Author: Author 03

Никој не треба да биде загрижен дали „извозот“ на мозочни ткива од починати лица во САД ќе го добие својот крај и разрешница. Секако дека ќе дојдеме до тоа. Наводите и инидициите се навистина лоши, но да почекаме да заврши истрагата и до го собереме досието целосно да биде па за да можеме да ја информираме јавноста, порача вечерва премиерот Христијан Мицкоски. -Чувствителни се информациите и не би сакал да излегувам со некомплетна слика. Претседател на Влада сум и кога ќе ја информирам јавноста треба таксативно и хрионолошки да биде наведено се. Институциите работат и се разбира дека истражуваат. Кога…

Повеќе

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, денеска одржа состанок со постојаниот известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц. На состанокот се разговараше за актуелната политичка состојба и за евроинтеграцискиот процес на државата. Претседателот Филипче изрази благодарност за ангажманот на ивестувачот на ЕП, Вајц, во следењето на процесот, како и за поддршката на Европската Унија и Европскиот Парламент за европската перспектива на нашата држава. На средбата, Филипче посочи дека статусот во кој се наоѓа евроинтеграцискиот процес на Македонија е сериозно загрижувачки, реформската агенда е закочена, реформите не се спроведуваат, а власта не покажува волја за продолжување…

Повеќе

Големата полициска операција во кругот на поранешната фабрика „Охис“ продолжува со засилен интензитет. Попладнево, колона од десетина комби-возила, шест камиони и бројни полициски единици влегоа во објектот кој е под опсада уште од синоќа. Акцијата е директно поврзана со минатонеделниот меѓународен скандал, кога српската полиција заплени пет тони марихуана. Истрагата на српските служби потврди дека огромното количество дрога потекнува од македонска територија, што ги активираше домашните безбедносни органи да ги лоцираат базите за складирање и дистрибуција. Премиерот Мицкоски претходно денеска кажа дека граѓаните вечерва да очекуваат катастрофални вести. „Тоа е еден озбилен случај. Тоа е еден проект кој во минатото…

Повеќе

Се укинува функцијата потпретседател во партијата ВМРО-ДПМНЕ. Сите актуелни потпретседатели ќе бидат предложени за членови на Извршниот комитет на утрешниот централен комитет на партијата, откри вечерва премиерот Христијан Мицкоски во неговото гостување на МРТВ. Тој кажа се очекува на утрешниот централен комитет да се распише повик за избор на нов претседател на Унијата на ветеранија, на Унијата на жени и унијата на млади. Ова ќе биде дел од најавеното кадровско освежување Дополни дека и дека во 2029 година партијата ќе има ново раководство. Дека тој нема повторно да се кандира за претседател. Очекува новиот ИК да брои вкупно 29 членови.

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски во гостување во вестите на МРТ зборувајќи за 5-те тони дрога кои завршиле во Србија, а според српското обвинителство потекнуваат од Македонија, истакна дека тоа е сериозен случај како резултат на еден проект кој практично беше економска политика на владата на СДСМ и ДУИ и дека очекува деновиве МВР да излезе со запленети десетици тони дрога за која е констатирано дека којашто незаконски е пуштена во промет или незаконски складирана. „Тоа е еден озбилен случај. Тоа е еден проект кој во минатото го водеше претходната влада којшто ги доведе голем дел од граѓаните и инвеститорите во заблуда…

Повеќе

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју во Дневникот на МРТ, ја оцени денешната средба со УПОЗ како конструктивна, потенцирајќи дека ги презентирале пред претставниците на синдикатот условите и правилата за покачување на платата на административците за 40 проценти, додавајќи дека сега очекува одговор од нивна страна дали го прифаќаат предлогот од страна на Владата. „Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред. Тие исто како и претставниците од КСС рекоа да се консултираат со раководството…

Повеќе

Наместо воено решение, денеска видовме логистичка операција на границата: Русија и Украина извршија размена на вкупно 314 заробеници. Иако воените дејствија продолжуваат со исто темпо, двете страни се договорија за „трампа“ на по 157 лица кои беа во заробеништво. Операцијата е извршена под покровителство на ОАЕ и Турција, кои во овој конфликт се поставија како главни брокери за вакви договори. Меѓу ослободените има и војници со тешки повреди, кои наместо на фронтот, сега завршија во болничките кревети во своите земји. „Ова е резултат на макотрпни преговори и потврда дека дијалогот е можен дури и во најтешките околности. Продолжуваме да работиме…

Повеќе

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска презентираше амбициозен план за консолидација на градот, ставајќи фокус на квалитетот на услугите пред нивната цена. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски најави воспоставување на целосна дисциплина во секторот паркирање. Клучната новина е укинувањето на долгогодишната неправда каде администрацијата уживаше бенефиции на сметка на обичниот граѓанин. Клучни промени во паркирањето: „Крај за практиката вработените во Градот да плаќаат по 400 денари за месечен билет, додека останатите граѓани плаќаат по 1.400 денари. Воведуваме еднакви цени за сите,“ изјави Ѓорѓиевски.

Повеќе

Градските власти во офанзива за побезбедно Скопје. Смарт зелен бран, поставување лежечки полицајци, сообраќајни знаци и камери на јавните површини. Како почна да функционира Сејф сити, така на површина се издигна проблемот со немањето на доволно сообраќајни знаци во метрополата, особено знаци за дозволена брзина. Ѓорѓиевски и Тошковски изброиле дека Скопје има 150 критични точки, па во следниот период договориле синхронизирана акција на министерството и градот за нивно санирање. Со измената на законот за поставување лежечки полицајци, сега градот може да постави секаде, каде има значаен број на сообраќајки. Тајмерите на семафорите заминуваат во минатото. За побезбедно Скопје Ѓорѓиевски најави…

Повеќе

Морнарицата на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) денеска соопшти дека запленила два странски нафтени танкери во водите на Персискиот залив. Според официјалните извештаи на државните медиуми, бродовите биле пресретнати во близина на островот Фарси под сомнение за организиран шверц на гориво. Генералот Хејдар Хонаријан Моџарад, регионален командант на морнарицата на Гардата, изјави дека на бродовите биле пронајдени повеќе од еден милион литри шверцувано гориво, вклучително и дизел. Танкерите се префрлени во пристаништето Бушер за понатамошна истрага. Во операцијата се приведени 15 членови на екипажот, сите странски државјани, кои веќе се предадени на правосудните органи. Иако иранските власти сè уште не ги…

Повеќе