Close Menu
Press24
    Најново

    Ова сите го прават на плажа, а казните во Грција можат да достигнат и до 300 евра

    10.06.2026 во 10:52

    ВИДЕО: Вака беа откриени пурите во вредност од 4.000 евра – Царината со детали за заплената

    10.06.2026 во 10:47

    Студен фронт и невреме се движат кон соседството, температурата паѓа за 15 степени: Еве кој ќе биде прв на удар

    10.06.2026 во 10:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ова сите го прават на плажа, а казните во Грција можат да достигнат и до 300 евра
    • ВИДЕО: Вака беа откриени пурите во вредност од 4.000 евра – Царината со детали за заплената
    • Студен фронт и невреме се движат кон соседството, температурата паѓа за 15 степени: Еве кој ќе биде прв на удар
    • Јавен повик за волонтери во Кабинетот на Сиљановска
    • Вртоглави цени во Европа: Еве во кои градови квадратот надминува 18.000 евра, а стан со една спална е милион
    • Апокалиптични сцени во Словенија: Силна бура активираше 50 свлечишта, штетите се во милиони евра
    • Тутунот да се третира на правилен начин – клучни препораки од СЕКЕ Прилеп
    • Град Скопје со известување до граѓаните
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ВИДЕО) Трамп одлучи: Ќе ги објави сите тајни досиеја за вонземски живот и НЛО

    (ВИДЕО) Трамп одлучи: Ќе ги објави сите тајни досиеја за вонземски живот и НЛО

    20.02.2026 во 09:572 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Американскиот претседател Доналд Трамп најави радикален потег кој со децении го бранува јавното мислење – објавување на сите тајни досиеја поврзани со вонземски живот и неидентификувани летечки објекти (НЛО). Преку својата платформа „Трут Сошал“, тој објави дека ќе им наложи на федералните оддели и агенции да ги лоцираат и јавно да ги објават сите записи за кои постои огромен интерес кај американските граѓани.

    🚨President Trump says he may declassify the alien files, Obama revealed classified information

    Doocy: “Barack Obama said aliens are real. Have you seen any evidence of non-human visitors to Earth?”

    Trump: “He gave classified information. He’s not supposed to be doing that.”… pic.twitter.com/9DbffHyVn2

    — UAP James (@UAPJames) February 19, 2026

    Трамп прецизираше дека наредбата ќе биде упатена до секретарот за војна, Пит Хегсет, како и до сите други релевантни институции, со цел да започне процесот на разоткривање на владините податоци за вонземски живот и неидентификувани воздушни феномени. Овој чекор доаѓа како одговор на долгогодишните барања за поголема транспарентност од страна на државата по ова прашање.

    Во својот препознатлив стил, републиканецот не пропушти да го критикува својот претходник Барак Обама. Трамп го обвини поранешниот претседател за невнимателно откривање на „класифицирани информации“, алудирајќи на изјавата на Обама во еден поткаст каде, веројатно на шега, потврди дека вонземјаните навистина постојат. Со оваа иницијатива, Трамп ветува дека дебатата за „посетителите од вселената“ конечно ќе добие официјален епилог преку државните архиви.

    Прочитај повеќе

    Ова сите го прават на плажа, а казните во Грција можат да достигнат и до 300 евра

    10.06.2026 во 10:52

    Студен фронт и невреме се движат кон соседството, температурата паѓа за 15 степени: Еве кој ќе биде прв на удар

    10.06.2026 во 10:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.