Author: Author 03

По барање на ЕВН Хоум, Регулаторната комисија ја зголемува цената на електричната енергија за домаќинствата. – За првиот блок цената на струјата се зголемува за 2,45%, за вториот блок се зголемува 2,87%, за третиот блок се зголемива за 3,33%, за четвртиот блок 3,84%. За евтината тарифа РКЕ одлучи да се зголеми за 2,50%, изјави првиот човек на РКЕ, Марко Бислимовски на прес-конференција којашто се уште е во тек.

Повеќе

Луѓе, ќе ве замолам за помош. Татко ми е исчезнат рано утрово, нешто околу 6:30. Искочен е од дома најверојатно само по пиџами и е со деменција. До вчера беше сосема свесен за тоа каде живее и за ориентирање во простор. Живее на Илинденска во Центар близу влада и паркот. Ве молам споделете и било каква информација би била корисна. Ви благодарам добри луѓе. Мојот број е 075 415 020, стои во објавата на Владимир Стојановски, син на исчезнатиот. ЛИНК ДО ОБЈАВАТА НА ФБ

Повеќе

Министерството за финансии (МФ) ја реализира исплатата на две нови транши кон Развојната банка за поддршка на домашните компании. Имено, се исплатени транша од 305 милиони денари и транша од 568 милиони денари, што вкупно изнесува 873 милиони денари (14,2 милиони евра). Со оваа исплата, вкупната поддршка на државата кон домашната економија достигна 217,5 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра. Цел и услови на поддршката Средствата се обезбедени преку кредитна линија од унгарската Експорт-импорт банка, со цел поддршка на домашната економија и поттикнување на приватни инвестиции. Вкупен буџет и инвестициски циклус Со овие мерки, Владата ги поттикнува домашните…

Повеќе

Државниот завод за ревизија (ДЗР) утврди сериозни слабости во работењето на НОМАГАС АД Скопје во ревизијата за 2024 година. И покрај вложените над 143 милиони евра за изградба на трите магистрални гасоводи, тие сѐ уште не се ставени во употреба. Ревизорите изразија неповолно мислење за финансиските извештаи и усогласеноста со законската регулатива, упатствата и воспоставените политики. Клучни наоди од ревизијата: ДЗР даде конкретни препораки за отстранување на идентификуваните слабости и унапредување на финансиското и материјалното работење на НОМАГАС АД Скопје.

Повеќе

Сообраќајот на граничните премини Евзони и Ники кон нашата земја за влез и излез од Грција, во следните денови, до петок ќе се одвива непречено, со оглед на тоа што грчките земјоделци одлучиле привремено, поради Божиќ, да ги стават во мирување блокадите, според грчката новинска агенција АНА-МПА, но тракторите ќе останат паркирани на границите, јави дописничката на МИА од Атина. На граничниот премин Евзони (Богородица) земјоделскиот блок со над 300 трактори беше поставен на 1 декември, а сообраќајот секојдневно се блокираше на неколку часа, првично претпладне и попладне, а во изминатиот период само во попладневните часови. Според АНА-МПА во текот…

Повеќе

Учениците ќе следат настава до крајот на месецов и потоа заминуваат на зимски распуст. Ќе нема порано распуштање поради загадувањето. Прашана дали поради загадениот воздух МОН размислува за предвремено завршување на првото полугодие од учебната 2025/2026, министерката Весна Јаневска денеска изјави дека остануваат уште малку денови до распустот. Како што рече, во овој момент немаат информации дека нивното здравје е загрозено и дека не е проблем ако од здравствени причини отсуствуваат ден-два од настава. Но, додаде, треба да се напушти негативната појава од минатото кога од различни причини се скратувале учебните денови. -Жал ми е што мора да направам груба…

Повеќе

Денеска во Министерството за внатрешни работи беше отворено ново стрелиште кое што ќе осигура сите форензички испитувања на балистички докази поврзани со мало и лесно оружје да се спроведуваат во безбедна и сигурна средина, во согласност со меѓународните стандарди. „Потребата од вакво стрелиште е повеќе од јасна, бидејќи секоја полициска организација значително ја зголемува својата ефикасност кога располага со стрелиште оформено како лабораторија за балистички истражувања, а таквиот капацитет овозможува контролирани услови за тестирање оружје и муниција, што води до добивање сигурни и споредливи резултати.“ изјави Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Стрелиштето ќе овозможи обука и ќе влијае на…

Повеќе

Познатиот македонскиот музичар, автор и изведувач Јордан Митев неуморно работи веќе цели 20 години на својата професионална кариера. Благодарение на својот ангажман, но и неговата верна публика две децении изведува своја авторска музика и реди безвременски хитови, кои се составен дел од македонското музичко наследство. Зад себе остава година, во која неуморно секојдневно работеше дома, но и во светот за сите наши вистински љубители на македонската песна. Година во која заокружува 20 години кариера, кариера во која се бројат албуми, хитови, настапи, емоции… И токму така емотивно во за него една од најуспешните години и на професионален, но и на…

Повеќе

„Инфлацијата во земјава е стабилизирана и инфлациските очекувања се закотвени, додека девизните резерви се на високо ниво и обезбедуваат силна гаранција за стабилноста на девизниот курс“, порача гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во гостување во емисијата „24 анализа“. Гувернерот истакна дека трендовите кај инфлацијата во изминатите месеци укажуваат на јасна стабилизација, при што во два наврата е забележано и месечно намалување на цените од 0,2 отсто. „Во последните четири месеци не само што инфлацијата е стабилизирана туку имаме и месеци на нејзино намалување. Од особена важност е што се стабилизирани инфлациските очекувања на домаќинствата и на фирмите, односно нема…

Повеќе

На 22.12.2025 во 10:00 часот во с.Добридол, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение Галате ја лишија од слобода М.С.(45) од с.Калиште, гостиварско. Таа се сомничи дека претходно истиот ден извршила кражба во куќа во с.Градец, сопственост на Х.А.(49) од с.Градец, при што одзела златен накит во вредност од околу 9.000 евра. одземеното е проанјдено и вратено на сопственичката, а М.С. е задржана во полициска станица и по документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава.

Повеќе