Author: Author 03

Во Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се одржа церемонија на свечено менување на државното знаме на којашто присуствуваа деца од градинките „Весели цветови“ и „Срничка“ од Скопје, ученици од скопските основни училишта „Кузман Шапкарев“ и „Кузман Јосифовски Питу“ и деца и претставници на Здружението за образование и истражување „Несил“. По завршувањето на свечениот чин, околу 230 деца во придружба на двасетина наставници и претставници, ги разгледаа просториите на Кабинетот. Младите посетители покажаа интерес за работата на претседателката. Ја прашаа: Какво е чувството да се биде првата жена – претседателка на државава? Дали е потешко да се биде претседателка или професорка? Како…

Повеќе

Денеска во зградата на Геолошкиот факултет при Универзитетот во Варшава избувна пожар откако се запали електрична разводна табла. Околу 200 луѓе беа евакуирани откако технички работник пријавил појава на чад, соопшти Општинскиот штаб на Државната противпожарна служба, пренесува Радио Варшава. На местото на пожарот биле испратени 24 пожарникари. Во инцидентот нема повредени.

Повеќе

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека е распишана јавната набавка за изградба на кружен тек на крстосницата „Ѓорче Петров“ – „Македонска војска“, една од најкритичните точки во Скопје. Целта е поголема безбедност, помал метеж и побрзо движење. Проектот е дел од визијата „Нула несреќи“ до 2030 година, со која се предвидува редизајн на 50 опасни крстосници и улици по европски стандарди, со цел Скопје да стане безбеден град за сите учесници во сообраќајот. Дополнително, се планирани и други крупни инфраструктурни зафати во општина Ѓорче Петров: ново поврзување на улицата „Лука Геров“; реконструкција на улица „101“ во Волково;…

Повеќе

Русија е подготвена за средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп во унгарската престолнина Будимпешта, доколку состанокот биде добро подготвен и се темели на договорите постигнати на нивната претходна средба во американската држава Алјаска, соопшти Министерството за надворешни работи на Русија. Трамп и Путин се сретнаа на 15 август во Енкориџ, Алјаска. Планираната нивна средба во Будимпешта минатиот месец беше откажана. Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, изјави дека контактите меѓу рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Марко Рубио ќе продолжат доколку има потреба.

Повеќе

Во тешка сообраќајна несреќа што попладнево се случи во централниот дел на Стокхолм, автобус удри во автобуско стојалиште, при што животот го загубија повеќе лица, а има и повредени, соопшти шведската полиција. Инцидентот се случил околу 15 часот на улицата Валхалавеген, една од главните градски сообраќајници во шведската престолнина. Полицијата соопшти дека случајот е класифициран како тешко убиство од небрежност и дека истрагата е во тек. Поради безбедносни причини, засега не се открива точниот број на загинати, ниту нивните идентитети. Надлежните најавија дека повеќе информации ќе бидат објавени по завршување на првичните истражни постапки.

Повеќе

Стотици граѓани вчера се собраа пред Воено-медицинската академија во Софија, изразувајќи револт поради прегазувањето на кучето Маја од докторот со македонско потекло, Ненад Цоневски, пренесе „24часа.бг“. Иако од болницата информираа дека Цоневски е суспендиран и против него е поднесена кривична пријава, демонстрантите бараа построга казна, носејќи пароли со пораката дека „убивањето куче е исто како и убивањето дете“ и дека мора да се санкционира суровоста со која е прегазена Маја. Директорот на Државниот оддел за внатрешни работи, главниот комесар Љубомир Николов, изјави дека Цоневски е обвинет за предизвикување смрт на куче и е пуштен со кауција од 2.500 евра, при…

Повеќе

Парична казна доби градоначалник за неовластено заловување и дислокација на бездомни кучиња По објавено видео и фотографии на социјалните мрежи и реакциии од граѓани, за неовластено и нестручно заловување на бездомни кучиња и нивна дислокација, инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), по идентификување на возилото, спроведоа вонреден инспекциски надзор. Согласно Законот за заштита и благосостојба на животните, утврдено е дека заловувањето на бездомни кучиња се врши спротивно на Законот, неодобрено од АХВ, од страна на неквалификувани лица. За сторениот прекршок изречена е мерка забрана за вршење на активности кои не се одобрени од АХВ – заволување на…

Повеќе

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), како единствен репрезентативен синдикат во државата, на 11 и 12 ноември 2025 година, спроведе Анкета за потребите на работниците во однос на растот на минималната плата во Република Македонија. Целта на оваа анкета е да се утврди мислењето на работниците за тоа дали постои потреба од зголемување на минималната плата и кои активности треба да ги преземе ССМ во наредниот период. Со репрезентативен примерок од 1613 испитаници (работници, граѓани, членови на органите и телата на синдикатите) во период од 24 часови, Анкетата за висината на минималната плата во Македонија ги даде следните резултати: На…

Повеќе

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски на седницата на Советот кажа дека 70.000 евра ќе се потрошат на украсување на главниот град на Македонија. Скопје оваа година нема да остане без украси и истиот ќе блесне зимава. „За прослава на Нова година ќе има 70.000 евра. Сметам дека тоа не е премногу и дека е сосема нормално за да имаме една достоинствена прослава за скопјани“, кажа Ѓорѓиевски.

Повеќе

Советот на Општина Карпош одржа вонредна седница на која се разгледуваа четири точки кои се најдоа на денешниот дневен ред. Во таа насока, советниците го поддржаа Планот на Програми за развој на локалната самоуправа за 2026 година. Имено, согласно потребите од областа на комуналните работи и уредување на просторот, ќе бидат преземени одредени активности за подобрување на инфраструктурните капацитети во општина Карпош. Станува збор за капитални инвестиции во инфраструктурни објекти какви што се реконструкција на повеќе улици, спортски сали во рамки на основните училишта „Братство“ и „Димо Хаџи Димов“, интервенции во фекални и атмосферски канализации, како и изградба на детската…

Повеќе