- Нови детали за пожарот во „Пулс“: Прскалките се активирале „на копче“
- (ВИДЕО) Тешка сообраќајка во Скопје: Полициско возило се судри со автомобил на „Востаничка“
- Оливер Миланов: Идејата за гробишта на миленици е во напредна фаза – општините треба да одлучат за локации
- АЛКАЛОИД со рекордни консолидирани продажби од 339,3 милиони евра, извоз од 221,6милион евра и со инвестиции од 18 милиони евра во периодот јануари – декември 2025 г
- Хорор ден за скопјанец: Среде бел ден му го пресекол патот со автомобил и му вперил пиштол
- Падна инспектор – му помогнал на осомничен да сокрие докази
- „Вашата внука падна по скали, има тешки повреди“ – лажен лекар дошол на врата на битолчанец и земал 10 000 евра
- Тешка сообраќајка во Штип: Двајца малолетници тешко повредени на кружен тек
Author: Author 03
Градежните активности се одвиваат во полн ек, речиси насекаде низ градот, како јасен доказ дека дадениот збор – станува дело. Со силна динамика и јасна визија, продолжуваме да ја модернизираме инфраструктурата и да создаваме услови достојни за граѓаните, објави вечерва на неговата Фејсбук страница, скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. – Во тек е втората фаза од реконструкцијата на улицата „Фрањо Клуз“, една од најважните сообраќајни артерии во општина Аеродром. По децении запоставеност, оваа улица добива нов, двослоен асфалт, нови рабници и целосно уредени тротоари. Создаваме безбеден, чист и функционален простор – и за возачите, за пешаците, но и за најмладите и…
Роднини и познаници на социјалните мрежи се простуваат од 39-годишниот Виктор Илиоски од Прилеп, кој беше пријавен за исчезнат. Во една од објавите, неговата мајка Роза Илиоска споделила тажна порака дека нејзиниот син починал. Виктор исчезнал во саботата околу 14 часот, а семејството апелираше за помош во потрагата. Неговото исчезнување во полиција го пријавил таткото, 69-годишниот Д.И., во неделата попладне.
Еврокомесарката за Медитеранот, Дубравка Шуица, ќе отпатува во Вашингтон за да присуствува како набљудувач на состанокот на Одборот за мир, формиран од американскиот претседател Доналд Трамп. Европската комисија нема да стане членка на тоа тело, изјави денеска портпаролот на Европската комисија, Гијом Мерсие. -Европската комисија нема да стане членка на Одборот за мир, но ние учествуваме на овој состанок како дел од нашата долгорочна посветеност на спроведувањето на прекинот на огнот во Газа, како и нашата улога во меѓународните напори за поддршка на реконструкцијата и повоената реконструкција во Газа, рече Мерсие, пренесен од британските медиуми. Американскиот претседател го свика инаугуративниот…
Со длабока тага Драмски театар – Скопје ја соопшти веста за смртта на актерката Ленче Делова, една од најпрепознатливите и најконтинуирани имиња во македонскиот театар, филм и телевизија. „Нејзиниот талент, топлина и насмевка ќе останат засекогаш во нашите срца и спомени. Театарот загуби уметник, а ние – пријател и прекрасен човек“, соопштија од Драмски театар, изразувајќи искрено сочувство до семејството и најблиските. Ленче Делова е родена на 15 јуни 1948 година во Скопје. Својот актерски пат го започнува како глумец-аматер во 1964 година, а од 1970 станува член на ансамблот на Драмски театар – Скопје, каде останува до пензионирањето во…
На 13.02.2026 во 20:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Петровец, скопско, околу 19:45 часот настанал пожар во куќа, сопственост на Р.Д.(39) од с.Петровец. Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
На 14.02.2026 во 20:10 часот во СВР Скопје, З.А.(60) од Скопје пријави дека на 12.02.2026 во 06:50 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар во Скопје, едно женско лице физички ја нападнало. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Со молитва, благослов и традиционално закројување на лозјата по повод празникот Свети Трифун, во кратовскиот регион симболично започна новата винска сезона. Свештеникот ги освети лозовите насади, а лозарите со првите засечени гранки ја најавија надежта за родна и успешна година. Монтеко годинава акцентот е ставен на развој и проширување. Покрај постоечкиот насад од 5,5 хектари каберне совињон, винаријата располага со над 30 нови хектари лозја со разновидни сорти вранец, со што значително се зголемуваат производствените капацитети. Паралелно со работата на лозје, винаријата активно го засилува и своето меѓународно присуство преку учество на водечки европски вински саеми. Од мала семејна винарија,…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска соопшти дека на Минхенската безбедносна конференција учествувал на тркалезната маса „Отворена врата или отворен крај? – Исполнување на ветувањата за проширување на ЕУ“, на која, како што наведе, ги претставил позициите на земјава за проширувањето на Европската Унија. Во објава на неговиот Фејсбук профил, Мицкоски наведува дека пораката, според него, е едноставна и оти на Македонија и на регионот „не им треба процес без крај, туку заслужена и предвидлива европска иднина“. Време е, вели Мицкоски, реформите и трудот на македонските граѓани да бидат соодветно вреднувани. – Денес на Минхеската безбедносна конференција учествував на тркалезната маса „Отворена…
Националното биро за борба против корупцијата на Украина (НАБУ) денеска објави дека поранешниот министер за енергетика Герман Галушченко, кој поднесе оставка лани по откривањето на голем корупциски скандал, е приведен на границата додека се обидувал да ја напушти земјата. „Денеска, истражните тела на НАБУ го приведоа поранешниот министер за енергетика како дел од операцијата Мидас додека се обидувал да ја премине границата“, се вели во соопштението на НАБУ. Операцијата Мидас, на која се осврна антикорупциското тело во своето соопштение, беше спроведена за да се истражи корупциски скандал во енергетскиот сектор на Украина во текот на изминатата година. Герман Галушченко, чие…
Трагедијата во модуларната болница во Тетово, во која животот го загубија 14 наши сограѓани, останува најцрниот симбол на начинот на кој СДС и Венко Филипче управуваа со здравствениот систем, со импровизации, со законски измени по своја мерка и со целосно занемарување на безбедносните стандарди, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. -Наместо да се подобрат условите во постојните болници и да се обезбеди сигурност за пациентите, тогашната влада на СДС по итна постапка го измени Законот за градење. Модуларните болници тогаш беа ставени во категорија „урбана опрема“, со што се заобиколија редовни постапки и контроли. Одобрението за поставување го…
