Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Падна инспектор – му помогнал на осомничен да сокрие докази

    Падна инспектор – му помогнал на осомничен да сокрие докази

    25.02.2026 во 14:082 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против Б.Б. поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „попречување на правдата“.

    Пријавениот Б.Б., на работно место помлад инспектор за малолетничка деликвенција и семејно насилство во Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кочани при СВР Штип, со намера да сокрие и уништи докази за да го отежне докажувањето на кривично дело во постапката поведена против осомничено лице, неосновано одложил извршување наредба на јавен обвинител за прибирање предмети што може да послужат како доказ во постапка пред суд или друг надлежен орган, со што го спречил, односно отежнал докажувањето на  продолжено кривично дело „измама“.

    Имено, при лишување од слобода на осомниченото лице и при неговото спроведување до полициска станица  не го одзел мобилниот телефон, со што му  овозможил да ракува со мобилен телефон, а потоа  да го изнесе од полициска станица, со што го направил овој доказ неупотреблив. Одделот за внатрешна контрола против пријавениот ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина.

    Прочитај повеќе

    11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола

    19.09.2026 во 14:53

    20-годишник прегази пешак кај Мирковци

    19.09.2026 во 13:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.