Author: Author 03

Полициски службеници од СВР Скопје денеска извршија службен разговор со Б.Б., постапувајќи по објавеното видео кое беше објавено на социјалните мрежи на 09.10.2025 на кое се гледа како на бул.„Партизански одреди” управува службено возило „шкода” со скопски регистарски ознаки, при што користи уреди за посебни светлосни знаци и преминува преку две полни линии. Против Б.Б. се преземени мерки по член 139 став 11 и 30 и став 5 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Повеќе

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски на денешната прес-конференција го претстави еден од седумте столбови на неговата изборна програма – „Скопје – град на слоеви, град на култура“. -Скопје е град што има историја, карактер и душа. Град што многу пати бил погоден, но секогаш успевал да се издигне, да се обнови и да продолжи напред. И секогаш, токму културата била таа што го чувала неговиот дух. Денес, кога зборуваме за иднината на Скопје, не зборуваме само за улици и инфраструктура. Зборуваме за тоа каков град сакаме да изградиме град што се развива, но не ја…

Повеќе

На сите граѓани на Република Македонија им го честитам празникот 11 Октомври – Денот на народното востание, ден на македонската борба за слобода, еден од најзначните во нашата историја и во создавањето на македонската државност, пишува во денешното соопштение од Социјалистичка партија на Македонија. „11-ти Октомври 1941-ва, е денот кога македонскиот народ го направи историскиот чекор, својствен за сите историски големи, правдољубиви и слободарски народи, и ја започна големата Народноослободителната борба за ослободување на Македонија од нацистичкиот и фашистичкиот окупатор. Овој ден е симболот со кој се означува непокорот на македонскиот народ и неговата непоколеблива борба против суровиот фашизам, борба…

Повеќе

Денеска по повод чествувањето на Денот на народното востание „11 Октомври“, министерот за одбрана Владо Мисајловски заедно со министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски положија венец со свежо цвеќе пред спомен-обележјето на хероите од народноослободителната и антифашистичка борба – симбол на нивната жртва и нашата благодарност, на партизанските гробишта во „Бутел“. Венец со свежо цвеќе положи и делегација од Армијата предводена од началникот на Генералштабот, генерал – мајор, Сашко Лафчиски. По повод денешниот празник, министерот Мисајловски упати честитка до граѓаните. -Денешниот ден не потсетува на храброста, пожртвуваноста и идеалите на нашите предци, кои храбро ја поведоа борбата за слобода, правда…

Повеќе

Северна Кореја синоќа ја претстави својата нова интерконтинентална балистичка ракета на голема воена парада – прва по две години. Според државната новинска агенција КЦНА, ракетата, презентирана пред меѓународни гости, е „најмоќниот нуклеарен стратешки оружен систем“. Лидерот Ким Џонг-ун во говорот ја повика армијата да се изгради во „непобедлива сила“ која ќе може да ги „уништи сите закани“. Парадата на плоштадот „Ким Ил Сунг“, именуван по дедото на Ким, се одржа по повод 80-годишнината од основањето на Работничката партија на Кореја. Меѓу присутните беа кинескиот премиер Ли Чијанг, поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев и генералниот секретар на Комунистичката партија на Виетнам,…

Повеќе

Државното обвинителство денеска информира дека во текот на ноќта и утринава од Основното јавно обвинителство од Гостивар се издадени повеќе наредби со цел откривање на сторителите кои вчера извршија грабеж во златара во близина на малиот пазар во Гостивар. Разбојништвото се случи вчера попладне, а случајот беше пријавен во полиција во 18:45 часот. Четворицата максирани лица со автоматско оружје го извршиле разбојништвото по што побегнале со патничко моторно возило „бмв” без регистарски таблички

Повеќе

Кандидатот за градоначалник на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски во интервјуто за „Слободен печат“ тој вели дека во наредниот мандат ќе се обиде да заврши голем број отпочнати или планирани проекти. – Сега почнавме да ја градиме градинката во Дексион, а отпочнуваме и со доградба на едно училиште, така што имаме голем фронт за работа, некои 21 километар и повеќе нови локални улици, патишта. Да не ставам долги рокови, но мислам дека до крајот на наредната година општината ќе добие барем уште пет капитални објекти на својата територија – вели тој.

Повеќе

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљаовска Давкова го граѓаните упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание! -На денешниов голем празник, уште еднаш им оддаваме почит на оние кои пред 84 години тргнаа во тежок и храбар востанички марш, жртвувајќи се за ослободувањето на татковината и создавањето македонска држава на рамноправни граѓани. Да потсетам: востаниците со крв ја остварија визијата на нивните претци за слободна и независна држава. Уште еднаш се потврди дека земањето на судбината во свои раце и застанувањето на страната на правдата, наспроти најголемото зло – фашизмот, е победнички чекор! Отпорот и антифашистичката борба на…

Повеќе

Во земјава денеска се одбележуваат 84 години од почетокот на народното востание кое почна во 1941 година во Прилеп и Куманово. Со ова започна востанието против фашизмот и борбата за ослободување на македонскиот народ. На 11 октомври 1941 година, Првиот прилепски партизански одред го нападна полицискиот участок и телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп, а следниот ден, на 12 октомври, се огласија и партизаните од Кумановскиот одред. 11 Октомври е продолжување на слободарските традиции на македонскиот народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата…

Повеќе

Променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен северен ветер. Во североисточните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Утринските температури ќе се движат од 1 до 10 степени, а дневните до максимални 22 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер. За утре се најавува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер…

Повеќе