- Филипче: Мицкоски спинува за бојкотот на СДСМ, тој ќе биде запаметен како фуснота во историјата
- Сиљановска-Давкова од Криволак: „Блесок 26“ е доказ дека нашата Армија е кредибилен НАТО партнер
- Филипче: Владата ја водат луѓе со резервна татковина, не може веќе да им се верува
- Што донесе посетата на иранската делегација на Москва?
- Маратонска седница и отфрлени амандмани: Жестока дебата за Законот за минерални суровини
- ВРЕДИ: Иницијативата на ДУИ за уставни измени е пародија, остануваме фокусирани на реформите
- Иран е подготвен да ја отвори Ормуската Теснина под еден услов
- Јаневска за врсничкото насилство: Клучна улога имаат родителите, институциите не можат сами
Author: Author 03
Сејф сити им донесе проблеми на приватните превозници. Во услови на густ сообраќај и без посебни жолти ленти, автобусите тешко се движат низ градот, а камерите ги казнуваат дури и кога поради должината на возилото не успеваат навреме да поминат на зелено светло. Тоа ги чини 250 евра олеснување на паричникот, но и одземање на возачката дозвола. „Голем е сообраќајниот метеж. Имаме чекање многу, автобусите не може да стигнат од точка А до точка Б навремено. Посебно имаме пробелм на сообраќајниците каде што, кога имате знаете, сообраќаен метеж, семафорот трепка зелено неколку секунди, автобусот е долг тој додека да помине…
На 08.02.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода М.Г.(25) и А.К.(27), двајцата од Скопје и В.С.(40) од Тетово, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и нож. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.
Сериозен инцидент е регистриран во училиште во Приштина, каде дошло до физичка пресметка меѓу професор и ученик. Настанот предизвика вознемиреност кај јавноста и родителите, пренесува Bulevar.mk. Видеото може да го погледнете ТУКА
Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) одржаа работен состанок со претставници на Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), на кој беше потврдена подготвеноста за продолжување и продлабочување на соработката во рамки на програмата „Поддршка на изборите во Северна Македонија“. Од страна на директорката на Канцеларијата во Република Северна Македонија, Јоана Косма, беше истакнато дека соработката со ДИК преку проектот на Владата на Швајцарија, „Програма за поддршка на изборите во Северна Македонија“, досега резултирала со конкретни и мерливи постигнувања, особено во делот на развојот на ИТ-решенија, јакнењето на институционалните капацитети, унапредувањето на изборните процеси и зголемена доверба на граѓаните во истите. Претседателот на Државната изборна комисија,…
Населението на Турција се зголеми за 427.224 луѓе во 2025 година и сега надминува 86,9 милиони жители. Ова го покажуваат најновите податоци за демографската слика во земјата, објавени од Турскиот институт за статистика (TÜİK), врз основа на системот за регистрација на адреси. Според официјалната статистика, мажите сочинуваат 50,02 проценти од вкупното население, додека жените се застапени со 49,98 проценти. Во бројки, тоа значи дека во земјата има 26.700 повеќе мажи отколку жени. Истовремено, забележан е пораст и на бројот на странци кои ја избрале Турција за свој дом. Во 2025 година нивниот број се зголемил за 38.968 лица, со што…
Првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, се сретна со амбасадорот на Албанија, Денион Мејдани. За време на средбата, првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, оствари конструктивен разговор со амбасадорот на Република Албанија во Република Северна Македонија, Денион Мејдани, при што се разговараше за зајакнување на билатералните односи и унапредување на соработката меѓу двете земји. Посебен фокус на разговорот беше ставен на проектот „One Stop Shop“, кој претставува значаен чекор кон олеснување на движењето на граѓаните и стоките, како и кон зголемување на економската и трговската соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија. Двете страни позитивно ја оценија имплементацијата на…
Четворица слушатели на курсот за професионални војници во касарната во Велес се со потврдена дијагноза на шуга. Тие се во добра општа состојба и се наоѓаат на домашно лекување. Од Армијата информираат дека се преземени сите неопходни мерки и дека состојбата внимателно се следи кај сите слушатели присутни на курсот. Потполковник Лариса Оранска, епидемиолог во Воено медицински центар (ВМЦ), информираше дека првиот случај бил пријавен минатиот четврток. -Во четвртокот минатата недела беше пријавен и забележан првиот случај од ова заразно заболување. Веднаш заминав на терен после јавувањето и беа преземени сите потребни превентивни мерки, изјави Оранска. Таа појасни дека првично…
Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков денеска учествуваше на настанот „Европските можности и политики за поддршка на жените во net-zero вештини и кариери” кој се одржа во Europe House. Таа зборуваше за конкретните чекори за поддршка на жените во нивните кариери. Заменик-министерката порача дека ЕУ интеграцијата не е само политика — тоа е вештини, инвестиции и можности за граѓаните.“ „Erasmus+Horizon Europe не се само програми на хартија. Тие се реална можност со којашто се отвора простор за се повеќе жени истражувачки, иноваторки, можност за оние коишто ќе одлучат да ги докажат своите способности во области како обновлива енергија, паметни мрежи…
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, на работен состанок со директорите на националните паркови Пелистер, Маврово, Галичица и Шар Планина, ја потврди силната и континуирана поддршка на Министерството за нивниот развој, заштита на прирдоните вредности и одржливо управување. „Со особено задоволство можам да истакнам дека и во 2026 година, Министерството во својот Буџет обезбеди наменски средства за понатамошен активности за заштита и промоција на националните паркови, што претставува јасен сигнал за долгорочната посветеност на државата кон заштитата на природата и одржливиот развој“, истакна министерот Хоџа. На средбата беше нагласено дека националните паркови се клучен столб во заштитата…
Заменик претседателот на Владата и министерот за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, Зоран Миљаниќ. На средбата се разговараше за актуелните состојби во двете земји, притоа акцент се стави за можноста за воспоставување на нови авиолинии и подобро поврзување на врските меѓу двете земји. Вицепремиерот го запозна амбасадорот Миљаниќ со инфраструктурните проекти како и со реформските процеси што се спроведуваат во насока на исполнување на европската агенда, притоа беше истакната силната инвестициска активност во изградба и модернизација на меѓународните коридори, кои имаат силно влијание врз регионалниот развој и соработка. На средбата се…
