Author: Author 04

Образованието е темел на секое општество, но просветните работници се столбот врз којшто се гради иднината на државата. Токму затоа прашањата за нивниот статус и достоинство мора да биде високо на агендата на секоја одговорна влада. Го поздравувам договорот кој беше постигнат меѓу владата и СОНК, со што се утврди јасна и предвидлива методологија за растот на платите на просветните работници. Ова решение беше позитивно поздравено и од синдикатот, затоа што за прв пат нуди системски решавања, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска на денешната собраниска седница за пратенички прашања, прашувајќи го претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, за колкав процент…

Повеќе

Вчера во 15:30 часот во ОВР Гостивар, 52-годишник од гостиварско село пријавил дека во периодот од 25.10.2025 до 31.10.2025 бил измамен од едно лице за сума од 2.000 евра. Според пријавеното, тој на социјална мрежа забележал реклама од странска банка, по што преку линк аплицирал за кредит, а по извесно време преку социјални мрежи започнал комуникација со лице кое се претставил како претставник на банката и кој му побарал документација и трансакциска сметка. Како што е пријавено, по извесно време му било кажано дека се е во ред и дека трансферот на кредитот ќе биде реализиран откако тој ќе уплати пари…

Повеќе

Вчера во 08:35 часот на наплатна станица Градско, полициски службеници од ОВР Кавадарци во содејство со Единицата за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал при Одделот за криминалистичка полиција, ги лишија од слобода Н.Р.(41) и И.Р.(41), двајцата од Скопје.При контрола во товарно возило „пежо боксер“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал Н.Р., а сопатник бил И.Р.-полициски службеник во Полициската станица Бит Пазар, била пронајдена и одземена поголема количина пиротехнички средства за кои не поседувале никаква документација, а за кои изјавиле дека припаѓаат на правно лице од Скопје.Подоцна, при преземање на дополнителни мерки и активности, пред магацинот…

Повеќе

Денес официјално започна втората фаза од кампањата што ја водат СНС и Александар Вучиќ во Македонија, преку својата испостава – ВМРО Ванчовистичка, велат од СДСМ.„Кампањата се темели на целосна поделба на општеството. Мицкоски во последно време повеќепати користи исклучително грд наратив кон граѓаните на Македонија. Денес, во Собранието, тој инсистираше секој граѓанин што не ја поддржува неговата политика да биде опишан како, цитираме: „талог на општеството“. Секој што е против изолацијата на Македонија и против отстапувањето од европскиот пат на интеграции, според него, припаѓа на таа група. Ова веќе со години го гледаме кај Вучиќ и СНС, а особено во…

Повеќе

Вчера во 16:21 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Арачиново, Скопско, по претходна меѓусебна пресметка со огнено оружје помеѓу неколку лица, кои биле со две возила, оштетено било возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки сопственост на Б.Б., кое случајно се затекнало на местото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Вчера во 14:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 11:00 часот во водите на река Вардар, во атар на с.Трубарево, скопско, е пронајдено и извлечено тело на машко лице. По извршена проверка констатирано е дека е П.С.(71) од Скопје за кој на 23.12.2025 беше пријавено дека се оддалечил од домот. Извршен е увид, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.   

Повеќе

ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против против А.С.(64) од с.Ростуше, гостиварско,  поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на службената положба и овластување“. Во периодот од 2024 до 2025 година, пријавениот како директор во основно училиште во с.Ростуше, ја злоупотребил службената положба и овластување на тој начин што овозможил вработување на несоодветен кадар, односно нестручни наставници кои предаваат на ученици во с.Ростуше и одделенски наставници во с.Велебрдо и с.Требиште, а немале завршени студии. Тие не биле соодветни да извршуваат настава согласно Законот за наставници и стручни соработници, а било констатирано од страна на Државен просветен инспекорат при инспекциски…

Повеќе

По необично топлот декември со температури до 10 степени, Копаоник конечно ја доби вистинската зимска лика. Студениот бран ја спушти температурата на -3°C, а планината побеле со нов снежен слој кој се очекува да достигне до 10 сантиметри. Додека скијачите уживаат во новите врнежи, метеоролозите најавуваат дека вистинскиот студ допрва доаѓа. Иако до крајот на годината ќе преовладува сончево време, температурите ќе се движат во длабок минус, од -9 до -3°C, што се идеални услови за работа на топовите за вештачки снег. Новогодишната ноќ на планината ќе биде екстремно студена, а првите денови од Новата година ќе донесат „сибирски“ услови…

Повеќе

Во текот на денот, обилни снежни врнежи ја зафатија територијата на општина Кладово, а сите расположиви екипи се на терен и работат на расчистување на патиштата. Градоначалникот на општина Кладово, Саша Николиќ, го посети местото заедно со дежурните служби за да се увери дека сите активности за чистење на патиштата се одвиваат според планот. Тој апелира до возачите да го прилагодат своето возење на моменталните услови на патот.

Повеќе

Полски борбени авиони пресретнаа, визуелно идентификуваа и следеа руски извидувачки авион кој леташе над Балтичкото Море во близина на границата на полскиот воздушен простор, соопшти денес Оперативната команда на полските вооружени сили. „Наутро, над меѓународните води на Балтичкото Море, полски борбени авиони пресретнаа, визуелно идентификуваа и следеа од нивната зона на одговорност руски извидувачки авион кој леташе во близина на границата на полскиот воздушен простор“, се вели во соопштението објавено на платформата X, објави Ведомости. Како што е објавено, објектите влегле и во полскиот воздушен простор од правец на Белорусија во текот на ноќта. „По детална анализа, беше утврдено дека…

Повеќе