Author: Author 04

Вчера околу 19:00 часот на влезот на Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица лишија од слобода 15-годишник од с.Тркање, кочанско и 16-годишник од с.Будинарци, беровско, со престој во Виница. Претходно, околу 18:40 часот била забележана група од шест мигранти кои се движат од Грција во Македонија, а откако навлегле на наша територија забележени се две возила кои се движет кон мигрантите, при што пет од нив влегуваат во возилото „фиат стило“ со делчевски регистарски ознаки. По преземени мерки возило е запрено на влезот на Гевгелија и констатирано е дека го управувал 15-годишникот, а…

Повеќе

Ноќеска во 00:45 часот во с.Волково, скопско, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода 40-годишната М.С. од Скопје. Претходно, на 03.01.2026 во 20:55 часот на ул.„100“ во с.Волково, таа со патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувала, удрила во пешакот Г.И.(60) од с.Волково. Од здобиените повреди пешакот Г.И. починал на местото, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена пријава по член 300 од Кривичниот законик.

Повеќе

Првиот месец од годината традиционално носи најмногу денови за одмор. Веќе следната недела неработен за православните верници е 6 јануари (вторник) – Бадник, додека 7 јануари (среда), кога се слави Божиќ, е неработен ден за сите граѓани во Македонија. По божиќните празници, верниците ги очекува уште еден неработен ден на 19 јануари (понеделник) за празникот Водици, што воедно е и првиот продолжен викенд за оваа година. Согласно Законот за празници, еве ги останатите неработни денови за сите граѓани во 2026:За сите граѓани на РМ: За граѓаните од православна вероисповед За граѓаните од католичка вероисповед За граѓаните од муслиманска вероисповед За…

Повеќе

Македонија се соочува со алармантен пораст на сообраќајните несреќи и жртви во последните четири години, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Додека бројките растат, државата официјално го стартува системот „Безбеден град“ за да го запре овој негативен тренд. Статистиката е немилосрдна: во 2024 година животот го загубиле 142 лица, што е највисока бројка во последниот четиригодишен циклус. Најголем дел од жртвите се возачи (85), по што следуваат патниците и пешаците. „Бројот на сообраќајни незгоди, кој во 2021 година изнесувал 4.069, во 2024 достигнува 4.526 незгоди. Паралелно со растот на несреќите, расте и бројот на настраданите лица – 7.298…

Повеќе

Тешка сообраќајна несреќа со смртни последици се случила вчеравечер во скопската населба Волково. Според првичните информации, маж на возраст од околу 60 години го загуби животот откако во него удрило моторно возило. Поради сериозноста на повредите, пешакот починал на самото место, а полициски екипи веднаш извршиле увид за да ги утврдат причините за трагедијата. Од Министерството за внатрешни работи денеска се очекуваат подетални информации за несреќата.

Повеќе

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска ќе присуствува на официјалното отворање на новата детска градинка „Сонце“ во општина Сопиште. Новиот објект има капацитет за згрижување на 84 дечиња, со што значително ќе се олесни секојдневието на родителите од овој дел на Скопје. Според информациите од владината прес-служба, локацијата на градинката е стратешки избрана за да ги опслужи жителите од населените места Долно и Горно Соње, Добри Дол и Ракотинци. „Објектот е со вкупна нето квадратура од 362 м2 поделена во три занимални, дел за манифестации, административен дел, како и помошно технички дел. Средствата за изградба на оваа детска градинка се…

Повеќе

Граничниот премин Евзони денеска повторно ќе биде под блокада како дел од протестите на грчките земјоделци. Попладнево сообраќајот меѓу Македонија и Грција ќе биде во прекин неколку часа, што се очекува да создаде долги колони возила. Блокадата се однесува на сите видови сообраќај, без исклучоци за патнички или товарни возила. „Земјоделците најавуваат дека протестите ќе продолжат и во наредните денови доколку не добијат конкретни одговори и решенија од владата“, пренесуваат медиумите од терен. На патниците им се препорачува да ја прилагодат својата насока на движење или да ги користат алтернативните премини, со оглед на тоа што прекинот на Евзони е…

Повеќе

САД спроведоа дејствија поради криминални активности со дрога во Венецуела каде цел беше Николас Мадуро, велат од СДСМ.  „Пред оваа акција на САД кои беа политичарите и единствените земји во Европа кои го поддржуваа и развиваа соработка со Мадуро?  Тоа се блиските пријатели на Мицкоски, да не речеме негови деловни партнери: Орбан во Унгарија и Вучиќ во Србија.  Вучиќ најавуваше блиска соработка со Маудуро пред само неколку месеци а Унгарија со Орбан на чело беше негов поддржувач. Граѓаните многу добро ја знаат поврзаноста на ДПМНЕ на Христијан Мицкоски со СНС на Вучиќ. Освен што сите политики им се исти, освен…

Повеќе

Македонија денеска се наоѓа под влијание на променлива облачност која ќе донесе повремени локални врнежи од дожд. Според синоптичарите, денешниот ден ќе го одбележи и умерен до засилен ветер кој ќе дува од јужен правец. Максималните температури во земјава ќе се движат во интервал од 8 до 15 степени, додека во главниот град Скопје се очекува температура до 10 степени со услови за повремен дожд. „Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно и потопло со повремени локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат кон средината на следната седмица“, најавуваат од УХМР. Особена промена…

Повеќе

Македонскиот државјанин Стивен Ивановски, кој се водеше како исчезнат по катастрофалниот пожар во познатиот швајцарски зимски центар Кран Монтана, е пронајден мртов, пренесе Фокус. Потрагата по Ивановски започна веднаш по избувнувањето на пожарот во барот „Ле Констелејшн“ (La Constellation), кога неговото семејство и пријателите упатија итен апел за каква било информација. Пожарот, кој ја потресе Швајцарија за време на новогодишната ноќ, однесе десетици животи и остави над стотина повредени. По повод трагедијата се огласија и од дипломатското претставништво во земјава. „На Нова Година, Швајцарија се разбуди со катастрофалната вест за пожар во бар во Кранс-Монтана, во кој загинаа неколку десетици…

Повеќе