Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    Детали: Приведениот обвинител од Прилеп ургирал во 4 предмети и барал пониски казни – колегите го снимале цело време

    07.10.2026 во 10:52

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Најстудено вечерва во Берово – Погледнете ги измерените температури во 23 часот
    • СЗО бара официјални информации од Русија: Истрага за смртта на научничка во Иркутск по сомневањата за белодробна чума
    • Во петок можни се пречки во мрежите и ГПС – се очекува умерена геомагнетна бура од категорија G2
    • Инцидент во рудникот „Трепча“: 63 рудари останаа заглавени под земја
    • Танкер погоден од повеќе ракети во близина на Катар – има жртви
    • Татко случајно ја усмрти тригодишната ќерка со земјоделска машина во сопствениот двор – Трагедија во Албанија
    • Филипче: Новата платформа на поранешни функционери е проект на Мицкоски за раситнување на опозицијата
    • Утре ќе нема струја до 19 часот – Проверете дали сте на списокот за исклучувања
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » 11 Октомври – Ден на народното востание

    11 Октомври – Ден на народното востание

    11.10.2025 во 10:181 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во земјава денеска се одбележуваат 84 години од почетокот на народното востание кое почна во 1941 година во Прилеп и Куманово. Со ова започна востанието против фашизмот и борбата за ослободување на македонскиот народ.

    На 11 октомври 1941 година, Првиот прилепски партизански одред го нападна полицискиот участок и телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп, а следниот ден, на 12 октомври, се огласија и партизаните од Кумановскиот одред.

    11 Октомври е продолжување на слободарските традиции на македонскиот народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна.

    Круна на борбата се одлуките на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година, со кои се оживотворени повеќевековните идеали за основање македонска држава.

    Минувајќи го патот на својот повеќедецениски развој и растеж како дел од СФРЈ, а потоа и како самостојна држава, пребродувајќи го конфликтот во 2001 година, Северна Македонија денес е полноправна членка на Обединетите нации, членка на НАТО и очекува одржување на првата меѓувладина конференција која означува старт на преговорите за членство со Европската Унија.

    Денешниот ден, согласно Законот за празници, е прогласен за неработен ден во земјава.

    Прочитај повеќе

    Најстудено вечерва во Берово – Погледнете ги измерените температури во 23 часот

    07.10.2026 во 23:30

    Филипче: Новата платформа на поранешни функционери е проект на Мицкоски за раситнување на опозицијата

    07.10.2026 во 22:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.