- На ова место во Грција лежалките не се наплаќаат
- Холивудски луксуз: Гардероберот на Данијела Димитровска чини колку стан
- Потрес во Даунинг стрит: Министерот си замина, Стармер уверува дека државата е безбедна
- Меџити: Поддршката за бизнисите е инвестиција во економскиот развој и новите работни места
- Герасимовски во Капиштец: Податоците за бучавата ќе бидат јавно достапни онлајн на веб страницата на Општина Центар
- ВИДЕО: Протест во Капиштец – На буката одговараме со бука
- Калас: Враќањето кон целосна војна со Иран ќе има исклучително висока цена за целиот регион
- Со 59 гласа ЗА и 9 против помина предлог законот за игрите на среќа: Нема веќе казина близу училишта
Author: Author 03
Зголемената телесна тежина претставува сериозен здравствен проблем и има загрижувачки тренд на пораст во светот и кај нас, кој посебно ги засега децата и адолесцентите. Статистичките податоци покажуваат дека во нашата држава преваленцата на обезноста изнесува 30–35 проценти. Во таа насока, е посебно значајно функционирањето на центрите за третман на дебелина на Клиниката за ендокринологија и во ГОБ „8 Септември“. Неделава е во охридската болница е отворен првиот центар за менаџирање на дебелина во југозападниот регион. Станува збор за сериозна хронична болест поврзана со над 200 коморбидитети, вклучително кардиоваскуларни заболувања, дијабетес тип 2 и други состојби и затоа е посебно значаен…
Поради конфликтот на Блискиот Исток, можно е ограничено влијание врз дел од дестинациите од домашните аеродроми, но засега не се очекуваат поголеми нарушувања во авиосообраќајот, информираат од ТАВ Македонија за МИА. Оттаму посочуваат дека во моментов единствена промена е одлуката на Виз ер да ја прекине редовната авиолинија Скопје – Ларнака од 13 април, која во иднина ќе функционира како сезонска линија во летниот период. Во пресрет на летниот ред на летање, од ТАВ очекуваат продолжување на позитивниот тренд, по успешната 2025 година и силната зимска сезона, со раст на бројот на патници и проширување на мрежата на дестинации. Конфликтот…
Јавното претпријатие „Македонијапат“ информира дека утрово во Стојмирово има врнежи од снег со дожд, но тие не се задржуваат на коловозот. На останатите државни патишта низ земјата, сообраќајот се одвива непречено, иако на одредени делници коловозите се наместа влажни. Сите патни правци се проодни, но од „Македонијапат“ апелираат на внимателно возење, особено на патиштата што минуваат низ клисури, каде што постои можност за појава на поситни одрони. Според најавите на синоптичарите, денеска времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд со послаб интензитет, како и услови за ретки и изолирани грмежи. На повисоките места врнежите ќе бидат од…
Некогаш големата и државотворна партија СДС, поради лошите, предавнички и поданички политики се сведе на eдвај 130 илјади гласа, реагираат утрово од ВМРО-ДПМНЕ преку писмено соопштение испратено до медиумите. Освен што СДС, кога беше на власт спроведуваа антидржавна политика, сега од опозиција, по насока на Венко Филипче, Зоран Заев и Башановиќ продолжуваат со промовирање на таквата политика. Благодарение на таквиот сервилен однос кон туѓите интереси на штета на државните, само и само Заев да остане на власт или, пак, сега Филипче да ја задржи претседателската фотелја, СДС ја турнаа во ќорсокак и ја претворија во прокси партија. И сето ова се…
Последното истражување на јавното мислење на МКД.мк и агенцијата Маркет вижн за рејтинзите на политичките партии и нивните лидери, спроведено од 2 до 18 март, покажува дека граѓаните и натаму најголема доверба имаат во ВМРО-ДПМНЕ и во лидерот на оваа партија Христијан Мицкоски. Владеачката партија е веќе безмалку две години на власт, исто толку и Мицкоски е македонски премиер, но нивниот рејтинг и натаму е висок во споредба со опозицијата. Вкупниот резултат на сите претседатели на македонските политички партии е помал од бројката за довербата што ја има лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. На прашањето во кој лидер на политичка партија имате…
Значаен чекор кон зајакнување на образованието беше направен во Општина Чаир, каде што беа доделени 13 решенија за трајно вработување на 13 наставници, кои претходно беа ангажирани со договор на дело. Во салата на општината, во присуство на наставници, директори и корисници, активноста се реализираше со присуство на градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, одразувајќи го институционалниот ангажман за создавање постабилни услови во секторот на образованието. „Образованието останува континуиран приоритет за Општина Чаир. Со овие решенија обезбедуваме стабилност за наставниот кадар и градиме поодржлив систем, во функција на квалитетот на образованието и иднината на младите генерации,“ истакна градоначалникот на Општина…
На сите им се случува да погрешат, но не сите подеднакво лесно го признаваат тоа. Кај некои луѓе, дури и кога ситуацијата е сосема јасна, потребата да останат доследни на својот став е посилна од подготвеноста да кажат дека згрешиле. Наместо признание, тие почесто се обидуваат да го одбранат својот став до крај или да ја насочат приказната во своја корист. Таквото однесување најчесто произлегува од гордост, потреба за контрола или страв од губење авторитет, а во секојдневните односи може да создаде тензии, особено кога недостига подготвеност за компромис. Според астрологијата, овие особини почесто се поврзуваат со луѓето родени во…
Специјалниот пратеник на САД за Блискиот Исток, Стивен Виткоф, упати сериозно предупредување до меѓународната заедница во врска со нуклеарните амбиции на Иран и моменталната воена криза. Според него, светот не смее да ја повтори истата грешка што ја направи со Пјонгјанг, дозволувајќи му на Техеран да стане нуклеарна закана со која нема враќање. „Времето за дипломатски игри истекува“ Говорејќи за американската стратегија, Виткоф нагласи дека сегашната администрација нема намера да гледа отстрана додека Иран ја дестабилизира глобалната безбедност и ги загрозува енергетските патишта. „Не смееме да имаме уште една нова Северна Кореја на Блискиот Исток. Тоа е црвената линија која…
Тензиите на Блискиот Исток достигнаа нова точка на вриење откако Иран ги интензивираше воените дејствија врз соседните заливски држави. Додека дипломатските претставници се обидуваат да најдат решение во Париз, теренот зборува за поинаква реалност – директни напади и загрозување на регионалната безбедност. Цел на нападите: Саудиска Арабија и ОАЕ Според последните извештаи, иранските сили извршиле серија напади со беспилотни летала и проектили насочени кон клучна инфраструктура во Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати. Овие напади се толкуваат како обид на Техеран да изврши притисок врз сојузниците на САД во регионот. Контрола врз Ормускиот теснец Иран продолжува цврсто да го држи…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во гостувањето во емисијата „Топ Тема“ на Телма, истакна дека партнерството со Соединетите Американски Држави претставува стратешко партнерство од клучно значење за државата. Тој најави дека на 7 април Република Македонија ќе одржи сесија на Стратешкиот дијалог во Вашингтон. -Ќе бидеме прва земја во Европа која во рамки на оваа администрација ќе има сесија на стратешки дијалог во Вашингтон, истакна министерот Муцунски. Министерот информираше дека делегацијата која ќе патува во Соединетите Американски Држави ќе биде предводена од него, како шеф на делегацијата, а во неа ќе бидат вклучени и министрите за…
