Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Луѓето не можат крај со крај да врзат, 600 евра минимална плата не е луксуз

    Филипче: Луѓето не можат крај со крај да врзат, 600 евра минимална плата не е луксуз

    16.02.2026 во 21:172 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на вечерашната средба во Општинската организација на СДСМ во Гевгелија, нагласи дека граѓаните се соочуваат со сериозна економска криза, додека власта троши пари  за луксуз наместо за подобрување на животниот стандард.

    „Тоа ли е целта? Во време кога не сака да им зголеми плати на работниците, прават такви трошоци луксузирање на сметка на сите граѓани. Сите граѓани го плаќаат керозинот за авионот“, рече Филипче.
    Тој посочи дека власта нема слух за зголемување на минималната плата и упорно не ги прифаќа предлозите на СДСМ.
    „Ние ги премоливме, два пати поднесовме закони два пати. Ова е втор пат како го поднесуваме Законот за минималната плата. Луѓето не можат крај со крај да врзат. 600 евра минимална плата не е луксуз. Со таа плата не можат да се задоволат основните потреби. Колку е сметка за струја, колку е потрошувачката кошничка – луѓето не можат да преживеат. Нема слух“, рече Филипче.
    На средбата Филипче нагласи дека лошата економска состојба, нефункционалноста на владата
    ќе доведат до политичка разврска


    „Ниту ќе има буџет, ниту ќе имаат пари да поделат плати. Ќе удрат во ѕид, сите врати насекаде им се затворени. Сите овие години и пол од изборите 2024, поради тоа што сум прилично сигурен дека и вие гледате, како што гледа секој еден граѓанин, дека работата со оваа влада не оди“, рече Филипче.
    Тој додаде дека владата нема ниту визија ниту политики во интерес на граѓаните и државата

    „Ниту имаат желба, ниту имаат визија. Сѐ им е лага, сѐ им е лажна кампања, купи ден продај, задолжувања. Никаква политика во интерес на државата или на граѓаните. И колку и да лесно им помина лагата 2024 година, дека ние сме предавници, дека ние ги продаваме националните интереси, дека ние зборуваме само за Европа, луѓето сега веќе се разбудија. Сфаќаат дека сме биле на вистинскиот пат, вистинскиот пат, секогаш“, рече Филипче.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.