Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Есента полека доаѓа: Од среда 4 степени наутро – неделна временска прогноза
    • Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп
    • Цветна елеганција на Претседателката Сиљановска во Битола
    • „Октоберфест“ почна со инцидент: Посетители виселе со главите надолу поради дефект на реквизит
    • Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел
    • СДСМ: Земјоделецот плаќа повеќе а не добива ништо – Мицкоски гледа за дата центри и антимон
    • Утре е голем празник: Мала Богородица – овие се обичаите
    • ССМ: За да се преживее потребни се 70.000 денари месечно
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Лекарите загрижени за херојот кој го совлада напаѓачот во Сиднеј: Загуби многу крв, постои ризик

    Лекарите загрижени за херојот кој го совлада напаѓачот во Сиднеј: Загуби многу крв, постои ризик

    16.12.2025 во 11:042 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Ахмед ал Ахмед, минувачот кој вчера херојски успеа да го совлада и разоружа еден од напаѓачите за време на терористичкиот напад во Бонди, изјави дека, и покрај тешките повреди и силната болка, „повторно би го направил истото“. Ова го потврди неговиот адвокат за миграции, Сем Иса, нагласувајќи дека Ахмед не жали за својот чин.

    Ахмед е хоспитализиран во болницата „Сент Џорџ“ во Когара каде закрепнува по првата операција. Тој има пет прострелни рани на левата рака, а еден куршум сѐ уште е заглавен во пределот на левата лопатка.

    Лекарите се загрижени поради сериозната загуба на крв и постои ризик дека тој би можел да ја изгуби раката.

    Неговиот адвокат истакна дека Ахмед е скромен човек кој не бара медиумско внимание и постапил од чисто чувство на човечка и морална должност. По добивањето на австралиско државјанство во 2022 година, тој се чувствувал обврзан да ѝ помогне на заедницата која го прифатила.

    Неговите родители, пак, изјавија дека и покрај повредите, тој е добро расположен. Мајката призна дека „плачела од гордост“ кога дознала дека синот спасил животи, а таткото додаде дека Ахмед му се заблагодарил на Бога што им помогнал на невини луѓе.

    За поддршка на неговото лекување и опоравување, преку GoFundMe кампања се собрани над половина милион долари.

    Херојството на Ахмед го пофалија австралискиот премиер Ентони Албаниз и премиерот на Нов Јужен Велс, Крис Минс, а поддршка упати и американскиот претседател Доналд Трамп.

    Ахмед ал Ахмед (44), со сириско потекло, живее во Австралија од 2006 година, сопственик е на мал бизнис и татко на две мали ќерки.

    Прочитај повеќе

    „Октоберфест“ почна со инцидент: Посетители виселе со главите надолу поради дефект на реквизит

    20.09.2026 во 12:56

    САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген

    19.09.2026 во 15:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.