- УХМР со најнови податоци: Каде е најжешко, а каде наврна најмногу дожд до 14 часот
- Рокас: Прво уставни измени, па преговори со ЕУ
- Важно известување за сите кои планираат викендов да патуваат за Грција
- Приведен 33-годишник од Карбинци: Вршел полови дејствија врз малолетничка и ѝ пренел заразна болест
- Николоски од терен: Изградбата на пругата кон Бугарија напредува, возови очекуваме во октомври 2028 година
- (ФОТО) Нова зелена оаза во Скопје: Бутел добива мега парк на 8.000 метри квадратни
- Пороен дожд и грмежи во Кичевско и Македонски Брод, еве на каде се движат облаците
- Утре ќе нема струја до 16 часот: ЕВН најави исклучувања во неколку скопски населби
Author: Author 03
Транспарентноста и отчетноста претставуваат клучни приоритети во функционирањето на здравствениот систем и континуирано работиме на подобрување на процедурите и зголемување на довербата во здравствениот систем. Согласно извештајот – во здравството уделот на жалбените решенија изнесува 2,43%, што е под вкупниот државен просек од 2,88 отсто. При тоа најголем дел од спорните точки се поврзани со евалуацијата на понудите. Токму затоа Министерството веќе презеде мерки, кои дадоа и први конкретни резултати – за помалку од шест месеци го зголемивме резултатот во системот на интегритет од 34,2% во 2024 на 66,15% во 2025. Во истата насока е и тригодишната набавка на лекови…
21-годишник објавил слики и видеа од возилата АРМ, кривична за нарушување воена безбедност и тајност
Неготинец бил осомничен за сторено кривично дело „неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства“, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес. -Вчера во 13:40 часот во ОВР – Неготино бил извршен службен разговор со Д.К., на возраст од 21 година од Неготино, поради основи на сомневање за сторено кривично дело „неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства“, казниво по член 350 од Кривичниот законик, односно дека во армискиот полигон Криволак ги имал снимено и фотографирано возилата во конвој на АРСМ…
Законот за високо образование е закон за иднина на државата, квалитет, стабилност и преспектива, посочи премиерот Мицкоски на координативниот состанок кој утрово се одржа во Владата. По бројните критики зазаконот, министрката за образование тврди дека автономијата на универзитетите не е загрозена. Вонредно студирање ќе има, а во академијата нема да се вработуваат само деца на богати. Поддршка дадоа и ректорите на сите универзитети.
– Со над 2 милионa денари, обезбедени преку унгарската кредитна линија, следната недела започнуваат конзерваторско-реставраторските зафати на ѕидното сликарство во црквата „Св. Константин и Елена“ во село Мокрино, Општина Ново Село – најави министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, при денешната посета на сакралниот објект, заедно со директорот на Заводот и музеј – Струмица, Бранко Ѓоргиев, и градоначалникот на Општина Ново Село, Ѓорги Божинов. Љутков истакна дека со овој проект се прави конкретен исчекор во заштитата на културното наследство, нагласувајќи дека: „денес, наместо празни ветувања, постојат конкретни проекти, јасен план и обезбедени средства“. Црквата „Св. Константин и Елена“, изградена во…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против П.Б.(21) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 07.03.2026 во Гостивар, пријавениот физички ја нападнал неговата 53-годишна мајка.
Денес на терен, градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, го означи почетокот на работите за подобрување на инфраструктурата на улицата „Дижон 15“. Проектот опфаќа целосна интервенција во водоводната мрежа и фекалната канализација, со цел подобрување на условите за живот на жителите од оваа зона. Во рамки на проектот ќе се реализира реконструкција на главната водоводна мрежа во должина од 197 метри, како и 25 приклучоци за домаќинствата, додека паралелно ќе се изврши и реконструкција на фекалната канализација во должина од 180 метри. „Инвестираме во основната инфраструктура, таму каде што влијанието е директно врз животот на граѓаните. Со овој проект обезбедуваме…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Г.Т.(54) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Пријавениот, како градоначалник на општина Делчево, во 2023 и во 2024 година склучил два договори за јавни набавки со економскиот оператор од Кочани, во вредност од по 236.000 денари и двата со важност од една година, во кои за седум производи била понудена нереално ниска цена, односно за 12 пати пониска од другите понудувачи. Пријавениот не побарал дополнително појаснување за таквите невообичаено ниски цени и наместо тоа, ги пречекорил границите на службената…
„Никола Груевски, нема да влезе во затвор, затоа што ВМРО-ДПМНЕ е подготвено и работи веќе неколку месеци наназад да ги поништи сите одлуки или сите обвиненија кои на кој било начин може да му наштетат. “, порача пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, во гостување во емисијата „24 анализа“. Петровска оцени дека постои јасна политичка позадина во изјавите на власта во однос на евентуалното враќање на Груевски „Изјавата на премиерот дека, доколку Груевски се врати, ќе биде веднаш спроведен во затвор, е порака ’не се враќај‘, барем сè додека теренот не е спремен за твое враќање како слободен граѓанин“, рече Петровска.…
Општина Кисела Вода продолжува со континуираните вложувања во унапредување на условите за предучилишно воспитание. Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, заедно со заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, извршија увид во завршните градежни работи на доградбата на објектот при градинката „8 Март“ во Расадник. Новиот простор од 800 квадратни метри е изграден по највисоки стандарди и опфаќа шест нови и пространи занимални, во кои се вклучени и две јаслени групи, со што се обезбедува капацитет за нови 120 дечиња од општината. Инвестицијата во висина од 60.000.000 денари, обезбедена во соработка со Министерството за социјална политика, демографија и млади и…
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, заедно со амбасадорот на Република Словенија, Н.Е. Грегор Прескер, ја посетија работилницата за мозаик и рубин која се реализира во ДСУЛД „Лазар Личеноски“. Станува збор за иновативен пристап кој ги поврзува геологијата, уметноста и едукацијата, преку практична работа со минерали – со посебен фокус на рубинот како симбол и материјал. Работилницата веќе е во тек и претставува редок пример каде природните ресурси се претвораат во креативен и едукативен процес со пошироко општествено значење. Посетата е дел од пошироките активности на Министерството насочени кон поврзување на енергетиката и рударството со образованието, иновациите…
