Author: Author 03

Вредноста на биткоинот забележа остар пад од над 5% во последните 24 часа, спуштајќи се под психолошката граница од 65.000 долари. Според аналитичарите, главната причина за овој потрес на крипто-пазарот е масовното префрлање монети на берзите од страна на големите сопственици (т.н. „китови“), како и паничната продажба со загуба од страна на поновите купувачи. Поголемиот дел од овој ценовен шок се случи во рок од само два часа во неделата навечер. Со ова, најголемата светска криптовалута влезе во негативна историска серија – ова е првпат биткоинот да врзе шест последователни негативни неделни затворања, шест затворања под неговиот 100-неделен подвижен просек и три затворања…

Повеќе

Европскиот континент влегува во период на драстична временска промена. По студениот бран, обилниот снег и силните атлантски циклони, метеоролозите за последната недела од февруари најавуваат формирање на таканаречена „топлинска купола“, која ќе донесе невообичаено високо затоплување и температури значително над просекот. Според метеоролошките анализи, над централна Европа ќе се прошири силен гребен на висок притисок (антициклон), кој се преместува од Иберискиот Полуостров и Медитеранот кон север. Овој систем буквално ја турка поларната млазна струја далеку од континентот, овозможувајќи стабилно и невообичаено топло време за овој период од годината. Моделите покажуваат дека до средината на неделата ќе се формира класичен „омега-блок“…

Повеќе

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во рамки на работната посета на општина Прилеп оствари средба со градоначалникот Дејан Проданоски, на која се разговараше за состојбите и развојните можности во рударскиот сектор, како и за придобивките што локалната самоуправа ги има од концесиските активности. На средбата беше истакнато дека Прилеп претставува една од општините со најголем број активни концесионери во државата, што директно влијае врз локалниот економски развој, отворањето работни места и зголемувањето на приходите во општинскиот буџет. Соговорниците разговараа за ефектите од зголемените концесии, како и за потребата од одржување стабилен баланс помеѓу економскиот развој и…

Повеќе

Европската Унија настојува в понеделник да го усвои новиот пакет санкции против Русија, изјави денеска шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, на состанокот на групата земји Е5. – Следниот понеделник целта ни е да го усвоиме 20-тиот пакет санкции против Русија – рече Калас, со оценка дека досегашните пакети санкции даваат резултати, пренесува „Гардијан“. Според неа, санкциите нанесуваат сериозна штета на руската економија, а секоја нова мерка дополнително ја ограничува способноста на Москва да води војна. – Москва не е непобедлива. Нејзината војска трпи рекордни жртви, а економијата е под голем притисок. Но, Путин нема да ја прекине оваа војна…

Повеќе

На Факултетот за информатички и комуникациски технологии во Битола попладнево ќе се одржи јавна дебата за предлог-законот за високото образование, заедно со наставно-научниот кадар од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и од Универзитетот „Св. Апостол Павле“ – Охрид. Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска на прес-конференција рече дека е задоволна од првата јавна расправа на државните универзитети, која завчера се одржа на Универзитетот „Мајука Тереза“ во Скопје, зашто професорите, рече, слободно дискутираа членови од законот. – Имаше конструктивни предлози и сите што беа конструктивни ќе бидат прифатени. Има и технички грешки во законот, затоа се јавните расправи,…

Повеќе

Од Дубаи екстрадирано лице барано со потерница од македонската полиција, прва екстрадиција од Обединетите Арапски Емирати во нашата земја. Денеска (20.02.2026) од Дубаи во нашата земја беше екстрадиран Флорим Лимани (33), кој беше баран со меѓународна потерница за издржување затворска казна од три години и шест месеци за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”, казниво по чл. 396 ст.1 од КЗ. Ова е прва реализирана екстрадиција на лице од Обединетите Арапски Емирати, кое нашата држава го бара со меѓународна потерница.

Повеќе

Кога се нема аргументи, кога политиката се сведува на политиканство, СДСМ нема да зборува за работите кои се важни за граѓаните, за фактот што е направено за Скопје и Скопјани, туку ќе вмешува семејства, личности кои не се директно во политиката, неретко и нашиот малолетен син и се така за да привлечат внимание. За волја на вистината, фактите се следни. Мојата чанта не е некакви 30 000 долари како што тврди СДС, ниту е Хермес, туку е купена од продавницата на Obuca Metro Македонија, и тоа на попуст за 944 денари, пишува на социјалните мрежи сопругата на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, откако претходно СДСМ ја обвинија дека носи чанта од 30.000 евра. Истата нема никаква врска со брендот Hermès, ниту по потекло, ниту по цена, ниту по вредност, ниту пак носи натпис на брендот. Доколку не веруваат, може да им ја подарам мојата на увид, а може и самите да ја посетат продавницата, има одлични работи за супер ефтини цени за луѓе кои живеат скромен и чесен живот. Има сѐ уште на располагање од истиот модел на поголема варијанта од малата чанта. Обидот преку евтина конструкција да се создаде наратив за „луксуз“ и „аздисаност“ служејќи се со лаги и клевети во најмала рака е безобразно. Не е мое да коментирам политички, но вмешувањето на потесно семејство во отсуство на вистински аргументи и ширење на лажни вести не е политика, туку дно. Барам јавно извинување за изнесените невистини и повлекување на лажните тврдења. Во спротивно, ќе ги искористам сите правни механизми за заштита на честа и угледот. Политиката не смее да се води преку лаги и лични дискредитации!, стои во објавата на сопругата на Ѓорѓиевски.

Повеќе

Нема крај на луксузите на ВМРО-ОКГ. Сопругата на градоначалникот на Скопје од ВМРО-ОКГ, Орце Ѓорѓиевски, вчера на партиска промоција се појави со брендирана чанта „Хермес“.  Станува збор за еден од најекслкузивните и најскапи бренд чанти во светот. Вакви чанти, Hermes mini Kelly 2 (20 cm) чинат од 28.000 до 33.000 долари, реагираат од СДСМ во писмено соопштение испратено до медиумите. Додека работниците едвај врзвуваат крај со крај и мора да проестираат по улиците за поголеми, достоинствени плати, ВМРО-ОКГ парадира пред нивните очи. Скопје се дави во ѓубре, автобуси нема, граѓаните со часови чекаат за превоз, се возат во распаднати и…

Повеќе

Просечната месечна исплатена нето-плата од вработен во декември 2025 година изнесувала 46.889 денари и е повисока за 7,6 % во однос на декември 2024 година, објави Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата од вработен во секторите: Транспорт и складирање за 13,4 %, Земјоделство, шумарство и рибарство за 10,9 % и Трговија на големо и трговија на мало; Поправка на моторни возила и мотоцикли и Образование 9,7 %. Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Транспорт и складирање за 12,8…

Повеќе

Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Жерновски, поднесува претставка до Судскиот совет поради изнесните информации од страна на портпаролката на Владата на Мицкоски, Марија Митева, во кои таа јавно соопштува исход од судска постапка која сè уште е во тек. „Признавањето како истата поседува информации дека „жалбата против претседателката е одбиена како неоснована“ е крајно сериозно и скандалозно, бидејќи второстепена одлука (од Виш управен суд) сѐ уште не е донесена. Понатаму, преку соопштение, во нов обид да манипулира со јавноста, повторно изнесе податоци поврзани со исходот од сѐ уште незавршената судска постапка, со што направи долнителен прекршок“, вели во својата објава…

Повеќе