- На ова место во Грција лежалките не се наплаќаат
- Холивудски луксуз: Гардероберот на Данијела Димитровска чини колку стан
- Потрес во Даунинг стрит: Министерот си замина, Стармер уверува дека државата е безбедна
- Меџити: Поддршката за бизнисите е инвестиција во економскиот развој и новите работни места
- Герасимовски во Капиштец: Податоците за бучавата ќе бидат јавно достапни онлајн на веб страницата на Општина Центар
- ВИДЕО: Протест во Капиштец – На буката одговараме со бука
- Калас: Враќањето кон целосна војна со Иран ќе има исклучително висока цена за целиот регион
- Со 59 гласа ЗА и 9 против помина предлог законот за игрите на среќа: Нема веќе казина близу училишта
Author: Author 03
Политичарите мора да се фокусираат на енергијата и на вештачката интелигенција затоа што тоа е иднината на светот. Политичарите кои зборуваат за романтични идеи од минатото длеуваат интересно само за мала група луѓе, порача премиерот Христијан Мицкоски денеска од настанот „Youth Vision 2030: Western Balkans, Stability & AI in Education“ што се одржува во Скопје. -Политичарите кои зборуваат за романтични идеи од минатото можеби делуваат интересно привлечни за мала група луѓе, но идните политичари мора да имаат предзнаење за вештачката интелигенција и енергијата бидејќи тоа се предизвиците во иднина. Романтичните идеи се за минатото, а ако сакаме да ги развиваме…
Летното сметање на времето почнува ноќеска во 02:00 часот кога стрелките на часовникот ќе се поместат еден час напред и наместо 02:00 часот ќе биде 03:00 часот. Тоа значи дека наредната ноќ ќе спиеме еден час помалку, но ќе имаме подолги денови и повеќе дневна светлина попладне. Промената на времето кај нас, како и во повеќето европски земји, се случува двапати во годината, и тоа последниот викенд во март кога почнува летното сметање на времето и последниот викенд во октомври кога почнува зимското сметање на времето. Годинава, летното сметање на времето ќе трае до 25 октомври во 3 часот по…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува во понеделник бензините да поевтинат за два денара, а дизелот евентуално да се зголеми за половина денар. Во изјава за медиумите, Мицкоски денеска рече дека мерката за намалување на ДДВ-то за горива го дава очекуваниот резултат. – Многу внимателно ја следиме состојата со цената на нафтата на светските берзи. Врз основа на нашите пресметки очекуваме во понеделник за околу два денари намалување на цената на бензините и иста цена или за половина денар повисока цена на дизелот така што намалувањето на ДДВ-то директно имплицира позитивен ефект, рече Мицкоски за медиумите по настанот „Youth Vision 2030: Western…
Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека по третпат во последните 10 дена е извршен напад во областа на нуклеарната централа Бушер во Иран. Агенцијата на ОН доцна синоќа на платформата Икс, повикувајќи се на ирански информации, наведе дека нема извештаи за оштетување на оперативниот реактор ниту за истекување радијација. Генералниот директор Рафаел Гроси повика на „максимална воена воздржаност за да се избегне ризик од нуклеарна несреќа“. Иран претходно оваа и минатата недела пријави удари со проектили во комплексот Бушер. И во двата случаи немаше штета на објектот ниту жртви. Нуклеарната централа Бушер, единствена во Иран, се наоѓа на…
Тука сме пред Јавното обвинителство, затоа што скандалот на почетокот на мандатот на новиот јавен обвинител е сеиозен аларм за она што се случува. Јавниот обвинител требаше да биде независен. Требаше да биде гарант на правдата. Како што рековме, не сме сигурни кога станува збор за изборот на Мицкоски, без оглед на биографијата. Еве, не ни почна со работа, а веќе имаме скандал. Мандатот на Ненад Савески започна со одлука да ја предложи Јасмина Костеска-Здравеска за Шеф на Вишото јавно обвинителство, изјави денеска пред медиумите Саша Димитријевиќ, генерален секретар на СДСМ. Името на Костеска-Здравеска не е непознато. Таа се споменуваше…
Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, денес во одговор на новинарско прашање во врска со анкетите, каде според бројките ВМРО-ДПМНЕ има убедливо водство пред останатите политички партии, истакна дека Владата прави се што е во нивна моќ да испорача резултати, и покрај, како што вели тој, катастрофалната состојба наследена од претходната влада. Тој додава дека бројките од анкетите, значат дополнителна мотивација за работа, иако опозицијата испраќа погрешни и навредувачки пораки. ,,Како ВМРО-ДПМНЕ и како Влада правиме се што е во наша моќ да испорачаме, и јас лично што е можно повеќе за граѓаните. За жал, состојбата коа што ја наследивме од…
Сергеј Попов, претседател на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот настан под мотото „Youth Vision 2030: Western Balkans, Stability & AI in Education“, говореше за процесот на европска интеграција, за што истакна дека истата е неопходна, но мора да се темели на вистински реформи, функционални институции како и владеење на правото. Попов вели дека Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ е посветена на кредибилен и одговорен пристап. ,,За земји како нашата, европскиот пат не е прашање на политичка мода, туку стратешка неопходност. Сепак, овој пат мора да се базира на кредибилитет. Реформите мора да бидат реални, институциите мора…
„Актуелните конфликти во светот покажуваат дека светскиот поредок, каков што долго време постоеше, е во процес на распаѓање. ЕУ често во поглед на надворешната политика тешко донесува одлуки, затоа што земјите‑членки понекогаш имаат различни интереси“, даде изјава Даниел Браун, официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер, во рамки на настанот под мотото „Youth Vision 2030: Western Balkans, Stability & AI in Education“, во организација на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Студентската организација на ЕПП и фондацијата Конрад Аденауер. Браун нагласи дека актуелните конфликти во светот покажуваат дека светскиот поредок, каков што долго време постоеше е во процес на распаѓање. Тој додаде дека во…
Огромно задоволство на граѓаните, дојдовме до реалната анкета на ВМРО-ОКГ! Дојдовме до вистинските резултати од анкетата што ја правела ВМРО-ОКГ. Во анкетата, најголема доверба кај граѓаните има Христијан Мицкоски поради целосно исполнување на сите предизборни ветувања, како што е враќањето на името! Еве што покажува анкетата. Пазарниот барометар, односно покачувањето на цените е директно врзано со покачување на рејтингот на Мицкоски. Кога ПИПЕРКАТА во маркетите се покачила на 300 денари – на Христијан Мицкоски му се покачил рејтингот на 25,2%, реагираат од СДСМ. Кога ЈАЈЦА се покачиле на 300 денари –ВМРО-ОКГ веднаш им пораснал рејтингот за 24%. Кога ДИЗЕЛОТ трет…
Граѓаните на Србија се длабоко поделени кога станува збор за членството во Европска Унија, покажуваат најновите истражувања на јавното мислење. Според анкетите, околу 40 проценти од граѓаните ја поддржуваат идејата за влез на Србија во ЕУ. Од друга страна, приближно 30 проценти се против, додека околу 25 проценти немаат јасен став по ова прашање. Дополнително, дел од испитаниците сметаат дека Србија нема да стане членка на ЕУ во догледна иднина, што укажува на намалена доверба во процесот на евроинтеграција. Анализите покажуваат дека поддршката е поголема кај помладите и повисоко образованите граѓани, додека кај постарата популација значително опаѓа. Граѓаните кои ја…
