуникација со контролата…
