Author: Author 03

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода осум возачи, од кои седум за возење без возачка дозвола и еден со забрана за управување возило од Б категорија и под дејство на алкохол. Двајца возачи во Скопје и по еден возач во Прилеп, Неготино, Тетово, Кочани и Делчево управувале возило без возачка дозвола. Додека еден возач во Виница управувал возило иако имале мерка забрана за управување моторно возило од Б категорија и под дејство на алкохол. Лицата се приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични…

Повеќе

Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража и обратно е воведена поради обилни врнежи од снег. Како што соопшти ЈП „Македонијапат“, забраната е воведена од 17 часот.

Повеќе

Екс министерот за европски прашања Орхан Муртезани ќе биде нов македонски амбасадор во седиштето на НАТО во Брисел, пренесува Сител. Тој е еден од деветемина нови амбасадори чии имиња поминале на денешната владина седница. Како што дознава Сител од свои извори, нов амбасадор во Лондон ќе биде Илина Мангова која зад себе има богата кариера во невладиниот сектор како дел од раководството на Меѓунароодниот републикански институт ИРИ. Останатите амбасадорски имиња се дипломати од кариера кои со години работеле во МНР. Меѓу нив е и Линда Салиеска Иљазоска која во моментов е дел од кабинетот на министерот Муцунски. Таа зад себе…

Повеќе

Ниту од Владата ниту од ВМРО-ОКГ нема одговор зошто Мицкоски одел на море со владиниот авион, велат попладнево од СДСМ. „Нема одговор кој бил со Мицкоски. Нема одговор ниту колку тоа луксузирање на Мицкоски врз грбот на народот ги чини граѓаните. Дефокусот со некакви споредби за хеликоптер во време на пандемијата е очаен, никогаш не се случило министер или премиер од редовите на СДСМ да оди море со владиниот авион. Кога постои држава со домаќинска политика, се знае како и за што се користат државните ресурси. А кога државата се гледа како приватен бизнис, како што Мицкоски ја гледа, тогаш…

Повеќе

Службениците од Шумската полиција од Прилеп спроведоа координирана акција на терен на локалитетот „Пештера“, меѓу селата Оревоец и Крстец, при што открија повеќе случаи на нелегален транспорт и бесправна сеча на дрва. Вчера во 18:30 часот, на посочената локација биле затекнати четири запрежни возила – шпедитери, натоварени со околу четири кубни метри дабови огревни дрва. Според информациите од Шумската полиција, дрвата биле нежигосани и необележани за сеча, поради што веднаш биле одземени и предадени на ПШС „Црн Бор“ – Прилеп. Против лицата кои го вршеле транспортот ќе бидат поднесени соодветни пријави. Подоцна, околу 19:30 часот, на истото подрачје биле затекнати…

Повеќе

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за продолжено кривично дело – Затајување согласно член 239 став 5 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. – Осомничениот 35-годишник ја злоупотребил својата службена положба – менаџер на продавница во трговски центар во Чаир, како и дадената доверба и пристапот до касите и сефот, па во периодот од 18.12.2025 година до 04.02.2026 година, во повеќе наврати одземал парични средства што му биле доверени. Парите од дневниот промет не ги депонирал во сеф ниту ги предавал на овластено лице за собирање и транспорт на прометот. На овој…

Повеќе

Пет хороскопски знаци ги очекува многу поволен период од 16 до 22 февруари. Новата недела носи можност за самооткривање и ни помага да растеме и да се развиваме за време на сезоната на затемнувања. Затемнувањето на сонцето во Водолија на 17 февруари ја менува нашата перспектива, додека Месечината во Риби носи многу потребна надеж. Сезоната на Риби започнува веќе следниот ден, што, со групирањето на планетите во тој воден знак, ќе создаде речиси магично искуство. Месечината во Овен на 19 февруари ќе ни помогне да ги прошириме нашите визии, а со поддршката на Сатурн во истиот знак, ова не е…

Повеќе

Украинскиот претседател Володимир Зеленски упати драматично предупредување до нацијата и меѓународната јавност дека Русија се подготвува за нов бран масовни воздушни напади. Според разузнавачките податоци, главна мета на руските ракети и дронови повторно ќе биде критичната енергетска инфраструктура, со цел да се предизвика целосен колапс на системот во екот на зимата. Енергетското примирје е минато Иако претходно имаше најави за привремено запирање на нападите врз енергетските објекти (т.н. „енергетско примирје“ по иницијатива на САД), Зеленски нагласи дека Русија веќе ги прекршила договорите. Само во изминатиов период беа регистрирани напади со стотици дронови и десетици ракети насочени кон производствените капацитети и…

Повеќе

Процесот за спојување на коалицијата за Вреди во една партија отвори дилеми во рамките на внатрешните структури, но не само околу прашањето за лидерството. Главната дебата се чини дека се префрлила на принципите на функционирање и поделбата на моќта меѓу четирите составни субјекти. Вицепремиерот Арбен Фетаи во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21 нагласува дека еднаквоста меѓу четирите партии е фундаментален принцип, објаснувајќи дека „делот на ВЛЕН е поделен на четири четвртини“. Постојат неколку принципи. Првиот е еднаквоста на четирите субјекти, како што знаете, уделот на Влен е поделен на четири четвртини. И ова е основен принцип за мене, ова…

Повеќе

Таканаречените „досиеја на Епстин“, кои неодамна ги објави американското Министерство за правда, содржат вознемирувачки и веродостојни докази за систематско и обемно сексуално злоставување, трговија со луѓе и експлоатација на жени и девојчиња, кои можат да бидат карактеризирани како злосторства против човештвото, соопштија денеска експерти на ОН. Како што наведуваат, овие дела би можеле да се сметаат за сексуално ропство, репродуктивно насилство, присилно исчезнување, мачење, нехумано и понижувачко постапување и фемицид. „Овие злосторства се извршени во контекст на супрематистички верувања, расизам, корупција, екстремна мизогинија и комодификација и дехуманизација на жени и девојчиња од различни делови на светот“, наведоа експертите на ОН…

Повеќе