Author: Author 03

Потпретседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Методија Илиевски побара итни оставки од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски , од министерот за здравство Азир Алиу, како и од директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, поради поради прикривањето на вистинските податоци за загаденоста на воздухот по пожарот во Трубарево, ненавремената реакција и директното загрозување на здравјето на граѓаните. Во објавата на социјалните медиуми, Илиевски го повика Јавното Обвинителство да отвори истрага и да одговараат сите кои дозволија со своето непостапување да се загрози животот и здравјето на луѓето. „Итни оставки од министерот за внатрешни работи и министерот за…

Повеќе

Прво човек, потоа градоначалник“ е мотото под кое денеска ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата го организираат промотивниот настан за кандидатот за скопски градоначалник Орце Ѓорѓиевски. На настанот што се одржува во Музејот на современа уметност, се промовира и советничката листа која брои вкупно 45 кандидати за советници. Промотивниот настан почна со државната химна во изведба на хорот Злата Мегленска. Се очекува да се обрати премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а потоа и Ѓорѓиевски. -Се отвора нова фаза за Скопје, дојдено е време да се преземе вистинска одговорност, беше речено во воведниот дел на промоцијата.

Повеќе

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, денеска остро ја нападна Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи ги за, како што рече, „неспособност, лаги и свесно загрозување на здравјето и животите на граѓаните“. Повод за реакцијата е потврдата од Владата дека новите 400 пожарникари, кои беа најавени со голема помпа, сè уште не ја добиле ниту првата плата, и покрај тоа што веќе неколку месеци активно се ангажирани во општините. „Ова е потценување на граѓаните и грубо манипулирање со младите луѓе кои ризикуваат живот за време на пожари, а не добиваат ниту денар. Одговорноста е директно кај Владата на…

Повеќе

ВМРО-ДПМНЕ денеска реагираше на изјавите на поранешниот министер за здравство и претседател на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го за, како што велат, „лажна загриженост“ за здравјето на граѓаните, и повикаа тој конечно да преземе одговорност за катастрофите кои се случиле во неговиот мандат. „Филипче наместо да глуми лажна загриженост, треба да излезе пред граѓаните и да се извини за здравствениот систем во хаос, за жртвите во ковид-кризата, за недостигот на опрема и за трагедијата во модуларната болница во Тетово“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Од опозициската партија го обвинија Филипче дека како министер не успеал да обезбеди ни основни…

Повеќе

Портпаролот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Арбер Адеми, денеска изрази длабока загриженост поради, како што посочи, очигледниот застој на евроинтегративниот процес на Северна Македонија, за што ја обвини актуелната влада. ДУИ укажа дека додека земји од регионот, како Црна Гора и Албанија, бележат напредок во преговорите со Европската Унија, Северна Македонија останува единствената земја која сè уште нема отворено ниту едно преговарачко поглавје. „И покрај долгогодишните напори и спроведени реформи, нашата земја останува заглавена. Ова е резултат на блокирачки политики, политичка неспособност и отсуство на искрена волја кај владата“, изјави Адеми. ДУИ потсети дека партијата ВРЕДИ – коалициски партнер…

Повеќе

Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“ го потвди кредитниот рејтинг на РС Македонија на нивото „BB+“ со стабилен изглед. Оваа оценка е потврда за стабилноста на економските политики и сигнал за доверба во макроекономските перспективи на земјата. Во својот извештај, „Фич“ нагласува дека кредибилните и доследни макроекономски политики, долгогодишната политика на фиксен девизен курс и подобрите показатели за управување во однос на земјите со слична оценка остануваат клучни фактори што ја поддржуваат стабилноста. Во првата половина од 2025 година, реалниот БДП порасна за 3,2%, поддржан од силна приватна потрошувачка и зголемен извоз. Економските изгледи за следниот период се позитивни. „Фич“ очекува економијата да оствари раст од 3,2% за целата 2025 година…

Повеќе

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека кинескиот претседател Си Џинпинг дал зелено светло за продажба на ТикТок на американски купувачи. „Волстрит џурнал“ објави за наводна надомест од повеќе милијарди долари што купувачите на компанијата ќе ја платат на Министерството за финансии на САД. „Кинескиот претседател го одобри договорот за ТикТок“, изјави Трамп пред новинарите во Овалната соба, додавајќи дека „тоа може да биде формалност“ за подоцнежно потпишување на договорот. Договорот за ТикТок би можел да и донесе на американската влада надомест од повеќе милијарди долари, објави „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата. Инвеститорите вклучени во договорот со…

Повеќе

Администрацијата на Трамп му соопшти на Конгресот дека планира да му продаде оружје во вредност од речиси шест милијарди долари на Израел, што е нов знак на поддршка за сојузникот на Вашингтон кој се соочува со зголемена изолација поради војната во Газа. Договорот вклучува продажба на 30 хеликоптери AH-64 Apache во вредност од 3,8 милијарди долари, што е речиси двојно зголемување на сегашните залихи на Израел, и втора продажба на 3.200 оклопни возила за пешадијата на израелската армија за 1,9 милијарди долари, изјави американски функционер и друго лице запознаено со предлогот. Оружјето нема да биде испорачано две до три години…

Повеќе

Земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала е регистриран утрово во 07:01 часот на островот Крит во Грција, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC). Според извештајот на EMSC, земјотресот е регистриран 58 километри јужно од градот Ретимно со епицентар на длабочина од 33 километри. Засега нема извештаи за материјална штета или повредени.

Повеќе

Естонија вчера објави дека три руски борбени авиони МиГ-31 влегле во естонскиот воздушен простор без дозвола и останале таму вкупно 12 минути. – Русија го наруши естонскиот воздушен простор четири пати оваа година, што само по себе е неприфатливо, но најновото нарушување, при што три борбени авиони влегоа во нашиот воздушен простор, е без преседан дрско, изјави министерот за надворешни работи Маргус Цахкна. Естонската војска објасни дека руските борбени авиони биле пресретнати од италијански авиони Ф-35 со седиште во Емарија, Естонија, како дел од мисијата за воздушен надзор над Балтичкото Море. – Естонија официјално побара консултации според Член 4 на…

Повеќе