- Се наоружал па тргнал во напад: Скопјанец со пиштол и тврди предмети тепал и кршел прозорци
- Сведоштво на гитаристот Тонев за трагедијата во „Пулс“: Капеа црни капки од запалениот сунгер
- Трагедија во Скопје: Избувна пожар во куќа во Ќерамидница, сопственичката пронајдена почината
- Заев ги тужи Петрушевски и Жан Митрев за клевета: Бара вкупно еден милион денари отштета
- Божиновска: Иднината на енергијата не ја создава машината, туку луѓето
- ДУИ: Филков го изедначува албанскиот јазик со нула, Влен молчи
- Тошковски од Кисела Вода: Безбедноста на децата во сообраќајот е наш врвен приоритет
- Петрушевски: Дали СДС доброволно се пријавува да седне на обвинителна клупа заедно со Груби
Author: Author 03
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) за утре најави масовен протест кој ќе започне со блокада пред зградата на Владата. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, испрати јасна порака дека работниците повеќе нема да чекаат и дека доколку не се исполнат нивните барања, следен чекор е генерален штрајк. „Работниците се на работ на егзистенцијата. Утрешната блокада е само предупредување. Ако Владата продолжи да ги игнорира нашите барања, ќе ја парализираме целата држава со генерален штрајк“, изјави Слободан Трендафилов. Протестот е планиран да започне пред зградата на ССМ, од каде колоната ќе се упати кон Владата на РСМ. Се очекува на протестот…
Министерството за одбрана наскоро ќе објави конкурс за прием на 300 нови војници во Армијата, најави министерот за одбрана Владо Мисајловски. Во гостување на Тема на денот на Сител телевизија, тој информираше дека се очекува огласот да биде објавен по добивањето на потребната документација од Министерството за финансии, со цел приемот да започне веќе во пролетниот рок. – Кога ќе стигнат од финансиите сите потребни документи, ќе ги објавиме конкурсите, се надевам веќе во пролетниот рок што доаѓа, што повеќе луѓе да влезат, да се натпреваруваат меѓу себе и да бидат дел од Министерството за одбрана, односно од Армијата, вели…
Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ со кој Сергеј Иванов, еден од неговите најдолгогодишни соработници, се разрешува од Советот за безбедност на Руската Федерација. Одлуката е објавена на официјалниот портал за правни акти и стапува на сила веднаш. Повлекување од сите функцииОвој потег доаѓа откако претходно овој месец Иванов беше разрешен и од функцијата специјален претставник на претседателот за заштита на животната средина, екологија и транспорт. Според портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, Иванов сам поднел оставка од претходната функција цитирајќи „лични причини“. Сепак, со најновиот декрет, тој веќе нема да биде дел ниту од најмоќното безбедносно тело во државата. „Се…
Министерот за одбрана Владо Мисајловски ја поздрави иницијативата на американскиот претседател Доналд Трамп за мир во Украина, истакнувајќи дека конфликтот веќе четири години одзема животи и дека секоја можност за негово решавање е добредојдена. – Ние го поздравуваме ова што го прави американската администрација и претседателот Доналд Трамп, затоа што само со оваа иницијатива може да се стигне до мир, бидејќи веќе четири години гледаме како во Украина за жал гинат луѓе – рече Мисајловски во гостување во Топ Тема на Сител телевизија. Тој истакна дека на маргините на Минхенската безбедносна конференција имал интересна средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски, при што…
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на вечерашната средба во Општинската организација на СДСМ во Гевгелија, нагласи дека граѓаните се соочуваат со сериозна економска криза, додека власта троши пари за луксуз наместо за подобрување на животниот стандард. „Тоа ли е целта? Во време кога не сака да им зголеми плати на работниците, прават такви трошоци луксузирање на сметка на сите граѓани. Сите граѓани го плаќаат керозинот за авионот“, рече Филипче.Тој посочи дека власта нема слух за зголемување на минималната плата и упорно не ги прифаќа предлозите на СДСМ.„Ние ги премоливме, два пати поднесовме закони два пати. Ова е…
СВР Охрид ја известува јавноста дека, утре (17.02.2026 година) од 04 до 09 часот, на крајбрежјето и во водите на Охридското Езеро кај караулата во струшкото село Радожда, воена вежба ќе реализираат припадниците на македонската и белгиската армијата. При извршување на вежбовните активности, ќе биде употребена маневарска муниција поради што, апелираме до месното население на адаптирање на своите обврски и внимателност при нивното извршување како и придржување до насоките на униформираните службени лица задолжени за безбедноста на подрачјето.
Се санираат штетите во Кичево по излевањето на Зајаска Река, кое настана поради обилните врнежи од дожд. Над 60 семејства останаа без покрив над глава по вторпат месецов, повторно како последица на обилните дождови. Во спортската сала се сместени околу 250 лица, односно 63 домаќинства чии домови беа поплавени во вчерашното невреме. Сепак, овде нема соодветни услови за хигиена, а засегнатите граѓани во моментов немаат можност за капење. Градоначалникот на Кичево Александар Јовановски најави дека до крајот на денот ќе биде обезбедено соодветно решение за надминување на состојбата за одржување на лична хигиена за лицата во спортската сала. Засега не…
„Гледаме како се луксузирал премиерот, како го користел владиниот авион да оди на одмор без никаков срам. Треба да одговори на прашањето кој бил со него во авионот? Треба да одговори на прашањето зошто најавуваат купување на нов владин авион, за повторно да го користи во приватни цели за приватни патувања?“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на попладневната средба со партиското членство од општинската организација на СДСМ Гевгелија, во рамки на теренските активности на партијата. Филипче остро ја критикуваше власта за луксузирањето и негрижата за животниот стандард на граѓаните. Тој нагласи дека во време кога граѓаните се соочуваат со…
По повод големиот јубилеј 60 години постоење и дејност на Факултетот за музичка уметност, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги прими деканката проф. м-р Дарија Андовска, продеканката за настава и наука, проф. д-р Соња Здравкова-Џепаровска и продеканката за концертна дејност, вонр. проф. м-р Марија Вршкова. За деканката Андовска успехот на факултетот е резултат на големото музичко знаење, љубов, креативност, труд и посветеност на повеќето генерации наставен кадар. Јубилејот добива на тежина и значење заради фактот дека за релативно кусо време, вработените постигнале далеку поголеми резултати од факултетите, односно музичките академии од регионот, стари и по стотина години. Честитајќи им го роденденот, претседателката…
По долготраен судски процес, канадски црковен службеник ја призна вината за сексуално злоставување на малолетно лице, случај кој повторно ги отвори дебатите за безбедноста на децата во верските институции. Признанието доаѓа по низа докази кои го принудија обвинетиот да ја прифати одговорноста за делата извршени пред неколку години. Детали за случајот Според информациите од истрагата, злоупотребата се случувала во период кога жртвата била на ранлива возраст, а сторителот ја користел својата позиција на доверба и авторитет во рамките на црковната заедница. Иако одбраната се обидуваше да издејствува поблага казна, признанието на вината сега го отвора патот за изрекување на пресуда…
