Author: Author 03

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на Државниот завод за ревизија, предводени од помошничката на главниот државен ревизор, Катерина Чалоска Алексова, кои вршат ревизија на успешноста на тема „Жени лидери – жени во политиката, парламентот, на раководни функции во органи на централната власт “ за периодот од 2020-2025 година. Сиљановска-Давкова ги поздрави резвизорските активности за унапредување на родовата еднаквост преку поголема транспарентност и отчетност на институциите. Според неа, ревизијата овозможува објективно утврдување на состојбите, како предуслов за изготвување квалитетни и издржани препораки за добро управување. Претседателката посочи дека во нејзиниот Кабинет мнозинството вработени и на раководни позиции, се жени. Во…

Повеќе

Добар ден од Брисел, ве поздравувам од името на ВМРО-ДПМНЕ, два дена сме овде во Брисел да ја одбележиме 50 годишнината од формирањето на Европската народна партија, најголемата политичка сила во демократска Европа, чиј што нераскинлив дел претставува и ВМРО-ДПМНЕ, најголемата политичка партија во Македонија. Овие два дена покрај официјалната прослава ќе имаме и Самит на лидери, на претседатели на политички партии, кои се дел од семејството на Европската народна партија, ќе разговараме за економската перспектива на европскиот континент, се разбира ќе разговараме за глобалните предизвици, војната во Украина, војната во заливот, во Иран, но исто така ќе зборуваме и…

Повеќе

Министерот за здравство, Азир Алиу и деканот на Факултетот за информатички и комуникациски технологии, проф. д-р Благој Ристевски потпишаа заеднички Меморандум за соработка меѓу Министерство за здравство и Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола. – Водени од потребата за меѓусебна координација и партнерство, ја продлабочуваме соработката со цел поефикасно спроведување на законски утврдените обврски. Овој чин претставува јасна потврда на нашата заедничка определба за институционална соработка и на заедничката визија за модерен, ефикасен и одржлив здравствен систем. Убеден сум дека ова партнерство ќе донесе конкретни резултати – подобро едуцирани кадри, иновативни решенија и поефикасен здравствен систем во служба на граѓаните, изјави…

Повеќе

Американскиот претседател Доналд Трамп упати директна критика до сојузниците, нагласувајќи дека Соединетите Држави не мора вечно да бидат главниот гарант за безбедноста во Ормускиот Теснец. Преку својата платформа „Truth Social“, Трамп изрази незадоволство од, како што вели, „недоволниот ентузијазам“ на земјите кои се најмногу зависни од овој воден пат за нивниот увоз на енергенси. Трамп посочи дека додека САД воено и економски го притискаат Иран, државите кои всушност го користат теснецот за транспорт на нафта треба да преземат поголема одговорност и да испратат свои воени бродови. Тој дури навести дека Вашингтон би можел да го намали своето присуство, оставајќи ги…

Повеќе

Официјален Вашингтон соопшти дека по серија дипломатски разговори, Кина прифатила да ја одложи планираната посета на претседателот Доналд Трамп на Пекинг. Одлуката доаѓа во период на интензивни преговори меѓу двете светски сили, а како што се наведува, целта е да се обезбеди „соодветна подготовка и постигнување конкретни резултати“ од средбата на највисоко ниво. Иако првично посетата беше планирана како дел од пошироката азиска турнеја, двете страни се согласија дека во моментов е поцелисходно да се фокусираат на усогласување на ставовите околу клучните трговски и безбедносни прашања. Белата куќа нагласи дека ова одложување не значи затегнување на односите, туку заедничка желба…

Повеќе

Членките на НАТО алијансата започнаа сериозни дискусии околу безбедносната состојба и потенцијалното повторно целосно обезбедување на преминот низ Ормускиот Теснец. Овој воден пат, кој се смета за една од најкритичните точки во светот за транспорт на нафта и гас, е во фокусот на меѓународната заедница поради зголемените тензии во регионот. Целта на овие разговори е да се обезбеди непречена пловидба на трговските бродови, со оглед на тоа што секој прекин во овој регион би предизвикал драстичен скок на цените на енергенсите на глобално ниво. Алијансата разгледува зајакнување на поморското присуство и координација со регионалните партнери за да се спречат евентуални…

Повеќе

Страшна несреќа го потресе познатиот швајцарски скијачки центар откако гондола на жичарница падна од голема височина. Според првичните информации од локалните власти, во несреќата едно лице го загуби животот, додека неколку други се здобиле со повреди. Инцидентот се случил за време на редовно одржување или технички дефект, при што кабината се откачила од носечката сајла. Спасувачките екипи веднаш излегле на терен со хеликоптери за да ги евакуираат преостанатите патници кои останале заробени во другите кабини на линијата. Полицијата веднаш започна истрага за да се утврдат точните причини за овој трагичен настан. Од менаџментот на скијачкиот центар во првичната изјава велат:…

Повеќе

Русија, Кина и Иран ги претставуваат најголемите закани за Шведска, соопшти денеска Шведската безбедносна служба (САПО) во својот годишен извештај за заканите по земјата. Безбедносната полиција во последните години предупредуваше на растечките закани, пред сè од Русија, која презема сè повеќе хибридни напади низ Европа покрај војната во Украина. Иран, исто така, долго време е означен како сериозна закана, а властите забележаа дека криминалните мрежи во Шведска, која во последните 10 години се бори со бран криминал поврзан со банди, биле користени од државни актери за одредени насилни дела. „Американско-израелската воена операција против Иран и контрамерките што ги спроведе Иран…

Повеќе

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари протоколарна средба со амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, Зоран Миљаниќ. На средбата беше истакната заедничката заложба за продлабочување на билатералната соработка со Министерството за јавна администрација на Црна Гора, со посебен акцент на реформите во јавната администрација и развојот на административните капацитети. Соговорниците нагласија дека постои значителен потенцијал за унапредување на партнерството во области кои директно придонесуваат кон модернизација, ефикасност и квалитет на јавните услуги. Во тој контекст, беше разговарано за можностите за развој на заеднички иницијативи насочени кон поттикнување иновации во јавниот сектор, размена на искуства и добри практики, како…

Повеќе

Ацо Ристов, дипломиран електроинженер со долгогодишно раководно искуство во секторите енергетика, хидроенергија, водоснабдување, третман на води, рударство и инфраструктурни системи е предлог за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика по оставката на досегашниот претседател Марко Бислимоски. Ристов денеска со седум гласа „за“, два „против“ и ниту еден глас воздржан беше изгласан од членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. Предлогот Ристов да биде нов претседател на РКЕ треба да биде изгласан на пленарна седница. Ристов, кој по потекло е од Радовиш, во периодот од ноември 2021 година до октомври 2025 година, ја извршувал и функцијата градоначалник…

Повеќе