Author: Author 03

Николас Мадуро денеска за првпат јавно се обрати пред федерален суд во Соединетите Американски Држави, откако беше екстрадиран од Венецуела, изјавувајќи дека не се чувствува виновен и дека е незаконски одземен од својот дом во Каракас. Откако му беше побарано да го потврди својот идентитет, Мадуро стана пред судот додека му беше читано резимето од обвинението. Во своето кратко обраќање тој истакна дека сè уште е претседател на Венецуела „Не сум виновен. Јас сум чесен човек и сè уште сум претседател на мојата држава. Бев киднапиран од мојот дом во Каракас“, изјави Мадуро, по што повторно седна. Рочиштето започна во…

Повеќе

Во денешната емисија „Став на регионот“ на телевизија Њузмакс Балканс гостуваше Драгана Бојковска, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ која зборуваше за реформите коишто се прават во образованието и истакна дека истите се темелат на Стратегијата за образование 2026-2032 на којашто се работи во моментот и кој процес тече исклучително успешно. Бојковска најави дека кон средината на месец јануари на ЕНЕР треба да излезат трите нови закони во сферата на образованието како: Законот за високо образование, Законот за научно- истражувачка дејност и Законот за Агенција за квалитет во високото образование. „На средината на месец јануари на ЕНЕР ќе излезат три нови…

Повеќе

Тајната служба на САД започна една од најамбициозните кампањи за регрутирање во својата историја, со цел да вработи илјадници нови агенти и офицери, објави весникот „Вашингтон пост“. Мерката има за цел да го намали оптоварувањето на вработените и да ја подготви агенцијата за клучните настани во 2028 година, вклучувајќи ги претседателските избори во САД и Летните олимписки игри во Лос Анџелес. Раководството на службата планира да ангажира околу 4.000 нововработени до 2028 година. Со ова, вкупната бројка на вработени првпат би надминала 10.000 луѓе, што е зголемување за околу 20 отсто. Планот предвидува бројот на специјални агенти да порасне од…

Повеќе

По апсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро од страна на американските сили за време на викендот, претседателот Доналд Трамп и неговата администрација упатија серија предупредувања кон повеќе држави, меѓу кои Колумбија, Куба, Мексико, Иран и Гренланд – автономна територија на Данска, јавува Си-Ен-Ен. Трамп порача дека целта на САД е стабилност и контрола во регионот. „Нашата работа е да имаме земји околу нас кои се одржливи и просперитетни и каде што нафтата е дозволено слободно да тече“, изјави тој. Американскиот претседател додаде дека „американската доминација на Западната хемисфера никогаш повеќе нема да биде доведена во прашање“. Осврнувајќи се на Гренланд,…

Повеќе

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс денеска соопшти дека едно лице се обидело да упадне во неговиот дом во Охајо, при што биле искршени прозорците на куќата. Во моментот на инцидентот, семејството на Венс не се наоѓало во домот. Како што претходно објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на извор од органите за спроведување на законот, властите спроведуваат истрага за случајот, а едно лице е приведено. „Колку што можам да проценам, луд човек се обидел да влезе со провала, кршејќи ги прозорците. Благодарен сум на Тајната служба и на полицијата во Синсинати за брзиот одговор“, напиша Венс во објава на социјалната мрежа „Икс“.…

Повеќе

На итна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации, Кина и Русија остро го осудија американското воено дејствување во Венецуела, додека Соединетите Американски Држави го бранеа своето постапување како легална операција за спроведување на законот. Дебатата ги разоткри длабоките поделби меѓу светските сили по апсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес. Кина: САД не може да биде светски полицаец Кинескиот претставник во ОН, Фу Конг, ги обвини САД за грубо кршење на меѓународното право и принципите на суверенитет. „Како постојан член на Советот, САД ги игнорира сериозните загрижености на меѓународната заедница, безобѕирно го прекрши суверенитетот,…

Повеќе

Париски суд прогласи за виновни 10 лица за онлајн вознемирување на француската прва дама Брижит Макрон, поради објавување и споделување злонамерни коментари на социјалните мрежи во кои лажно се тврдеше дека таа е родена како маж. Осум мажи и две жени, на возраст од 41 до 60 години, меѓу кои наставник по спорт, сопственик на уметничка галерија и публицист, добија казни што се движат од задолжителна едукација за разбирање на онлајн вознемирувањето до осуммесечна условна затворска казна. На дел од осудените им е изречена и забрана за користење на социјалните мрежи на кои ги ширеле спорните содржини, пренесува „Гардијан“. Судот…

Повеќе

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта ќе учествуваат на утрешната средба во Париз на т.н. „Коалиција на подготвените“, посветена на состојбата во Украина, соопштија прес-службите на трите институции. Од НАТО информираа дека средбата ќе биде копретседавана од францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер, а по завршувањето на разговорите не се предвидени изјави за медиумите. Во соопштението на Европскиот совет е цитиран претседателот Антонио Кошта, кој оценува дека единствениот начин Русија да биде привлечена кон мировни преговори е преку зајакнување на украинската страна.…

Повеќе

Аеродромот „Схипхол“ во Амстердам откажа речиси 500 летови и беше затворен за дојдовен авионски сообраќај до пладне, поради обилните снежни врнежи. Дел од авионите беа пренасочени кон други аеродроми во регионот. Снегот предизвика сериозни проблеми и во железничкиот сообраќај, при што возовите не сообраќаат во поширокото подрачје на Амстердам. Отежнато се одвива и патниот сообраќај, со бројни доцнења и сообраќајни незгоди. Надлежните власти ги повикаа граѓаните да останат дома доколку нема итна потреба за патување, имајќи предвид дека снежните врнежи се очекува да продолжат и во наредните денови.

Повеќе

Премиерот на Велика Британија, Кир Стармер, денеска порача дека прашањето за иднината на Гренланд треба да биде одлучувано исклучиво од Гренланд и Кралството Данска. – „Да бидам сосема јасен за Гренланд, иднината на Гренланд е во рацете на Гренланд и Кралството Данска“, изјави Стармер, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со неодамнешната изјава на данската премиерка Мете Фредериксен. Фредериксен синоќа им упати порака на Соединетите Американски Држави да престанат со заканите кон, како што рече, „историски близок сојузник“. Стармер нагласи дека целосно ја поддржува позицијата на данската премиерка и дека стои на нејзина страна во однос на ова прашање.

Повеќе