Author: Author 03

Зачестените упади во воздушниот простор на источните и југоисточните крила на НАТО од страна на Русија ги поттикна партнерите во алијансата да се потпрат на краткорочно распоредување на турски систем за воздушен надзор, објави ДПА. Обуката за користење на системот ќе биде организирана со помош на Украина, а треба да почне веќе следната недела. Полска и Романија, кои неодамна се соочија со зголемување на упадите на руски беспилотни летала во нивниот воздушен простор, ќе бидат опремени со турскиот систем за воздушен надзор MEROPS. Системот може да се монтира на хеликоптери и беспилотни летала и е способен да открива непријателски цели…

Повеќе

Наша стратешка цел ќе биде се што е почнато и заглавено да го одглавиме и да ја засилиме динамиката на реализација и тоа го правиме. Пуштаме патишта, пруги, капитални инвестиции, меѓу кои е и браната Отиња. Се разбира дека планираме и развој, кој се проектира и очекувам до крајот на оваа година или првата половина на следната година крупните големи проекти да ги завршиме и да почнеме со нови развојни проекти, преку инвестирање во општините токму тоа и го правиме. Генерално тоа се проиоритетие, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски во општина Зрновци, каде беше поставен камен-темелник на Дом за стари…

Повеќе

Штип синоќа беше центарот на регионот и вистински главен град на културата и забавата. Над 100.000 посетители од цела Македонија и пошироко присуствуваа на незаборавниот концерт на балканската музичка ѕвезда Дино Мерлин, кој со својот настап ја обедини публиката во љубов, почит и заедништво, без разлика на вера или нација, информираат пд Општина Штип. – Настанот, кој се одржа по повод 17. издание на традиционалната „Пастрмалијада”, беше организиран на највисоко ниво, со беспрекорна логистика, безбедност и организација, што овозможи вечерта да помине во совршен ред и атмосфера. Особено значење има и фактот што во реализацијата активно се вклучија бројни фирми…

Повеќе

Сите три потврди за неосудуваност (казнена, кривична и прекршочна евиденција), уверение за државјанство, петте најкористени услуги од Катастарот, потврдите за стаж од Агенцијата за вработување и Фондот на ПИОМ, се само некои од документите што граѓаните може да ги извадат онлајн и за многу кратко време од Националниот портал https://uslugi.gov.mk/. Кога Порталот почна со работа се даваа по 1 200 услуги месечно, а сега по 13 200. Зголемен е и бројот на корисници, од околу 100 000 на 200 000, рече денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Според него, денес се скоро 70 институции „закачени“ на Платформата за интероперабилност, а…

Повеќе

ВМРО-ДПМНЕ преку официјално соопштение остро реагираше на, како што велат, „неспособните и манипулативни објави“ на Љупчо Николовски, поранешен министер за земјоделство, кој секој викенд, според партијата, се обидува да создаде илузија дека во негово време „во земјоделството и шумарството течело мед и млеко“. „Овој пат, Николовски најде сили да зборува и за реформите во шумарството. Да го потсетиме, истиот тој Закон за шуми кој беше критикуван од експертската јавност во негово време, денес е преработен и усогласен со европските стандарди благодарение на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ“, стои во соопштението на партијата. Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека новиот предлог-текст за Законот за…

Повеќе

По вчерашната изјава на премиерот Мицкоски дека „интензивно се работи на ЕУ агендата“, реагираше поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, кој на својот Фејсбук профил напиша дека „фактите го покажуваат спротивното и дека ЕУ Делегацијата во Скопје официјално потврди оти Министерството за земјоделство ги напуштило реформите во шумарството“, се вели во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. „Не опозицијата, не некој друг – туку самата ЕУ го вели тоа,“ истакна поранешниот министер за земјоделство Љупчо Николовски. Тој во својата објава потсети дека во неговиот мандат, на негово барање, преку ЕУ беа обезбедени 1,5 милиони евра…

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски денеска рече дека ќе продолжат субвенциите за „зелена нафта“. Тој ја потврди информацијата што завчера ја сподели и ресорниот министер Цветан Трипуновски, дека веќе е во тек делењето на ваучерите за околу 46 000 земјоделци. Како што напомена Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања по поставувањето камен-темелник на Дом за стари лица во Зрновци, за оваа мерка се обезбедени 540 милиони денари. -Да, апсолутно. Како Влада имаме таква политика. Веќе е почнато делењето на ваучери за околу 46 000 земјоделци. Сумата за оваа поддршка е над половина милијарда денари, околу 540 милиони денари, министерот реферираше на последната владина…

Повеќе

Полициски службеници од СВР Скопје, вчера во 18:00 часот ги лишиле од слобода Џ.К.(50) и А.А.(43), двајцата од Република Турција, со привремен престој во Скопје. Како што соопшти денеска МВР, тие се сомничат дека на плац во Горно Нерези, скопско, предизвикале пожар. -Имено, додека работеле со апарат за заварување, од искрите настанал пожар на сува трева, кој се проширил и надвор од плацот. Пожарот е изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, се наведува во соопштението.

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски очекува намалување на инфлацијата во следниот период и нејзино сведување на два до три проценти наредната година. Како што изјави денеска, првпат по многу месеци и базичната инфлација, но и цените на прехранбените производи на месечно ниво имаат негативен партаметар што значи дека се намалуваат. -Очекувам во овие месеци да има намалување, а следната година да дојдеме до инфлација меѓу 2 и 3 отсто на годишно ниво. Ако ја споредиме инфлацијата со земјите околу нас кои се дел од ЕУ, Хрватска 4,6, Романија 6,8 отсто во август, кај нас има тренд на намалување и првпат по многу…

Повеќе

Развојот на земјоделството е стратешки приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, изјави денеска Марија Андоновска, претставничка на партијата, на прес-конференција посветена на земјоделската политика. „Земјоделците се клучни за руралниот развој и економската стабилност на државата. Затоа оваа Влада е нивен најголем поддржувач и партнер“, истакна Андоновска. Таа нагласи дека апатичноста и негрижата на претходната власт веќе се минато, и дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 15 месеци исплатила над 11 милијарди денари за заостанати и тековни субвенции, од кои корист имале 70.000 земјоделци. Дополнително, активирани се системите за наводнување, а во подрачните канцеларии на Министерството за земјоделство започна доделување на…

Повеќе