Author: Author 03

Тројца луѓе се водат како исчезнати и се претпоставува дека се загинати по нападот на американската морнарица врз брод во Карипското Море, за кој постоел сомнеж дека превезува дрога. Инцидентот се случил за време на операција за пресретнување на сомнителното пловило во меѓународни води. Според извештаите, екипажот на бродот не одговорил на наредбите за запирање, по што американските сили отвориле оган. „Припадниците на крајбрежната стража и морнарицата дејствуваа согласно протоколите за принудно запирање на пловила кои одбиваат соработка“, се наведува во првичните информации за случајот. Како последица на нападот и оштетувањата, бродот почнал забрзано да тоне. Иако американските тимови веднаш…

Повеќе

Следуваат крупните капитални проекти. Скопјани заслужуваат модерен и достоинствен град. Најдоброто, доаѓа, порача вечерва во вестите на Сител, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. -Неколку прецизни рокови да кажам, а се поврзани со функционирањето на градот Скопје. До јуни месец ги очекуваме новите камиони за Комунална хигиена и ќе имаме посериозна бројка на камиони. Булеварот „Борис Трајковски“, наредниве неколку дена ќе ја распишеме тендерската постапка и рокот на изведба ќе биде Нова година, што значи дека граѓаните од Драчево, Зелениково, Студеничани, тој дел таму кој поминува низ голготи, до новата година ќе возат по нов булевар, но и пешаците безбедно…

Повеќе

Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители. Вака одговараат од ВМРО-ДПМНЕ, по реакцијата на СДСМ дека одлуката за куќен притвор за Артан Груби е дил меѓу владејачката партија и ДУИ. СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби…

Повеќе

По одлуката на Судот да го прифати предлогот на Обвинителството Артан Груби да биде во домашен притвор, пред пет минути службите го спроведоа од судот со комбе на затворската полиција во неговиот дом.

Повеќе

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, по произнесување на осомничениот А.Г., кој вечерва беше спроведен во судот, донесе решение со кое го прифати предлогот на јавниот обвинител и на одбраната за определување мерка куќен притвор со дополнителни мерки за обезбедување присуство против осомничениот. Имено, откако утрово КПУ затвор „Скопје“- Скопје, го извести судот дека осомничениот А.Г. од 09:20 часот е спроведен во установата каде што започнал со издржување на мерката притвор, определена со решение од 17.12.2024 година, а стапува на сила од негово пронаоѓање односно лишување од слобода, судот за истото го извести Основното јавно обвинителство и…

Повеќе

Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено. Затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ, за што со месеци зборува СДСМ. Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Вака реагираат од опозициската СДСМ откако претходно вечерва Обвинителството соопшти дека бара куќен притвор за Артан Груби кој утрово го уапсија на граница. „Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од…

Повеќе

„Добро е што конечно правдата ќе биде задоволена со тоа што Артан Груби е притворен утрово на граничниот премин, тука во Македонија. Она за што се товари и осомничи Артан Груби како тогашен прв вицепремиер е олицетворение, односно симбол на криминалот и корупцијата којашто седум години владееше кога беа СДС и ДУИ на власт. Тоа е само еден доказ дека кога говориме за СДС и ДУИ и нивното владеење, тоа е синоним за криминал и корупција“, истакна Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Само вистини“ на Канал 5 телевизија. Манасиевски се осврна на денешното приведување на Артан Груби и нагласи дека конечно правдата…

Повеќе

Основното јавно обвинителство Скопје по добивањето на известувањето дека второосомничениот во предметот за Државната лотарија каде е осомничен заедно со уште пет лица, доброволно се пријавил на органите на прогонот и изразил подготвеност да соработува со надлежните органи, ќе ја продолжи постапката за истиот со цел донесување на јавнообвинителска одлука. На барање на второосомничениот преку неговата одбрана истиот во текот на денешниот ден беше спроведен пред надлежниот обвинител каде вршеше увид во списите на предметот, но поради обемноста на доказниот материјал увидот ќе продолжи наредните денови по што на второосомничениот ќе му биде овозможено да ја даде својата одбрана. По…

Повеќе