- УХМР со најнови податоци: Каде е најжешко, а каде наврна најмногу дожд до 14 часот
- Рокас: Прво уставни измени, па преговори со ЕУ
- Важно известување за сите кои планираат викендов да патуваат за Грција
- Приведен 33-годишник од Карбинци: Вршел полови дејствија врз малолетничка и ѝ пренел заразна болест
- Николоски од терен: Изградбата на пругата кон Бугарија напредува, возови очекуваме во октомври 2028 година
- (ФОТО) Нова зелена оаза во Скопје: Бутел добива мега парк на 8.000 метри квадратни
- Пороен дожд и грмежи во Кичевско и Македонски Брод, еве на каде се движат облаците
- Утре ќе нема струја до 16 часот: ЕВН најави исклучувања во неколку скопски населби
Author: Author 03
Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со силна динамика, сите предизвици што се појавуваат на трасата се надминуваат со добра координација на институциите и Изведувачот и очекуваме оваа автопатска делница да биде завршена почетокот од 2028 година, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој заедно со директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски извршија увид во градежните работи. Интензивно се работи на 22 км пробиена траса од вкупно 40 км или на 55 % од вкупно предвидената траса. Изградбата се реализира согласно динамичкиот план, покрај земјените работи на трасата се работи на 2 моста,…
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, учествува на 56. состанок на директори за цивилна заштита на земјите членки на Европската Унија (ЕУ) и на земјите учеснички во Механизмот за цивилна заштита на ЕУ од 14 до 16 април 2026 година во Никозија, Кипар. Како што соопшти ДЗС, главна тема на состанокот била подготвеноста за претстојната сезона на пожари на отворено, унапредувањето на цивилно-воената соработка, како и улогата и перспективата на вештачката интелигенција во цивилната заштита. – Посебна сесија на овој меѓународен 56. состанок на директори за цивилна заштита беше посветена на зајакнувањето за соработка во рамките…
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека лидерите на Израел и Либан се очекува да одржат директни разговори, што би претставувало прв ваков контакт меѓу двете соседни земји во последните 34 години. Овој потег е дел од засилените напори на Вашингтон за деескалација на тензиите во регионот. Што е познато досега? Регионален контекст Овие дипломатски напори се случуваат во време на сложена безбедносна ситуација на Блискиот Исток, која вклучува повеќе отворени фронтови и континуирани воени судири. Администрацијата на Трамп нагласува дека овие разговори се посебен процес и не се директно поврзани со паралелните преговори што САД ги водат во врска со…
Украинските градови Киев, Днепар и Одеса утрово беа мета на серија интензивни воздушни напади. Според првичните информации од терен, нападите резултирале со човечки жртви и материјална штета на клучната инфраструктура. Детали за нападите Сирените за воздушна опасност се огласија во текот на ноќта и раните утрински часови, предупредувајќи ги граѓаните на опасност од ракетни удари и напади со беспилотни летала. Регионална реакција Украинските власти апелираа до меѓународната заедница за зголемена помош во противвоздушната одбрана со цел да се заштитат цивилните објекти од постојаните напади. „Ова е уште еден тежок ден за нашиот народ. Русија продолжува со својата стратегија на терор…
Почна протестот на културните работници пред Министерството за култура. Синдикатот на културата излегува на протест против непочитувањето на колективните договори и институционалното игнорирање на културните работници.
Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира дезинформациите објавени на социјалните мрежи за наводен недостаток на обрасци за возачки дозволи. Ја информираме јавноста дека нема никаков недостаток туку напротив, МВР има обезбедено залихи кои се доволни за наредните три години. Термин за фотографирање на граѓаните се добива за само еден ден, а возачките дозволи се изработуваат и издаваат за неколку дена, многу порано од законски пропишаниот рок. Апелираме да не се шират дезинформации со кои се создава забуна меѓу граѓаните, стои во соопштението на МВР.
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“, оствари работна посета на Општина Охрид, при што одржа средба со градоначалникот Кирил Пецаков, членовите на Советот и општинската администрација. На средбата се разговараше за развојните приоритети на општината, тековните предизвици и можностите за нивно надминување преку заедничка координација меѓу централната и локалната власт. Во фокусот на разговорите беше почетокот на реализацијата на проектот AdvenTour2, кој се спроведува во рамки на ИПА 3 програмата за прекугранична соработка со Република Грција. Буџетот за Општина Охрид изнесува 187.685 евра, а проектот има за цел унапредување на пристапниот…
Министерот за животна средина и просторно планирање денеска ја отвори тркалезната маса „Од политика до пракса: Приоритети за животна средина во рамките на програмата LIFE“, истакнувајќи дека Северна Македонија е една од првите земји во регионот што пристапи кон овој клучен европски инструмент. Министерот нагласи дека во партнерство со „K&S Скопје“ веќе се работи на зајакнување на националните капацитети, со цел максимално искористување на средствата од ЕУ за зелен пресврт и енергетски ефикасна економија. Хоџа истакна дека програмата LIFE не е само фонд, туку механизам за зелен пресврт кон енергетски ефикасна економија и здрава животна средина.,,Имаме заедничка цел – претворање…
Полициски службеници од ОВР Делчево, по претходно добиени оперативни сознанија, во содејство со инспектори по шумарство од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Шумска полиција, на 14 и 15.04.2026 на неколку локации во Делчево и с. Бигла запленија 19 метри кубни нелегално сечени дрва, и тоа 5,19 м3 борови дрва и 13.86 м3 дабови дрва. Дрвата се одземени од страна на Шумска полиција Делчево и по целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци по член 69 од Законот за шуми против правно лице- пилана во с. Бигла, сопственост на В.С. (69) од с. Лески, како и против…
На 15.04.2026 во 20:40 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани ги лишија од слобода 21-годишната Н.А. од Кавадарци и Б.В.(47) од Кочани. При претрес во домот во кој привремено престојува Н.А., извршен со наредба на Основен суд Кочани, а во кој бил затекнат и Б.В., пронајдени се и одземени марихуана, бела прашкаста материја, кафеава материја и предмети со остатоци од мариахуана и прашкаста материја, соопштија од полицијата. По целосно документирање на случајот, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
