Close Menu
    Најново

    Јаневска се обрати на свечена академија по повод 105 години од основањето на Филозофскиот факултет во Скопје

    16.12.2025 во 19:56

    Автомобил се судри со трактор: Патот целосно блокиран

    16.12.2025 во 19:47

    Јована Тренчевска добива висока функција во СДСМ

    16.12.2025 во 19:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Јаневска се обрати на свечена академија по повод 105 години од основањето на Филозофскиот факултет во Скопје
    • Автомобил се судри со трактор: Патот целосно блокиран
    • Јована Тренчевска добива висока функција во СДСМ
    • Тинејџер од Египет украл предмети на Црвен крст во Македонија
    • Синот на Трамп се жени, нова снаа влегува во Белата куќа
    • Никовски: УМС постојано работи на подобрување на условите со цел младите да останат во Македонија
    • Повторно блокиран Евзони
    • Внимателно возете: Магла во околината на Дебар
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Училиштата веќе нема да плаќаат комунални услуги – општината ја презеде таа обврска

    Училиштата веќе нема да плаќаат комунални услуги – општината ја презеде таа обврска

    14.11.2025 во 17:47
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Советот на Општина Карпош одржа вонредна седница на која се разгледуваа четири точки кои се најдоа на денешниот дневен ред. Во таа насока, советниците го поддржаа Планот на Програми за развој на локалната самоуправа за 2026 година.

    Имено, согласно потребите од областа на комуналните работи и уредување на просторот, ќе бидат преземени одредени активности за подобрување на инфраструктурните капацитети во општина Карпош. Станува збор за капитални инвестиции во инфраструктурни објекти какви што се реконструкција на повеќе улици, спортски сали во рамки на основните училишта „Братство“ и „Димо Хаџи Димов“, интервенции во фекални и атмосферски канализации, како и изградба на детската градинка „Пролет“ во населбата Козле и „Мајски цвет“ во населбата Тафталиџе.

    Потребниот консензус беше постигнат и за Предлог – Одлуката за изменување и дополнување на Општинскиот Буџет, односно ребалансот за 2025 година. Според образложението, потребата за донесување на оваа Одлука произлезе од доделувањето на средства поради зголемен износ на данок на додадена вредност (кој го исплаќа Министерството за финансии) за износ од 2.130.000 денари, како и промени на средствата во приходните и расходните ставки во колоните во косолидираниот Буџет на општината.

    Поточно, во консолидираниот Општински Буџет за 2025 година има промени во приходниот дел, каде што претходниот износ од 1.853.654.953 денари се зголемува на износ од 1.857.766.953 денари. Во колоната – Буџет на Општина Карпош за 2025 година има промени во приходниот дел, каде што претходниот износ од 1.059.141.953 денари се зголемува на износ од 1.061.771.953 денари.

    Во рамки на дебатата која се разви по оваа точка, градоначалникот Сотир Лукровски излезе пред советниците со конкретен Предлог – амандман, со кој ќе бидат пренаменети неискористените општински средства за патување во странство и расходи за репрезентација. По предлог на првиот човек на Општината, овие парични средства ќе бидат пренасочени за покривање на трошоци за комунални услуги на основните училишта од Општина Карпош. Во таа насока, мнозинството советници го поддржа предлогот на градоначалникот Лукровски, кој ќе биде составен дел од Предлог – Одлуката за изменување и дополнување на Општинскиот Буџет. Советниците дадоа „зелено светло“ и за изменување и дополнување на на Програмата за активностите во областа на спортот за 2025 година. Станува збор за измена во проектните активности за Училишните спортски лиги на Карпош за 2025 година, за стипендии за талентираните основци – спортисти од Карпош, како и за еднократна поддршка за спорт и рекреација.

    За Училишните спортски лиги се менува досегашната финансиска рамка од 2.050.000 на 2.624.000 денари. Фондот за стипендии за талентирани ученици – спортисти од VIII и IX одделение од 1.100.000 денари се менува на 1.000.000 денари. Во делот за еднократна финансиска поддршка за спорт и рекреација, износот од 1.000.000 денари се менува на 765.000 денари, од каде останатите 235.000 денари се префрлаат во фондот за Училишни спортски лиги на Општина Карпош за 2025 година. Соодветна корекција претрпе и Програмата во областа на детската, социјалната и здравствената заштита за 2025 година.

    Имено, советниците ја поддржаа измената во третата точка од оваа Програма, која се однесува на парична помош за лицата односно семејствата кои се наоѓаат во социјален ризик, или пак им се потребни финансиски средства за лекување. За таа намена се зголемува досегашниот износ од 7.000.000 денари на 9.000.000 денари.

    Популарно

    Дел од пензионерите ќе добијат по 6.000 денари за празниците

    15.12.2025 во 22:36

    Зеленски: Ако Путин одбие САД ќе ни обезбедат пари и оружје

    16.12.2025 во 11:13

    Паднаа командир и четворица полицајци – Се сомничат за попречување на правдата

    16.12.2025 во 14:08

    Напаѓачот од Сиднеј се разбуди од кома – Полицијата го испрашува

    16.12.2025 во 10:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.